Како со наместени тендери се цица буџетот

osa

>>>>>>
Член од
20 јануари 2009
Мислења
816
Поени од реакции
184
samo da se dopolnam.
za da bide toa so stafetata regularno ja predlagam da se raspise tenderce ,pa koja marketing agencija ke si dobie ona neka si ja organizira rodendenskata proslava.

Гвујо тапото со државни пари славеше за да им ги земе парите на дијапорците за "слобода и неменување име"!

А не дувал свеќи дека е ретардиран у муцка и тешко да дувне. Освен ако не се дере РРРРРРРРР!
greska da ne si ,on im gi zema parite u mart za izborite,sega otide da im kaze deka ke gi pusti da glasaat na slednite izbori DOKOLKU GLASAAT ZA NEGO ,I DOKOLKU PLATAT POVEKE OD DOSEGA

OVOJ IZGLEDA I TITO KE GO NADMINE ,U POPULARNOST !!!!
 
P

Princ

Гостин
Апдејт:

Фирмата за маркетинг и промоција „Линк медиа плус“ годинава преку непосредна спогодба добила задача да „произведе“ и панцири за полицијата за околу 700.000 евра. „Дневник“ веќе објави дека истата фирма досега доби три конкурси за МВР (за маици и за ознаки). Од Министерството за внатрешни работи вчера секнаа информациите и документицијата за спроведената постапка за оваа набавка.

Според податоците до кои дојде „Дневник“, „Линк медиа плус“ требала да произведе и испорача 500 балистички елеци и 1.000 заштитни плочи. Еден комплет панцири што ги набавило МВР преку оваа спогодба, кои се со висок степен на заштита, ги платило нешто помалку од 1.400 евра.Неофицијално, вкупната вредност на договорот изнесува околу 43 милиони денари или вкупно околу 697.000 евра со пресметан ДДВ. „Линк медиа плус“ била обврзана во рок од 35 дена од потпишувањето на договорот да ги испорача панцирите за МВР.

Во Министерството велат дека ќе се придржуваат до законскиот рок за слободен пристап до информации од јавен карактер за одговор на нашето барање за потврда на информациите.Ниту во МВР ниту во „Линк медиа плус“ вчера ниту ја потврдија ниту ја демантираа набавката. Тие не откриваат ниту од каде се набавени и кој ги работел 500-те панцири за полицајците.Бизнис-зделките за нешто повеќе од една година што маркетинг-агенцијата ги сработила за МВР изнесуваат еден милион евра.

Ѓорги Вуков, сопственик на „Линк медиа плус“, откако лани од финансиската полиција доби кривична пријава за затајување данок, добил најмалку десетина набавки во државните или општински институции. Работел два проекта за Градот Скопје за дочекот на Новата 2009 година тешки околу 150.000 евра, набавувал униформи за вработените на аеродромите во Скопје и во Охрид, за ЈП „Паркови и зеленило“, соработувал со АРМ, Секретаријатот за европски прашања... Вучков се пофали и дека набавувал ХТЗ-опрема за пет државни институции, а соработувал и со Министерството за земјоделство.

Молк во МВР

Министерството за внатрешни работи вчера не одговори на прашањата на „Дневник“ за набавката на 500 панцири за полицајците, која ја добила маркетиншката фирма „Линк медиа плус“.Одговорот од МВР е:

- Досега бевме коректни и ви дозволивме целосен увид во документација за набавката на маиците. Бидејќи со текстовите за набавките на МВР ги поминавте сите граници на толеранција, од сега информациите за набавките нема да ги добивате експресно. МВР ќе го почитува законот за слободен пристап до информации и ќе одговори на вашето барање во рокот предвиден во законот - објаснија во МВР.

