Македонски народни приказни

  • Креатор на темата Креатор на темата deXterche
  • Време на започнување Време на започнување
Не ми се допаѓаат воопшто новиве народни приказни. Музиката е многу лоша. Глумата уште полоша. Некако актериве не се соживеани со улогите кои ги имаат, а и целата сценографија на моменти не е усогласена со временскиот период кој е претставен.
Кога овие би ги споредил со оние старите во кои Колозов секогаш беше крал, би морал да кажам дека новиве се тотална утка.
Дури не ни носат некоја порака во себе.
 
Почнаа и новите приказни на Сител, тие се пак уште погрди отколку на А1,
тука http://365.com.mk/forum/index.php?topic=4499.msg40803#msg40803
Абе сѐ е грдо, погрдо, и најгрдо.

Кај нас немаме голема филмска ни телевизиска индустрија, не можи одма за оскари и еми да направат.

Овие на сител ги немам гледано, ама тие на А1 не се лоши како што ги опишваат на форумов некои.
 
Не ми се допаѓаат, воопшто не се реални, дури се и смешни.
Ако се рекло приказна, не значи дека треба да се претопат во буквалната смисла. Кај се видело во манастир, калуѓерки да зборуваат за мажи и за мажачка.

Ми кршат секаков филм, иако се поздравува идејата, но не по секоја цена.
 
Никој нема да може да го замени Ѓорѓи Колозов.Не ми се допаѓаат.
 
Имав прилика денес да ги погледнам. Дејството ти е некаде на крајот на 19-ти или почетокот на 20-ти век и пази работата, топломери имале.:kesa: Уште една глупост забележав, ама не ми текнува сега шо беше. Ебем ти приказните.
 
Имав прилика денес да ги погледнам. Дејството ти е некаде на крајот на 19-ти или почетокот на 20-ти век и пази работата, топломери имале.:kesa: Уште една глупост забележав, ама не ми текнува сега шо беше. Ебем ти приказните.

:vozbud::vozbud::vozbud:
 
Во недела имав прилика да гледам приказна на Сител (од новите) и пријатно ме изненадија. Беа далеку подобри отколку тие на А1. Овие веќе наликуваат на старите приказни. А плус Сузана ал Салкини беше царица. Која чест актуелната мис на Македонија да глуми во приказни:).
 
Приказните на А1 се катастрофа , а на сител па тоа не е нормално колку Владо Дојчиновски сака да биде Колозов во се го имитира од мимики до реплики кој Колозов ги кажуваше : Слушај ме убаво што ќе ми ти речам , нога зад нога , кроце по кроце итн. Тука не запира идиотот па преработува приказни со Колозов кој ги имаше снимено а во некој други краде и по цели сцени од старите оценка 2. Нека престанат да се снимат и нека почнат нешто ново
 
На Сител пуштаат нова сезона изгледа (на крајот пишува 2011).
На кратко, многу јаки се новиве „Македонски старии приказни“. Од тие на А1 секако подобро ама би рекол подобри и од тие од од 90тите.
 
Ќе ја започнам темава бидејќи не убива преголема болка за загубата на нашиот Ѓорѓи Колозов на кој сите капа му симнуваме за целиот негов живот и неколку страници од неговиот живот ми посвети баш нас си играњето во улогите на 300 серии од македонските народни приказни , кои на гледани од сите. Нема кои не го сакаше и го сака. Лично сум огромен обожавател на приказниве.

Па споделете кои се ваши фаворити
 
Да почнам да споделувам кој се мојте фаворити :) Врвот е Двајцата скржавци каскатии
потоа Бакалот и момчето.............. Незнам неможам да ги издвојам и поделам секоја имаше свој жар и убавина а не сеа овие новиве посебно сеа на Канал 5 :facepalm: ужас комплетно уништување мислам дека треба да запрат со снимање на приказни и да се зафатат да се пронајдат сите со Колозов до 2003
 
Дали ги имате гледано приказните кои од неодамна ги даваат на Канал 5?
Иако и А1, Сител, па и МТВ направија нови сезони на народните приказни, никоја верзија не да достигна оригиналноста и популарноста на оригиналните сезони, оваа на Канал 5 е врв на глупавите сценарија на македонските драмски серии.
А, „сценаристката“ Ева Камчевска може слободно да си ја фрли дипломата ако ја има од областа на драмтургијата.
Иако се лоши од секој аспект, приказните најмногу се истакнуваат со лошиот, површен, игнорантен и непромислен дијалог. Нема никаква замисла, катастрофа.

Може да ги гледате овде
http://www.kanal5.com.mk/Default.aspx?mId=120
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom