Кој е вашиот господ?

reemteY

Ако...
Член од
27 март 2009
Мислења
426
Поени од реакции
36
1. Тоа што велиш дека го знаеш тројството поубаво од мене-за тоа, секоја ти чест, иако не ти верувам.
2. Никаде не напишав дека она кое Отецот го знае, Синот не го знае, туку напишав дека она кое Отецот го знае, го знае и Синот и Светиот Дух. Она кое човекот Исус не го знаел а го знаел Отецот, тоа е знаењето кое Исус го немал, но го имал Синот. Исус, кога ја добива од Отецот (Преку Синот) сета власт на Земјава, тогаш и Исус го знае она кое Отецот го знае. Целата „квака„ е во двојната Исусова природа-Исус е и Бог и човек, истовремено. Со еден збор кажано, Исус е Богочовек. Исус не е истиот пред и по Неговото воскресение.

Не бе, какво лажење. И јас велам дека нема таков текст.
За понатамошна дискусија ајде дај цитат од Библија, каде самиот лично Исус рекол за себе дека ЈАС СУМ БОГ!!?
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Хммммммм.... ми „звучиш„ како протестант, кој упорно бара цитати за се и сешто, иако самиот знае дека во Билијата не е се запишано, оти кога би било, книгата би била незамисливо голема.

Но добро, еве ти цитат:

„...Човекот пак, од кого беа излегле демоните, Го замоли да биде со Него, но Исус го отпушти , велејќи:...„

„...врати се во домот свој и раскажувај што ти направи Бог!„. Тој си отиде и расправаше по целиот град што му направи Исус.„...(Лука, 8.38,39)

И сега, нормално, не ми е тешко да претпоставам која ќе биде твојата наредна замерка. Сакаш јас да ја напишам наместо тебе?
 
LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
А што правиме со Исус?
Пред него постоеле исти богови.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Пред Исуса Христа, постоел само Отецот Негов. Сите други, историски познати богови, од Озирис па до Маниту, се обични човекови измислици, т.е. идоли. Самиот израз „идол„ значи „...на местото од...„ што во пракса значело замена на вистинскиот Бог со од човекот измислен бог или богови.
 
LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
Пред Исуса Христа, постоел само Отецот Негов. Сите други, историски познати богови, од Озирис па до Маниту, се обични човекови измислици, т.е. идоли. Самиот израз „идол„ значи „...на местото од...„ што во пракса значело замена на вистинскиот Бог со од човекот измислен бог или богови.
Ајде погледни го клипот на првата страна.
 
Поима немаш колку си контрадикотрен, значи јасно ти е тебе што значи да се Идолизира Некој!!!
Вие верувате во човек ,дека е Бог!
Исус наместо Бога!:vozbud:

Хммммммм.... ми „звучиш„ како протестант, кој упорно бара цитати за се и сешто, иако самиот знае дека во Билијата не е се запишано, оти кога би било, книгата би била незамисливо голема.

Но добро, еве ти цитат:

„...Човекот пак, од кого беа излегле демоните, Го замоли да биде со Него, но Исус го отпушти , велејќи:...„

„...врати се во домот свој и раскажувај што ти направи Бог!„. Тој си отиде и расправаше по целиот град што му направи Исус.„...(Лука, 8.38,39)

И сега, нормално, не ми е тешко да претпоставам која ќе биде твојата наредна замерка. Сакаш јас да ја напишам наместо тебе?
Зошто пак избегнуваш од прашањето?!
Јас те прашав каде самиот Исус за себе вели: ЈАС СУМ БОГ, или ВЕРУВАЈТЕ ВО МЕНЕ, ваков цитат не постои во Библија, но за факт самиот Исус вели:
...Мојот отец е поголем од мене. Евангелие според Јован 14 (ред 28)
...Мојот отец е поголем од сите...
Евангелие според Јован 10 (ред 29)

... јас истерувам бесови со духот божји...
Евангелие според Матеј 12 (ред 28)

