US Open 2009

  • Креатор на темата Креатор на темата Божино
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.

Божино

4815162342
Член од
27 јуни 2007
Мислења
8.617
Поени од реакции
13.339
Веб-сајт
www.facebook.com
На ред е четвртиот и последен гренд слем за сезонава, почнувајќи од 31 август па надаље.

Турнирот го брани Роџер Федерер (лани беше подобар во финалето од Мареј), кој штотуку го освои Мастерсот во Синсинати и е во одлична форма. Истото може да се кажи и за Надал кој сеуште не е во топ форма, но покажа на последните два мастерси дека држи ритам со тенисерите во врвот на АТП листата... Џоковиќ исто така покажа дека може да биде закана, а Мареј е според мене најголем кандидат за титулата на овогодинешниот US Open, иако навивам за Федерер.

Од женскиот дел, Клајстерс се враќа! И таму ќе биди интересно...
Па... ваши прогнози и видувања? :vozbud:
 
Кај мажите очекувам доминација на Мареј и на Федерер ако не и нивно финале.Надал изјави дека не е подготвен доволно и уште ја чуствува повредата и неговите фанови да не очекуваат многу од него на овој турнир.Исто така тука ќе се замеша и Дел Потро кој одмараше на турнирот во Синсинати поради замор и ќе биде повеќе одморен исто така тој знае да стигне далеку на некој од турнирите.Тука е и Џокович заедно со Гонзалес се фаворити од сенка кој можат да изненадат секој тенисер.
Кај жените навивам за Сафина и очекувам овој турнир да е нејзин секако тука е и Дементиева очекувам повторно руско финале да ги нема циганките.
 
Па очекувам многу неизвесен турнир.Кај машките според мене би требало Федерер да тепа, доколку кај женските триумф на Сафина.:)
 
Многу кандидати има за трофејот и кај мажите и кај жените.Федерер,Мареј,Надал,Џоковиќ,Дел Потро,Родик,кој и да го освој од овие нема да биде изненадување.Навивам за Џоковиќ,но мислам дека може Надал да го освои единствениот Грен Слем што го нема освоено.

Кај жените Клајстерс ми е фаворит,но не верувам на првиот Грен Слем што настапува по кам-бекот да го освои.Сафина не верувам да го освои,па мислам дека Венус,Серена и Кузнецова ќе бидат главни фаворити.
 
Кај машкиот дел очекувам да се повтори финалето од Синсинати, но победникот да биде србинот. А кај женските, мислам дека е редно да се разбуди Јанковиќ.
 
Јас сакам кај машките финале Федерер - Надал,и секако Федерер да победи :icon_lol: а кај женските сакам Иванович или Шарапова,но никак да се отпишат и сестрите Вилиамс. :toe:
 
Уф едвај го чекам УС Опен. Очекувам одличен тенис, каде што ќе доминираат Федерер и Мареј кај мажите. Надал мислам дека нема да успее да го освои УС Опен па да ги комплетира сите четири. Се виде на досегашните натпревари дека сеуште има последици од повредата идека нема да може да играа во таа форма во која играше пред Ролан Гарос. Џокович може да изненади од позадина но и тоа не верувам да се случи и се на се сумирано кај мажите очекувам дека трофејот ќе го подигне Федерер.
Во врска со жените мислам дека Сафина нема да успее да докаже зошто е на првото место на ВТА-листата и дека сеуште ќе остане без ниту еден освоен гренд-слем. Туку мислам дека ќе доминираат Вилијамс сестрите и можеби Кузњецова или Дементиева. Другите мислам дека ја немаат таа кондиција и форма за да успеат да се натпреваруваат против овие. Иако можеби може да изненади Иванович и до некаде Шарапова, но тоа ќе биде многу тешко.
Како и да е одличен гренд-слем ќе биде ова со одлични натпревари.
 
Кај машкиот дел очекувам да се повтори финалето од Синсинати, но победникот да биде србинот. А кај женските, мислам дека е редно да се разбуди Јанковиќ.

Теоретски не е можно ова, пошо доколку победуваат и двајцата, ќе се сретнат во полуфиналето. :)
 
во женскиот дел на турнирот очекувам во финале да играат јелена јанкович и една од сестрите вилијамс, а баш би сакал да изненади некоја русинка како на пример дементиева но не ми се верува

а за кај мажите мислам дека енди мареј ке го гледаме во финале ,а другиот финалист би требало да биди или ѓокович или федерер
 
Да, ме поремети турнирот во Синсинати. :) Како и да е очекувам да го освои турнирот.
 
Сега ке падне Џоковиќ рано сигурен сум. Пак ке се надевам дека има шанси да го освои Надал, на првите натпревари да добие ритам и додека може да стигне до тогаш и да изгуби не е страшно, ама не верувам.
Очекувам лесно минување на првите кола за Федерер да се надевам дека ке се сретне во финалето со Надал, и да ги видиме и двајцата во финале после долго време, па нека победи подобриот тогаш!
Со среќа Рафаел Надал!
 
Јас се надевам дека Таткото - Федерер ќе освои!!!!!!!!!
 
Од мажите очекувам Федерер да победи ... А од дамите очекувам некоја од сестрите Вилјамс...
 
Јас сум лично за Федерер, ама типувам на Мареј. Дечкото е во животна форма и реално има најголеми шанси.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom