Дворното земјиште ќе се продава по едно евро за метар квадратен

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
JAS PAK NISTO NE RAZBIRAM,PA AKO MOZE NEKOJ DA DO OBJASNI?
i leandra prasa ama posle pisa deka razbrala,a jas ne sum razbrala.
kako toa ke se otkupuva zemjisteto okolu sportskite objekti?
kako ke se otkupuva zemjisteto na hidrocentralite?
kako i koj ke ima pravo da gi otkupi patistata?
dali ima nekade na internet da se najde odlukata na vladata,pa da procitame?
Јас знаеш како ја разбрав оваа бомбастична најава?
Сите досега што имале долгорочни договори за јавни површини ќе можат да го откупат местото.Ако ти си имала сендвичара во дворот на салата,од утре може да си го купиш местото по едно евро.Ако си го имала патот од Скопје до Охрид,утре ќе си го купиш.Но само ако си го имала долги години.Ако нешто крцне од законот,вратот ќе му го свиткам како на кутре.На пример ако се појави некој што има двор на плажа или еве три години ја рента плажата Градиште и сега сака да си ја купи или до вчера немал,а денес со некој документ испаѓа дека автопатот до Гевгелија негов бил под закуп и така:)

Може пак грешам или не:)
 
Член од
17 јануари 2008
Мислења
1.107
Поени од реакции
150
ете колку се јаки нашиве економисти, се продаваат за едно евро. после кумунистиве се продадоа, да ама не за едно евро ,оставија нешто иза ВМРОвчињата ама на овие слабо им оди математикава, затоа се по едно евро продаваат за полесно да си ја направат математиката 1+1=2 нема утка .......... :tapp::tapp::tapp:
 
Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346

Малце ја грешиш...
Земјиште не се продаваше од страна на државата порано. Ова е шанса да си го откупиш, или ако не, да си плаќаш наем за истото.
Карикирањето за патишта и сл. е неумесно, сепак.
Во најголем дел, станува збор за дворните места на куќите, или зградите на пр.
Ако на пр. се продава зграда на некој јавен објект, од најразличнми причини, ќе можеш ако го купиш, да го купиш и земјиштето околу него, а не да го имаш на користење.
Тоа е целта и смислата на ова...

Комунистите и ебаа мамата на државата, жал ми е што толку си ги симпатизираш :)
Ова е и во твоја корист, ако имаш некое дворче или слично да си го трансформираш од право на користење во сопственост за никакви пари:)
 
LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
ете колку се јаки нашиве економисти, се продаваат за едно евро. после кумунистиве се продадоа, да ама не за едно евро ,оставија нешто иза ВМРОвчињата ама на овие слабо им оди математикава, затоа се по едно евро продаваат за полесно да си ја направат математиката 1+1=2 нема утка .......... :tapp::tapp::tapp:
Ха! "Комунистите" барем го иградеа тоа што го продаоа.
А овие? Сите се бивши пионери.

Затоа и двете страни се супер за никаде.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Малце ја грешиш...
Земјиште не се продаваше од страна на државата порано. Ова е шанса да си го откупиш, или ако не, да си плаќаш наем за истото.
Карикирањето за патишта и сл. е неумесно, сепак.
Во најголем дел, станува збор за дворните места на куќите, или зградите на пр.
Ако на пр. се продава зграда на некој јавен објект, од најразличнми причини, ќе можеш ако го купиш, да го купиш и земјиштето околу него, а не да го имаш на користење.
Тоа е целта и смислата на ова...
Струмикс,ако е вака како што тврдиш тогаш го подржувам и јас,целосно.Браво,конечно по толку време да изустам:smir:
 
Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Струмикс,ако е вака како што тврдиш тогаш го подржувам и јас,целосно.Браво,конечно по толку време да изустам:smir:
Сигурно е така, бидејќи и самиот имам за трансформација, ја знам постапката, минав низ неа...и ќе минам барем уште еднаш :)
Порано, земјиштето беше сопственост на РМ, и се доделуваше за изградба на користење.
Кога се продаваше куќата, се продаваше објектот само, но не и земјиштето. Купувачот само го добиваше правото на користење.
Следствено, и јавните објекти беа под таков режим.
На пр. болницата во Струмица, или каде и да биде, од најразлични причини се продава...државата решила зградата да ја отуѓи.
Во тој случај, ти како купувач, со купувањето на зградата, ќе имаш право да си го откупиш и дворното место кое припаѓа по повластена цена од 1 евро, се до истекот на рокот за кој важи таа повластена цена. Мислам дека до 1.1.2011.
Потоа ќе важат комерцијални услови.
Она на пр. за плажата...таму имаш концесиски договор, значи нема отуѓување, или право на користење во смисла стекнување сопственост...
Мислам дека доволно објаснив :)
 