...Со прст Божји ги истреувам бесовите...
Евангелие според Лука 11 (ред 20)

Кој неме љуби не го запазува словото мое; а словото што го слушате не е мое, туку на Мојот Отец кој ме прати
Ев. според Јован 14 (ред 24)
Но Јас ништо неможам да правам Сам од Себе:Како што слушам така судам,и мојот суд е праведен, оти неја барам вољата Моја. а вољата на отецот кој ме пратил.
Ев. според Јован 5 - 30)
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Ајде погледни го клипот на првата страна.
Го видов клипот и неговата содржина беше за очекување. она кое е наведеНо во клипот, можам елегантно да го побијам.

Поима немаш колку си контрадикотрен, значи јасно ти е тебе што значи да се Идолизира Некој!!!
Вие верувате во човек ,дека е Бог!
Исус наместо Бога!:vozbud:
О.К., ти и понатаму биди убеден во мојата контрадикторност, а јас ќе бидам убеден во мојата вера.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Зошто пак избегнуваш од прашањето?!
Јас те прашав каде самиот Исус за себе вели: ЈАС СУМ БОГ, или ВЕРУВАЈТЕ ВО МЕНЕ, ваков цитат не постои во Библија, но за факт самиот Исус вели:
...Мојот отец е поголем од мене.Евангелие според Јован 14 (ред 28)
...Мојот отец е поголем од сите...
Евангелие според Јован 10 (ред 29)

... јас истерувам бесови со духот божји...
Евангелие според Матеј 12 (ред 28)

...Со прст Божји ги истреувам бесовите...
Евангелие според Лука 11 (ред 20)

Кој неме љуби не го запазува словото мое; а словото што го слушате не е мое, туку на Мојот Отец кој ме прати
Ев. според Јован 14 (ред 24)
Но Јас ништо неможам да правам Сам од Себе:Како што слушам така судам,и мојот суд е праведен, оти неја барам вољата Моја. а вољата на отецот кој ме пратил.
Ев. според Јован 5 - 30)
reemteY. а зашто ти упорно бараш нешто кое тебе ти одговара? Или, постојано бараш причина со која ќе го оправдаш своето досегашно верување?

Писмото (Библијата) веќе е протолкувана и не се сеќавам дека некој тебе те повикал да ја толкуваш. Патем кажано, во Билбијата има доволно сведоштва дека Исус е Бог така да не е твоја должност одново да ни кажуваш што пишува во Билијата.
 
Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
Јас сум си сам на себе БОГ се ОБОЖАВАМ САМИОТ СЕБЕ:eek:lee::party3::party3::party3::party3::party3::party3::party3:
 
reemteY

Ако...
Член од
27 март 2009
Мислења
426
Поени од реакции
36
reemteY. а зашто ти упорно бараш нешто кое тебе ти одговара? Или, постојано бараш причина со која ќе го оправдаш своето досегашно верување?

Писмото (Библијата) веќе е протолкувана и не се сеќавам дека некој тебе те повикал да ја толкуваш. Патем кажано, во Билбијата има доволно сведоштва дека Исус е Бог така да не е твоја должност одново да ни кажуваш што пишува во Билијата.
Можеби некој е по потрага на вистината!!! Па и затоа ни служи форумот, за дебати, разјаснување на работи и тнт...
Ајде поздрав, и контролирај се себе си, друг пат да не се ставиш себеси во стапица , дотогаш пријатно!
 
The Mad Doc

Алхемичар
Член од
16 март 2009
Мислења
653
Поени од реакции
46
MIKI1 би сакал да те прашам.

Отецот,Синот и Светиот Дух се едно или се 3 индивидуи?
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Ајде побиј ги слободно.

1. Астрологијата, за православната Црква, е демонска работа.

2. Демонот знае(л) дека во одреден историски момент, ќе се роди Месијата. На пр: од пророштвата од Исаија (Стар Завет) демонот знаел дека Христос ќе се роди од девица (како што е наведено во клипот).

