Биографијата сега ке ја пуштам:
Образованието го започнува во родниот град. По завршување на прогимназијата школувањето го продолжува во Педагошкото училиште во Скопје. Учителствувањето го започнаува во кумановските села каде почнува да ги шири првите револуционерни идеи. Учителствува до почетокот на
Балканските војни.
Во
1919 станува член на
Комунистичката партија на Југославија. Во текот на 20-тите учествува на повеќе конференции и конгреси на КПЈ. Така, во
1920 г. е избран за делегат од велешката партиска организација на Вуковарскиот конгрес; во
1922 г. учествува на Првата земска конференција на КПЈ во
Виена; во
1924 г. е делегат на Третата земска конференција на КПЈ во
Белград; во
1926 г. учествува на Третиот конгрес на КПЈ во Виена.
На основачкиот конгрес на ВМРО (Об.) во октомври
1925 година е избран за член на нејзиниот прв Централен комитет. Поради својата револуционерна активност, осуден е на седум години робија. По излегувањето од робија, политички се пасивизира.
По окупацијата на Македонија од страна на Бугарија во текот на
Втората Светска војна, Брашнаров повторно станува учител и предава на бугарски јазик, а од 1943 година се поврзува со партизаните. Во мај
1944 година преминува на слободна територија како член на Иницијативниот одбор за свикување на
АСНОМ. Како најстар делегат го отвора
Првото заседание на АСНОМ. Станува потпретседател на Президиумот на АСНОМ и негов повереник за информации.
Во
1948 година категорично ја поддржува Резолуцијата на
Информбирото, со што доаѓа во судир со политиката на КПЈ. Застанувајќи недвосмислено на страната на СССР и
Сталин во спорот. Уапсен е на
11 декември 1950 година и во јуни 1951 е испратен во логорот на
Голи Оток, каде што набрзо, на
13 јули, умира. Каде се погребани неговите посмртни останки сè уште не се знае.
Панко Брашнаров (познат и како
Панко Брашнар) (
27 јули 1883 -
13 јули 1951) е македонски револуционер, роден во
Велес. Член на првиот Централен комитет на
ВМРО (Обединета), потпретседател на
Президиумот на АСНОМ.