Гоце Делчев

Член од
26 јануари 2007
Мислења
11
Поени од реакции
0
„Додека моето рамо крепи пушка, бугар во Македонија нема да владее!“ - Гоце Делчев.
И токму десет годин по сетне, сестра му Руша со троицата си синове, узмели сите тие бугарски пушки и аидеееееее .... во Македонските земи ....
Ru6aDel4eva_A.jpg

Ru6aDel4eva_C.jpg

О-оооууу, Трнчак, :helou:
 
B

Borg_Drone

Гостин
И токму десет годин по сетне, сестра му Руша со троицата си синове, узмели сите тие бугарски пушки и аидеееееее .... во Македонските земи ....
Прегледај го приврзокот 4871

Прегледај го приврзокот 4872

О-оооууу, Трнчак, :helou:

Бугарски пушки??? :)

Тука не пишува за никакви бугарски пушки.
 

Macedonia2007

RED DEVIL
Член од
20 декември 2007
Мислења
1.273
Поени од реакции
3

се си е кажано
Слава му на македонскиот син Гоце Делчев!
 
Член од
17 март 2007
Мислења
702
Поени од реакции
26
Добре бре мамамудееба, зашто требва да засирате такава тема? Приличате на децата - мое е, не мое е.:kickbox:

Все едно в един форум пишат хора от Ирак и Саудитска арабиjа и си говорjат следните приказки:

- Харун Ал Рашид е иракчанин, заштото е живел в Багдад!
- Не, Харун Ал Рашид е арабин, штото е бил велик халиф на Арабскиjа халифат!

Аj сектир! Човека сигурно ште се об`рне в гроба ако види всичките тези писаниjа
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
Решив да не направам пост во кој ќе се сумира делото на овој апостол на Македонскиот непокор и идеалост за слободна татковина, туку да раскажам една приказна која е опеана и од народот.

Имено во 1902 година, турската аскерска полиција од Солун, издала потерница по Ѓорѓи Делчев викан „Гоце“ со издадена пресуда, бесење на солунскиот плоштад. Во тоа време активно бил мобилизиран Турскиот аскер кој се впуштил во претресување на цели села и малтретирање и испрашување на селани и луѓе за кои Коте од Руља(предавник, гркоман) посочувал дека можеби би имале било каква информација за тоа каде се крие.

Гоце разбрал за потерницата додека бил во Неврокоп, и решил да отиде до Солун, да ја види својата бесилка, иако неговиот другар Апостол(Терзиев) се противел на таа идеја, Гоце каков што бил своеглав, не можел никој да го предомисли. Му рекол на Апостол да му најде едно магаре, за да може со него да отиде. Го натовариле магарето со ќумур, се облекол Гоце во селска облека, се исцрнил како да е ќумурџија, и тргнал кон Солун.

Попат, Гоце за да види дали некој може да го препознае како што е маскиран, вечерта пред да стигне во Солун, пошол во бакалницата на татко му Никола. Во бакалницата, имало локални селани а на две маси поседнат аскер, до нив една слободна маса. Седнал и нарачал вечера.

Го повикал Гоце татко му да седне да испие една ракија со него.

- Седни чичко Никола. - рекол Гоце.

-Од каде одиш бре ќумурџиче? - го прашал Никола својот син, кој не го препознал.

- Од Неврокоп идам. Носам ќумур во Солун, за напазар. Чорбаџијата Митре ме праќа.

- Многу е опасно навечер сега, аскерот засилил патроли насекаде, ми го бараат синот. Гоце ми го бараат.

- Не грижи се чичко, ништо не му можат овија кучиња. - рекол ќумурџичето. - Вечер, кога ќе ја затвориш бакалницата, провери позади чешмата надвор меѓу камењата, ти донесов нешто што чорбаџијата ти го прати.

Си замина ќумурџијата, се поздрави со чичкото, а Никола откако затвори, провери меѓу камењата позади чешмата до бакалницата, и пронајде нешто замотано во платно. Влезе внатре, го отвори платното и простум стоеше некое време. Тоа беше табакерата, која тој му ја подари на Гоце, пред да замине за Штип. Се израдува, а во исто време и солзи му потекоа. Се сети дека тој на никој не би му ја дал тукутака табакерата, и сфати дека на маса седеше со својот син. Му падна тешко, ама на никој дури ни на Султана не и кажа дека Гоце бил во бакалницата. Не спиеше таа вечер од грижи, долго го немаше видено сопственото чедо.