3. За да воведе „какофонија„ во врска со идното доаѓање на Месијата, демонот ги смисли сите идоли (од клипот) преку кои сака да ја замати свеста на луѓето, па преку тоа заматување, луѓето тешко би одредиле кој е вистинскиот Месија. Така на пр: Христос укажа на тоа дека после Него, многумина ќе прават чуда, тврдејќи дека токму тие се „христоси„ (еден таков „лажњак„ беше посочен на форумов).

4. Ниту еден од идолите од клипот нема сведоштво дека е виден од живИ сведоци (на пр. во антички Рим, Сенатот одредувал дали нешто ќе биде или не ќе биде божество, со гласање! А римјаните го имаа својот sunday, ден посветен на нивниот бог на Сонцето, како во клипот!).

5. Ниту еден од идолите од клипот, не остави свои Апостоли, кои ќе ја проповедаат нивната вера по Светов. Затоа, тие идоли се географски ограничени (и останаа саде имиња од историските учебници), на местата на кои се измислени, за разлика од името Исусово, за кое ретко кој не слушнал.

6. Ниту еден од идолите од клипот не основа своја Црква, преку која нивното учење би важело до ден-денешен. Затоа, тие идоли денес немаат никакво влијание, освен, можеби, за нивните идолопоклоници. Лично, не ми е познато дека денес постојат обожаватели на „богот„ Хорус или Митра. Вавилон одамна не постои...

MIKI1 би сакал да те прашам.

Отецот,Синот и Светиот Дух се едно или се 3 индивидуи?
Отецот и Синот и Светиот Дух се три лика, кои делуваат апсолутно складно, како да се еден лик, секој со свои особини и своја улога во Светов. Затоа се нарекуваат Троедин Бог-Света Троица.
 
Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
1. Астрологијата, за православната Црква, е демонска работа.

2. Демонот знае(л) дека во одреден историски момент, ќе се роди Месијата. На пр: од пророштвата од Исаија (Стар Завет) демонот знаел дека Христос ќе се роди од девица ( како што е наведено во клипот).

3. За да воведе „какофонија„ во врска со идното доаѓање на Месијата, демонот гИ смисли сите идоли (од клипот) преку кои сака да ја замати свеста на луѓето, па преку тоа заматување, луѓето тешко би одредиле кој е вистинскиот Месија. Така на пр: Христос укажа на тоа дека после Него, многумина ќе прават чуда, тврдејќи дека токму тие се „христоси„ (еден таков „лажњак„ беше посочен на форумов).

4. Ниту еден од идолите од клипот нема сведоштво дека е виден од живИ сведоци (на пр. во антички рим, сенатот одредувал дали нешто ќе бИде или не ќе биде божество, со гласање! а римјаните го имаа својот sunday, ден посветен на нивниот бог на сонцето, како во клипот!).

5. Ниту еден од идолите од клипот, не остави свои Апостлоли, кои ќе ја проповедаат нивната вера по Светов. Затоа, тие идоли се географски ограничени (и останаа саде имиња од историските учебници), на местата на кои се измислени, за разлика од името Исусово, за кое ретко кој не слушнал.

6. Ниту еден од идолите од клипот не основа своја Црква, преку која нивното учење би важело до ден-денешен. Затоа, тие идоли денес немаат никакво влијание, освен, можеби, за нивните идолопоклоници. Лично, не ми е познато дека денес постојат обожаватели на „богот„ Хорус или Митра. Вавилон одамна не постои...
Oва е научно докажано или онака од бафтана :vozbud: Е кој го направил злото ако се е направено од некој бог е 100% добар :pos2:.
 
The Mad Doc

Алхемичар
Член од
16 март 2009
Мислења
653
Поени од реакции
46
Отецот и Синот и Светиот Дух се три лика, кои делуваат апсолутно складно, како да се еден лик, секој со свои особини и своја улога во Светов. Затоа се нарекуваат Троедин Бог-Света Троица.
OK Се сложувам,сега само уште ова да ми го одговориш,ако сакаш се разбира.

Кој е и која е улогата на Светиот Дух.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom