Chrome и Safari се гомца, со тоа се согласувам. Гугл неможи сегде да се пика.
Опера го сметам за единстевионт полнокрвен веб прелистувач покрај Фајрфокс. (Еднаш порано ја користев ден два, ам се вратив на фајрфокс).
Фајрфокс 3.5 е незабележително поспор при работа од Chrome и Safari (стартапот е малце попор ама не е толку важен) а има додатоци без број а без некои од нив едноставно не се може. Даваш малку на брзина за многу повеќе функционалност.
Фајрфокс без додатоци vs Опера: Операта има повеќе вградени можности, зафаќа помалку меморија а работи со иста брзина како фајрфокс. Но фајрфокс како да си остава место за додатоци па и да ставиш 10 додатоци нема да се успори, а би добил поголема функционалност од кај опера.
Тогаш по брзина се исти (освен во стартапот) фајрфокс има поголема функционалност, но зафаќа и забележително повеќе меморија.
ОК вака беше порано во времето на фајфокс 1.x
Дури го пишував ова си реков дај да ѕирнам што има на интернет за користењето на меморијата. Што најдов, засташувчки работи.
Најкритикуваниот фајфокс досега, (и најдобар досега според мене), 3.5 користи НАЈМАЛКУ меморија. Видете:
http://www.favbrowser.com/browser-m...-safari-4-opera-10-beta-google-chrome-30-dev/
http://avencius.nl/content/firefox-3-vs-opera-950-memory-usage
Готово, батилив и опери и хромој. А мислев да ја снимам операва некој ден.
...
Сепак зависи од комјутер до комјутер. Незнам дали беше во времето на фајрфокс 2 или 3, тогашната опера работеше побрзо на поспори комјутери од фајрфокс. Можно е еден да биди најбрз на поспори, друг на средни и трет да биди најбрз на јаки машини.
Можеби сепак ќе ја испробам операва некој ден. Машината не е проблем кај мене.