Веќе беше утро, а Гоце беше на влезот во Солун. Кај чаршијата на патот кон пазарот го пречека патрола аскер и го застана. Бидејќи во тоа време имале сознанија за диверзантски терористички акции, го однесоја во станицата на претрес. Да проверат да не крие нешто во ќумурот. Го испрашуваа и дали го познава Гоце Делчев, го испрашуваа дали знае како изгледа, го испрашуваа неколку саати. Ќумурџичето им кажа дека не е оттука, дека доаѓа од Неврокоп, и дека за Гоце нит чул, нит го познава, ниту па му го знае лицето. Го пуштија. Тој ден, Гоце со насмевка на лицето, го раздаде ќумурот на посиромашните, им го даде беспари а потоа си тргна кон Битола...

Од оваа приказна за Гоце, во народното предание остана запаметена песната „Абер ми дојде од Солуна града“:

Нека му е вечна слава!
 

Македонеро

Домаќин
Член од
15 декември 2008
Мислења
3.488
Поени од реакции
1.863
Кукушкото семејство Делчеви за слободата на Македонија даде многу жртви
Од четворица браќа загинаа тројца






Тројцата браќа на Гоце Делчев - Мицо, Милан и Христо ќе тргнат по патот на својот славен брат Гоце, кој е најстар меѓу нив. Двајца од нив - Мицо и Милан ќе загинат, а Христо ќе почине од природна смрт.

Мицо бил комита во четата на Христо Чернопеев. Таа на 4 февруари 1901 година била опколена од турската војска кај гевгелиското село Бајалци. Притоа загинале осуммина четници, меѓу нив и ладниот Мицо Делчев. Пеју Јаворов за тоа како Гоце ја примил трагичната вест пишува: "Еден пријател оди да му ја соопшти на Гоце тажната вест за Мицовата смрт и почнува оддалеку: таму и таму, така и така, четата била откриена; толку и толку души паднале уште во почетокот на битката, а меѓу паднатите, за голема жал, бил и...

-Мицо, - се досетува Гоце ладнокрвно. - Туку кажи ако знаеш, дали не покажа некоја слабост?

-Напротив, раскажуваат дека тој прв се фрлил врз непријателот.

-Тоа ми се допаѓа. Во Мицо имав голема надеж. Тој можеше уште да ни послужи, ама ништо. Бог да го прости...", рекол Гоце.

Милан Делчев загинува по Гоце. Тој бил четник во четата на Крсте Асенов која била предадена од врховистите и водела борба кај селото Владимирово на 12 јуни 1903 година. За да се спасат четниците се распрснале во групи, а Милан со еден другар се скрил во кукушкото село Мурарци. Едно утро излегле од селото и заминале кон шумичката над Неманци за да ја пронајдат четата. Меѓутоа, ги откриваат Турците, Неговиот другар се предал, а Милан се борел до последниот куршум, а потоа бил застрелан. Неговото тело три дена останало во шумата непогребано. Селаните се плашеле од Турците да му се приближат, а четвртиот ден му организирале голем погреб, а шумата ја нарекле Милан-Делчева шума.

Според сеќавањата на сестрата на Гоце, Лика Чопова-Јурукова, најмалиот брат Христо се пријавил како доброволец во кукушката чета што заминала да се бори за ослободување на Македонија во Балканските војни, заедно со внуците Тодор и Туше Чопови од сестрата Руша. По 1913 година се преселил во Горна Џумаја (Благоевград), а во 1923 година, огорчен по убиството на неговиот внук Тодор, се иселил во Софија, каде што починал 1927 година.

Гоце имал и пет сестри: Руша, Цоца, Тина, Лика и Елена. Три од нив допатуваа во Скопје во октомври 1946 година за да присуствуваат на пренесувањето на посмртните останки на нивниот брат Гоце во црквата "Св. Спас".

http://star.dnevnik.com.mk/?pBroj=2223&stID=21639
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.587


"...Тогаш Гоце го ранија во градите и потече крв од неговото срце..."

Од тогаш, поминаа 103 години. Животот на најголемиот македонски револуционер Гоце Делчев згасна во селото Баница. Но неговата љубов и пожртвуваност кон Македонија остана пример за сите, и еден век потоа.

Во црквата Св.Спас, на вечното почивалиште на идеологот на македонското револуционерно движење, почит искажа и неговиот единствен жив потомок, внуката Катерина Нурџева Трајковска.

"Да бидеме верни на Македонија и да дадеме се' за да ја сочуваме. Посакувам Македонија да даде уште многу чеда кои ќе го следат патот на Гоце" - порача Нурџева.

Мала свеченост се одржа и пред споменикот на Гоце Делчев во градскиот парк. Таму цвеќе положија претставници на здружението на борците од НОБ и младите сили на ВМРО-ДПМНЕ.

На денот на трагичната смрт на Делчев, традиционално во Собранието на Република Македонија доделени наградите кои го носат името на големиот револуционер. Одликувања за придонес во областа на науката добија Александар Анчевски, Ѓорги Гоцев, Љубица Павлова и Нада Петрова, Љупчо Ристевски, Агим Пољоска, Илија Велев.


 
Член од
22 февруари 2009
Мислења
746
Поени од реакции
35
Гоце Делчев
(18721903) е еден од најголемите револуционери во историјата на македонскиот народ, лидер на Тајната Македонско - Одринска Револуционерна Организација (ТМОРО), подоцна преименувана во Внатрешнa Македонска Револуционерна Организација (ВМРО).Георги Николов Делчев е роден на 23 јануари (4 февруари, нов стил), 1872 во Кукуш, Егејска Македонија , како прво машко дете, трето по ред на бројната фамилија Делчеви која имала вкупно девет деца. Делчев произлегува од релативно добро ситуирано семејство. Татко му Никола Делчев бил кукушанец, а мајка му Султана Нурџиева потекнува од блиското село Мурарци. Во 1879 - 1880, Гоце (Георги) Делчев започнува да го посетува прогимназијалното училиште во Кукуш. Гоце потоа го завршил средното образование во Солунската машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“. Се запишал во Военото училиште во Софија во 1891. Подоцна, како питомец во военото училиште во Софија тајно ги посетувал социјалистичките кружоци и ја ширел социјалистичката литература, за што е исклучен од училиштето. Делчев станал учител во Бугарското машко трикласно училиште во Штип (Ново село), заедно со Туше Делииванов во 1894каде што се запознава со Даме Груев, еден од основачите на ТМОРО. Како резултат на блиското пријателство меѓу двајцата, Делчев и се придружил на Организацијата во 1895 набрзо станувајќи нејзин водач.
Во летото 1896, во Солун се одржува конгрес на македонските и одрински револуционерни сили. На конгресот присуствува и Гоце Делчев. Гоце Делчев и Ѓорче Петров се ополномошни да изработат Устав и Правилник, а изработениот устав носи наслов: „Устав на Тајната Македоно-Одринска Револуционерна Организација". Кон крајот на летото на 1896 година станува главен учител во бугарското православно второкласно училиште во Банско, Разлошко.На 1 ноември истата година поради здравствени проблеми си подава оставка.
На почетокот на јануари 1898 год. се установува четничкиот институт, а Гоце Делчев е назначен за началник на сите чети во Македонија.
За да го отстрани, или барем да го неутрализира разбивачкото влијание на бугарскиот двор и неговата агентура тн. "Врховен македонски комитет", Гоце, и како задграничен претставник, активно дејствувал врз нивните претставници да се откажат од неповиканото мешање во внатрешните работи на Револуционерната организација, која претставува единствен легитимен претставник на македоно-одринското ослободително движење, и да дејствуваат само како помошна сила за материјално помагање на Организацијата. Во нивното отстранување, Гоце водел бескомпромисна борба против мешањето на бугарските влади и челниците на врховистичките македонски комитети. Најпечатливи одгласи од неговата борба за зачувување на единството од надворешните мешања имала неговата отворена реплика со претседателот на Врховниот комитет, генералот Николаев, кого го предупредил дека додека неговото рамо ја крепи пушката, нема да дозволи присуство на бугарски офицери во Македонија. Иста цел имала неговата Директива во 1902 година за забрана на влегување на врховистичките чети од Бугарија, како и предупредувањето до официјална Бугарија да не мисли за Македонија, туку да си ја чува Бугарија, зашто Македонците ќе си ја чуваат Македонија.

