- Член од
- 24 јуни 2008
- Мислења
- 1.705
- Поени од реакции
- 75
Едриличарите ја напуштија Балканијадата поради притисоци за името
Репрезентацијата на Македонија била претставена со кратенката ФИРОМ, иако во интернационалната едриличарска федерација таа е примена под привременото име Поранешна Југословенска Република Македонија
Македонската едриличарска репрезентација ја напушти Балканијадата што се одржува во Долни Милановац, Србија, поради омаловажување и инсистирање на домаќинот да се прифати ултиматумот на грчкиот тим Македонија да биде претставена со референцата ФИРОМ.
Генералниот секретар на Македонската едриличарска федерација Стефан Ставрев, вели дека непријатностите започнале пред три дена кога на официјалниот веб сајт на Балканијадата, репрезентацијата на Македонија била претставена со кратенката ФИРОМ, иако во интернационалната едриличарска федерација таа е примена под привременото име Поранешна Југословенска Република Македонија.
"На ова реагиравме и усно и писмено, но иако инсистиравме, до отворањето не добивме информација под кое име планираат да настапиме на Балканијадата. Пред самиот почеток од страна на претставници на организаторите ни беше кажано дека мораме да ги соблечеме национални дресови на кои пишуваше 'Мацедониан саилинг теам'", што беше одбиено од наша страна, објаснува Ставрев.
Откако репрезентацијата се построила зад таблата на која пишувало Поранешна Југословенска Република Македонија организаторот ја прекинал церемонијата, а на репрезентацијата и бил поставен ултиматум или да бидат соблечени националните дресови или да го напушти отворањето.
"Не го прифативме ултиматумот и се обидовме повторно да се построиме во што бевме спречени, нашата табла беше тргната, македонското знаме не беше подигнато и не се свиреше нашата национална химна", вели Ставрев.
Македонските едриличари од клубовите "АМАК СП Бофор" и "Стрмец" од Охрид и "Снегар" од Струга, денеска се враќаат во Македонија. За инцидентот на отворањето на Балканијадата е известена Амбасадата на Република Македонија во Србија.
Која срамота и тоа во соседна Србија, бивша југословенска членка , наш сосед !!! :nenene:
Како да се заштитиме од сите вакви идни испади на подржувачите на грчкиот фашизам. Не ни треба учество на ниту една, било каква манифестација доколку не се гарантира користење на уставното име или пак референцата ама испишана како ФИР МАКЕДОНИЈА.