Дневник
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
А ништо не ги коштало дечките од МВРето,директно да си појдат во Прилеп во фабриката 11 Октомври,каде се произведуваат истите панцирни елеци по цена од 700 евра и од каде можеби „Линк медиа плус“ мислела и да си ги порача за да му ги препродаде на МВР по дупла цена.Инаку фабриката 11 Октомври кубури и е пред затворање,работниците едвај составуваат крај со крај,токму од вакви матни зделки,што значи дека оние кој го спровеле тендерот индиректно се виновни и за уништување на Македонската индустрија во сите нејзини сегменти,вклучително и воено-наменската индустрија која порано работеше за цела Југославија и практично одговараше за потребите на многу поголеми порачки одколку овие 500 или 1000 панцирни елеци,за што впрочем и беше отворена оваа тема.Со цел да се намалат или потполно исклучат наместените тендери убаво е вака јавно се продискутира за криминалот во оваа економска значајна мерка како што се државните тендери.:toe:
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.810
Поени од реакции
12.299
За маиците не знам, ваљда нема некоја разлика (голема) во квалитет па така и тендерот е...најверојатно како што велат во весникот. Маици се маици. Но кај панцирот треба да се земе предвид дека има голема разлика во безбедноста за тој што ја носи. Од панцир до панцир... има панцири за различни намени и според тоа и градба, мобилност...можи треба да прашаат прво за која намена им е, за кои единици (ако некој им каже такво нешто:nesvest:). Имаше тешки ко олово и доста лесни, од 3, 4, 5 кила па до 15 и 20 (ако се ставаат плочи), со различно ниво на заштита и различни стандарди, зависно од единицата која го користи...а за што ги земаат :toe: па според тоа и цената не ми е позната...сепак ова некој балистичар би знаел далеку подобро да го процени.
Слично како кацига за мотор. Имаш од 20, 30, 50 евра па до..., за мопед од 50 кубика и за мотор од 200. но квалитетот, сигурноста, удобноста...тоа само моторџија го знае :)
Со ова во старт ниту оправдувам таков тендер ниту осудувам, пошто други параметри не се напоменати, само да посочам на разноликост на панцири.
 
Милојко

Идем Куме Кући
Член од
17 ноември 2008
Мислења
3.072
Поени од реакции
554
Шансите во Македонија да добиш тендер ако си независен е исто ко шансите да ја легнам Моника Белучи :tv::tv:.

Можеби да се деси поштен тендер само ако се работи за некој ситници, иначе кога е во питање поозбилна пара не се надајте.
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Ова со панцириве е очигледна далавера, која е многу индикативна...покажува дека врхушката на власта веќе не се труди ни форма да задржи, што е еден од условите да те сметаат КУЛТУРНА земја можен кандидат...(појма немам зошто) :)
После објаснувањето на детето-министер дека дубарите ги праи зошто се одобрени од Владата, па разни Шведмилци и слично...веројатно влегуваме во време на апсолутна диктатура...
Единствена добра вест е што таквите диктатури кусо траат, иако тоа многу многу, многу не го теши народот кого обично после нешто такво го НЕМА или останува само во трагови... :vozbud:
 
Маиците чинат по едно евро,итоа најквалитетни за таа количина од 20 000 парчиња,а за панцирните елеци кевларските плочки секако ги изработуваат во 11 Октомври,во сите димензии и облици,а и кројачкото одделение ги шие сите сорти на елеци,па одтука овој тендер представува криминален акт доколку тие не се порачаат во таа фабрика,пред се затоа што 11 Октомври е фабрика со доминантен државен капитал,или мислиш дека нашево МВР не е државно како што изгледа со овој криминален тендер?

За тоа си потполно во право.

Додуша во Македонија,диктатурата како по правило опстојува најдолго од сите облици на управување,можеби тоа е и до менталниот склоп на народот.:toe:
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.810
Поени од реакции
12.299
Маиците чинат по едно евро,итоа најквалитетни за таа количина од 20 000 парчиња,а за панцирните елеци кевларските плочки секако ги изработуваат во 11 Октомври,во сите димензии и облици,а и кројачкото одделение ги шие сите сорти на елеци,па одтука овој тендер представува криминален акт доколку тие не се порачаат во таа фабрика,пред се затоа што 11 Октомври е фабрика со доминантен државен капитал,или мислиш дека нашево МВР не е државно како што изгледа со овој криминален тендер?
Нека е така, не се сомневам во нашите изработки или фирми, но имаш панцири од 300-400 долари па до 1500-1600 а можда има и други повисоки и пониски цени. Зависи за што служат, дали за урбани операции, обезбедување, број на плочки... не ги знам целосно овие типови, стандарди и податоци, ова ми е од она што го паметам од ЈНА и сегашните типови.
како што споредив со шлемови/кациги...за 20 евра и за 100 евра...кој е побезбеден, посигурен...и за која намена :toe:
Го спомнав ради споредба, не за да им ги бранам тие зделки...пошто не им ги ни знам зделките, ниту знам кој со кого договара...мојот текст беше во сосем друга конотација.
Овие барем трошат на безбедност, претходно се трошеше на фраерски изглед со рејбанки и часовници :)
 
Ај трошат што трошат, ама овие ја претераа....ЌЕ УМРЕ БЕ КОЊОТ...., да се држеа барем за Марковото КРАЛСКО ПРАВИЛО....:пола пиеш пола на коњот даваш...!!!:)
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.810
Поени од реакции
12.299
пола пиеш пола на коњот даваш...!!!:)
Хаха, можи даваат и на боранија (бамја, грав, сеедно)...да застанам во ред, ама редот...ихааа :)

Кога соодветната комисија (не знам зошто ја викаат антикорупциска наместо комисија за забелешки и поплаки) само дава забелешки, а не апси (како Елиот Нес) џабе е...м.м.е.
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Нека е така, не се сомневам во нашите изработки или фирми, но имаш панцири од 300-400 долари па до 1500-1600 а можда има и други повисоки и пониски цени. Зависи за што служат, дали за урбани операции, обезбедување, број на плочки... не ги знам целосно овие типови, стандарди и податоци, ова ми е од она што го паметам од ЈНА и сегашните типови.
како што споредив со шлемови/кациги...за 20 евра и за 100 евра...кој е побезбеден, посигурен...и за која намена :toe:
Го спомнав ради споредба, не за да им ги бранам тие зделки...пошто не им ги ни знам зделките, ниту знам кој со кого договара...мојот текст беше во сосем друга конотација.
Овие барем трошат на безбедност, претходно се трошеше на фраерски изглед со рејбанки и часовници :)
Види Lurtz,јас сум малку позапознат со можностите на Фабриката за Наменско Производство 11 Октомври во Прилеп и можам да ти гарантирам дека за толкава количина колку што е потребно на МВР ќе изработат било каков панцирен елек,според нивните потреби за перформанси и количини,истото се однесува и при изработката на шлемови.Работата е во тоа што тендерот е даден на некоја маркетинг агенција која ќе заработи дупло или тродупло одколку фабриката која можеби ги има на лагер истите тие панцирни елеци за кој станува збор.Да ти кажам право се сомневам чисто дека и “спорните“ панцирни елеци ќе бидат изработени на друго место,посебно плочките од Кевлар,со таа разлика што преку споменатата фирма победничка на тендерот ќе бидат тродупло наплатени од МВР.:toe:
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Апдејт:

Фирмата за маркетинг и промоција „Линк медиа плус“ годинава преку непосредна спогодба добила задача да „произведе“ и панцири за полицијата за околу 700.000 евра. „Дневник“ веќе објави дека истата фирма досега доби три конкурси за МВР (за маици и за ознаки). Од Министерството за внатрешни работи вчера секнаа информациите и документицијата за спроведената постапка за оваа набавка.

Според податоците до кои дојде „Дневник“, „Линк медиа плус“ требала да произведе и испорача 500 балистички елеци и 1.000 заштитни плочи.
Оваа фирма не можи да произведи заштитни плочи највероватно ќе ги набави како Лон систем од дотичната фабрика која што ја спомна АБЦ погоре. Прво и основно немаат калап за тој панцир, друго немаат машини и технологија за тој панцир, трето не ги знаат соодветните материјали и нивниот соодност во цел производ, петто немаат мајстори кој што ќе го изработат тој производ.
Сума сумарум заштитните плочи се порачани од некоја фабрика која што е специјализирана за такви производи :toe:.
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Оваа фирма не можи да произведи заштитни плочи највероватно ќе ги набави како Лон систем од дотичната фабрика која што ја спомна АБЦ погоре. Прво и основно немаат калап за тој панцир, друго немаат машини и технологија за тој панцир, трето не ги знаат соодветните материјали и нивниот соодност во цел производ, петто немаат мајстори кој што ќе го изработат тој производ.
Сума сумарум заштитните плочи се порачани од некоја фабрика која што е специјализирана за такви производи :toe:.
Сума-сумарум,плочките ќе ги даде Владо Поповски кој е и представник на државниот капитал во споменатата фабрика,и кому намерно не му текнало,дека може да и продаде панцирни елеци на МВР.Најверојатно од “финансиски“ причини.Абе срамој и гревој ќе ги фатат и без да ги проколне Џоле наш.:toe:
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193

Kajgana Shop

На врв Bottom