На редовното советување во декември 1902 година, Гоце Делчев, Даме Груев, Јане Сандански и други водачи на ТМОРО решаваат да не се крева фронтално востание во Македонија, туку да се води партизанска војна. Целта како што изјавил Гоце требала да биде: „не ние да ја победиме Турција туку таа да не нè победи нас.“ Потоа Гоце оди на терен, а зад грб бугарскиот агент Иван Гарванов свикува јануарско советување, кое според В. Думев (кој работи со Иван Гарванов) "НЕ БЕШЕ СВИКАНО ДА РЕШАВА". (Зборник Илинден 1903-26, стр.114). Во јануари 1903 година, Гоце Делчев се изјаснува отворено како прв против кревање на востание во Македонија таа година, познато потоа како „Илинденското востание“, како преран и неподготвен чекор. По негова иницијатива во Софија било организирано советување на група македонски револуционери меѓу кои биле: Гоце Делчев, Ѓорче Петров, Јане Сандански, Пере Тошев, Михаил Герџиков и други македонски револуционери од централистичкиот лагер на ВМОРО. Се разгледувал предлогот за подигање на востанието, кое пред се било заговарано од врховистичкиот лагер на ВМОРО, а најмногу од представниците на Организацијата во Костурско. На собирот свои излагања имале Гоце Делчев, Јане Сандански, Ѓорче Петров и др. Тие сметале дека меѓународната и внатрешната ситуација на Македонија не е поволна за кревање востание; собирот се искажал против решението за подигање на востание.
...централна организација не била создадена, туку имало неколку мали организации. За неколку години, како и да е, една станала доминантна, таа која што го имала Делчев за лидрер (до убиство). Груев, сегашен шеф на битолскиот округ, Ѓорче Петров и Христо Татарчев како надворешни претставници, тие ги зеле зборовите на Гледстоун за нивно мото „Македонија на македонците“. Тие се изјасниле како различни од бугарите и македонците во Бугарија кои имале оформено постар комитет со центар во Софија.

Според Пејо Јаворов, поет и чест сопатник на Гоце Делчев, Гоце заклучил дека: "...ВМРО всушност тргнува по патот на самите врховни комитетети против кои беше војувала најжестоко......кога Гоце ги читаше писмата, а тој ги беше препрочитал неколку пати од очите му се одронија солзи, кои паднаа врз шифрираните редови. Гоце чувствуваше дека останува сам: со своите планови, со своите мечти, со своите идеали - и со децетиците чети и со целиот македонски народ!".
 
Член од
22 февруари 2009
Мислења
746
Поени од реакции
35
На 19 јануари 1903 година, Гоце Делчев со чета тргнува за Македонија; со него е и Јаворов. Истиот ден пристигаат во Самоков. На 19 март Гоце Делчев со својата чета го минира мостот на р. Ангиста; во воздух бил дигнат и тунелот на железничката пруга. На 19-20 април истата година Гоце Делчев пристигнува во Солун, а сместен е во просториите на Солунската бугарска машка гимназија. Тој има неколку среќавања со Даме Груев и со него го разгледува прашањето за подигање на востанието. Гоце го напушта Солун и излегува низ вардарската капија и со воз се префрла во правец на Серез.Вечерта на 2 мај Гоце Делчев пристига во с. Баница, на мала оддалеченост од Серез. За престојот на Гоце Делчев во Баница известена е турската управа од страна на непознат(и). Во зорите на 4 мај 1903 год. Гоце Делчев и неговата придружба се известени од јатаците дека се опсадени од турската војска (аскер). Гоце наредува да излезат од куќата каде биле сместени и да се повлечат за да го спасат селото од зулум. Во текот на денот, на 4 мај 1903 во борбите при излегување од село Баница, Гоце Делчев бил погоден во левата града, паднал врз пушката, се обидел да се крене и паднал мртов.
Неговите посмртни останки прво се чуваат во Баница до 1917 година, кога се пренесени во Ксанти, а потоа во Софија. До 1923 година, ковчежето со коските се чува во домот на Михаил Чаков, а на него пишувало „Ги заколнуваме поколенијата што доаѓаат светите коски да бидат погребени во главниот град на независна Македонија. Август 1923, Илинден“. Заветот е исполнет и на 11 октомври 1946 година се пренесени во Скопје, во црквата Свети Спас



























 
Член од
22 февруари 2009
Мислења
746
Поени од реакции
35
Оној што копнее, што работи да ја присоедини кон Бугарија или кон Грција, тој може да се мисли за добар Бугарин и ли за добар Грк, но не и добар Македонец. Таквиот Бугарин или Грк го поддржува и вечниот раздор меѓу балканските народи, кои треба да живеат во братска дружба за да бидат пресреќни. Македонија им припаѓа на сите Македонци, без разлика на религијата, нацијата и јазиците, во утрешна слободна Македонија и преку неа ќе се здружат сите балкански народи.

Ослободувањето на Македонија се крие во внатрешното востание. Кој мисли инаку да се ослободи Македонија, тој се лаже и себеси и другите.

 

Kajgana Shop

На врв Bottom