Член од
8 септември 2009
Мислења
18
Поени од реакции
0
Дали некој од Вас почитувани форумџии има некаква инфомација околу можност за враќање на дел од парите на граѓаните кои претходно си ги откупиле своите дворови по цени 13 пати поскапи од овие од 07.09.2009?? Дедо ми е пензионер и си ги даде последните пари од заштедата за откуп на дворот во првичниот рок што беше даден 02.2009. Според пресметките, после ова требаше да плаќа по 90000 денари годишно за кирија за дворот на кој е изградена куќата. Човекот си рече поарно да платам сега 180000 денари отколку додека сум жив по 90000 секоја година. А сега излезе тој што не платил во рок ќе биде награден со по 1 евро квадрат. Како да се верува на овие, утре каков закон ли ќе донесат??? Катастрофа...:( :toe:
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
За да земеш пари од државата во оваа земја .... треба да си овчар!
 
Член од
8 септември 2009
Мислења
18
Поени од реакции
0
За да земеш пари од државата во оваа земја .... треба да си овчар!
Море ќе видат они, ми беше грев да го гледам дедото , солзи му протекоа кога чу на ТВ фаленјето на премирот... Си ги даде човекот последните пари од заштедата само за да заврши во рокот кој толку го споменуваа на сите ТВ. Или оваа држава ќе биде еднаква кон сите и за сите или ....... Ќе барам правник за совет дали ова може да оди на уставен. Спред мене е класична дискриминација на граѓаните, повиена во рекламна кампања... Не може за некој мајка, за некој маќеа... :nenene:

komentar na prelazan gragjanin na A1 web stranata: Gospodine premier Nikola Gruevski.Vaka ne se vodi drzava.Jas kako gragjanin vi veruvav i kako sto bese daden rok da se kupi dvornoto mesto do febuari 2009 i koj go prodolzivte za dve godini go plativ po mnogu povisoka cena od onaa koja sega ja najavivte. Dali za toa sto navreme go kupiv dvornoto mesto prema zakonot koj prvicno go donesovte sum kaznet??? Dali ocekuvate jas i drugite gragjani koi postapija kako mene da vi veruvam i da gi pocituvam zakonite koi ke gi nosite ponatamu?
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Море ќе видат они, ми беше грев да го гледам дедото , солзи му протекоа кога чу на ТВ фаленјето на премирот... Си ги даде човекот последните пари од заштедата само за да заврши во рокот кој толку го споменуваа на сите ТВ. Или оваа држава ќе биде еднаква кон сите и за сите или ....... Ќе барам правник за совет дали ова може да оди на уставен. Спред мене е класична дискриминација на граѓаните, повиена во рекламна кампања... Не може за некој мајка, за некој маќеа... :nenene:
Седи бе па и ти,ај помогнал дедото на државава малку,што ќе му била толкава заштеда?Па и 1 евро не е малку,особено за оние кој си платиле план,проект,комуналии па и земјиште на користење,зошто инакво не даваа порано.:toe:
 
Член од
8 септември 2009
Мислења
18
Поени од реакции
0
Седи бе па и ти,ај помогнал дедото на државава малку,што ќе му била толкава заштеда?Па и 1 евро не е малку,особено за оние кој си платиле план,проект,комуналии па и земјиште на користење,зошто инакво не даваа порано.:toe:
Помагањето на државата не е спорно. Спорно е тоа што некој ќе помогне со 200000 денари, некој со 20000. Ако не да почекаме, може пред Нова година гратис ќе го даваат .... така предпразнично... изненадување од цела Влада.... :pos2:
 
Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Парите не се враќаат!
И јас си платив, па што да правам сега?
На крајот на краиштата, си купив земјиште, кое и не беше мое, туку на кое бев корисник.
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Помагањето на државата не е спорно. Спорно е тоа што некој ќе помогне со 200000 денари, некој со 20000. Ако не да почекаме, може пред Нова година гратис ќе го даваат .... така предпразнично... изненадување од цела Влада.... :pos2:
E да,зошто беше ептен очигледо плачкањето на народот со цена од 5-15 евра,за место кое некогаш го платиле да го користат Македонските граѓани.Вака е барем помалку видливо,и што велиш за празници може владава да си дозволи луксуз и да подели бесплатни “ваучери“ за градежно веќе еднаш платено земјиште,оти ова со “дворовиве“ е само прикриена форма на градежно изградено земјиште..:smir:

Парите не се враќаат!
И јас си платив, па што да правам сега?
На крајот на краиштата, си купив земјиште, кое и не беше мое, туку на кое бев корисник.
Значи си узурпирал,узурпатору ни еден,како не ти било срам.:pos2:
 
Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Значи си узурпирал,узурпатору ни еден,како не ти било срам.:pos2:
Каков бе узурпатор?!
Доделено со решение за изградба на семејна куќа :)
Со уредно платени комуналии и се по ред...
Ама - на користење...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom