)
за оговарање професори има доста материјал, дајте само кои
предава уште борис (такозвани бор'с) информатика? вангелица географија уште е таму или реши да оди во пензија? вангелица беше една од најиритантните жени на светов. секое испрашување редовно ме креваше на табла, а испрашуваше како да од квантитетот на произведената индустриска пиперка во македонија зависи иднината на светот. особена носталгија ми будат сеќавањата на часовите по физичко во 3та и 4та (голем дел поминати во сласт, парк, жапон). исто и биологија, душата и ја вадевме на лила, ако отишла во предвремена пензија заради нашиот клас беше
ај дајте статус апдејт за постариве професори, да не оговарам на празно па да искочи никој не знае за кого зборам
Ајде јас ке ги оговарам малце
Ако прочитаат тешко мене
Борис предава уште, не верувам дека се сменил од кога ти си завршил..ништо ново со него. Сега има колешка Доказа легенда е таа
Ванѓето си отиде...jас за несреќа и бев последна генерација и со мене го имаше последниот час пред пензија
Ова беше прва година што не остави никој на полагање....ме умрее таа жена. Сите фабрики низ Македoнија ги знам иако веќе пола од нив се струшени
Снеже 2 години класна ми беше...само јас знам како си поминав
И да туш и перце за наредниот час
Лила си предава, јака и душа како издржува. Лани како што бев со 27 машки во клас ја умреа здивуваше на часови и нормално истите тестови од кога ти си бил ги даваше и замисли...сите имавме над 3
препишување од прва на последна клупа...ај веќе ти сигурно знаеш
Богољуб, Анета и Кичо по физичко....некако не прибраа нас ама пак се дреме во фитнес се додека не ги прифатат па те натераат да вртиш 3 круга околу Орце и да ти мерат време, па и во еден час 50 стомачни, 50 грбни и склекови:nesvest:
Музичко Луцифер со милион оценки во дневник, пеење пак народни песни, секој час проектни...душата ми ја извади лани:uvo:
Мица физика си отиде и она лани и на неа последна генерација и бев...си продолжи со задачите како на факултет да сме...ама некако по добра беше со нас...замисли се шалеше со нас на часови
Цеце физика ми се падна годинава и на прв час си добив минус заедно со уште 20 души од клас...само она си ги сфаќа задачите што ги дава.
Кики хемија злато жена класна ми е годинава
vozbud
...пак дава препретешки тестови а после на сите ни накачува некоја оценка...
Скоро сите си се останати исти...тие што биле стоги си останаа строги...тие глупите уште примаат реметење од сите класови (ах Латински
)
Сакам да се вратат деновите да одам во Сласт на пица бурек и лиснато на тост
, да пијам кафе во Бела, да шетам низ парк на пауза, да играм тенис на физичко, да одам на најубавите екскурзии ...
И љубоморам на сестра ми кога секој ден после школо ги раскажува своите бисери од Орце, би се менувала со неа
Го ценам Орце што не изгради како личности, што имаат јаки критериуми, мора носење униформа, нема бегање, кој има 20 неоправдани го бркаат (во друго школо ова не верувам да постои), не научи на одговорност и 100% од учениците веќе со години се запишуваат на факултет. Ниедно училиште немаше порано ваков процент.
И да не го фалам најдобро си е
Сласт не е веќе во мода...тука се пиците на дедо Јован па мене он ке ми фали
Униформите оваа година ке МОРА на секој час зошто имаат строга наредба од директорот. Дисциплина си имало и ке има.
Екскурзии најдобри имаме. Единствено школо каде секоја година се иде надвор од Македонија. Прва година Бугарија, Втора Будва и Дубровник, трета Будимпешта и четврта мислам заради матуриве веќе нема
Го сакам бе школото...ми се плаче коа ке помислам само уште 2 години имам.
И професорите си ги сакам иако ме мачат, ми ставаат кецови коа се нервозни, ме бркаат од часови ако се насмеам...сепак се најдобри