leandra
Модератор
- Член од
- 25 јануари 2007
- Мислења
- 23.641
- Поени од реакции
- 38.562
Значи на крај пак доаѓаме до истото.Условите треба да ги создаде оној кој ги троши парите.Дали ќе гради патишта,дали ќе создава економска клима,дали ќе оформи правна држава,нивен проблем.А не да ги плаќаме да не крадат.Ни у од услови нема.Епа целото наброено население,ја создаде оваа држава,со сопствени раце градеше патишта и фабрики,за на крај да ги испуцаат на улица без ништо.Просечна плата во МК е плата која покрива трошоци на живот.
И половина просечна плата да му дадеш на социјално семејство (10.000) нема да стигни за се, и пак секој 2-3 месеци ќе им ја исклучуваат струјата не ќе имаат за лекарства за дрва за вода и пак ќе треба владата да им додава и подава.
Треба државата да започни огромни проекти, градење брани, патишта тунели, канали за наводнувања, пошумувања, расчистувања на смет и отпад, големи ... и тука да ангажира социјала. Да им се дава по 10.000 плата и еден оброк и да работаат. Кој не сака или неќе, да изгуби право на секаква помош.
За 10 години Македонија ќе биде испресецена со патишта до секое селце, ќе има вештачки акумулации ќе биди пошумена, земјата обработена чисто секаде и сите ќе работаат.
Дури и би му дал земјоделски земјишта на семејства социјалци да го обработуваат и да живеат од тоа. Па како живееше и опстојуваше народот кога не постоеше социјална помош???? Со векови и тоа поголеми семејства од денешните опстанаа и преживееа а сега не се миожело никако така?!?!?
Социјалниот елемент е најважен во сиромашни држави како нашава.Како ќе најде пари да им помогне,нивен проблем,да ги остави без леб несмее,бидејќи она им го земаа лебот.