Првата македонска Банка?!

  • Креатор на темата Креатор на темата Bratot
  • Време на започнување Време на започнување

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Веб-сајт
www.macedonianspark.com
Префрлувајќи и прегледувајќи ги документите во архивот на покојниот татко, Илија Ризов од Битола меѓу другите документи го пронашол и овој чек на Македонска народна банка а.д. Од кажувањата Ризов, дознал дека оваа банка била формирана околу 1935 година во Софија, од луѓе со македонско потекло.
Дури некои тврдат дека банкарите – Македонци потекло водат од Галичник.

Во тоа време на овие простори имало околу 300 банки, главно во рацете на англискиот, францускиот и германскиот капитал, но досега не се знаело дека има македонска банка.
Карактеристично е дека чекот е издаден во Софија и вредноста е во левови, меѓутоа на него јасно и прецизно е нацртана етничката карта на Македонија.

chek.jpg
 
Вакви архиви ги има многу во Македонија. Штета што потомците на овие луѓе ги зафрлаат овие документи кои се многу битни за Македонците. ваквите архиви под итно треба да се дигитализираат и чуваат како база на податоци од која сите ние ќе имаме корист!!!

Доколку некој е заинтересиран за дигитализација на архиви, ние од Македониум сме отворени за да помогнеме...
Префрлувајќи и прегледувајќи ги документите во архивот на покојниот татко,...
 
Македонската кооперативна банка и Македонската народна банка се создадени по инициjатива на ВМРО на Ванчо Михаjлов за потпомаганье на Македонските бежанци во Бугариjа.
 
Добро, остави некој извор, одлука и сл.

Меѓу подписниците на Писмо от б'лгарски обштественици до турскија минист'р-председател Исмет Иньонју с молба за б'де разрешено на Ив. Михајлов да напусне Турција. од јули 1936

ги гледаме и
Хр. Арсов - член делегат на Македонската народна банка
Ст. Стојков - директор на Ма­кедонската кооперативна банка
 
Не е битно од кого и како е оформена ... битно е шо е МАКЕДОНСКА (не е бугарска грчка српска или незнам каква) и битна е мапата на чекот .... :toe:
 
Мапата и тоа МАКЕДОНСКА е најважно,него гледам пред некој ден гејциве нашле поштенска марка кај што е Македонија во склоп на СХС и е пишана како Вардарска(бановина),и демек тоа претставувало многу важен доказ,бог да чува,они наоѓаат една ''поштенска марка'' и тоа Господ знае од каде и на кој начин снабдена и ја објавуваат во весници,а ние при толку докази и тврдења слободно можеме библиотека да отвориме,туку толку се заинтересирани нашиве ''новинари'' па попаметна работа од црна хроника и папарацо слики немаат.:tapp:
 
Мапата и тоа МАКЕДОНСКА е најважно,него гледам пред некој ден гејциве нашле поштенска марка кај што е Македонија во склоп на СХС и е пишана како Вардарска(бановина),и демек тоа претставувало многу важен доказ,бог да чува,они наоѓаат една ''поштенска марка'' и тоа Господ знае од каде и на кој начин снабдена и ја објавуваат во весници,а ние при толку докази и тврдења слободно можеме библиотека да отвориме,туку толку се заинтересирани нашиве ''новинари'' па попаметна работа од црна хроника и папарацо слики немаат.:tapp:

Тоа со значката е најголемата глупост која можеле да ја направат:

Од 1929 година, Кралството Југославија беше поделено на девет нови провинции (геог. подр.) управувани од Бан – административен управник назначен од кралот, а географските подрачја кои потпаѓале под неговата управа биле наречени Бановини или Банати.
Нивните граници намерно беа поставени на тој начин да неможат да кореспондираат, одговараат на етничките граници или на империјалните граници пред Првата С.В.
Имињата ги добивале според различните географски маркери, а најчесто според имињата на реките. Незабележителни промени беа направени во граничните предели со новиот Југословенски Устав од 1931.
Меѓутоа, она што нас не интересира, а што многу ефективно ја отсликува грчката игнорантност, се имињата на деветте бановини:




1. Дравска бановина ( делови од Словенија )


2. Савска бановина (центр. Хрватска со Славонија)


3. Приморска бановина ( Далмација )


4. Врбашка бановина (Западна Босна )


5. Дринска бановина ( Источна Босна и дел од Србија )


6. Дунавска бановина ( Војводина и мал дел од Србија )


7. Моравска бановина ( Источна Србија и половина Косово )


8. Зетска бановина ( Црна Гора и делови од Хрватска, БиХ и Косово)


9. Вардарска бановина ( Р.Македонија и делови од јужна Србија и Косово)


Што значи дека НИТУ ЕДНА бановина не го носела името на некоја од денешните постоечки држави и нации како Словенија, Хрватска, БиХ, Црна Гора, Србија и Македонија.
Имињата биле давани според теченијата на најголемите реки во даденото географско подрачје.


Според Грчката логика, овој нивен т.н. “аргумент“ ги брише сите поранешни Југословенски народи.​

http://www.mn.mk/index.php/aktuelno...e-dokaz-za-grcija-deka-makedonija-e-vardarska
 
Не е битно од кого и како е оформена ... битно е шо е МАКЕДОНСКА (не е бугарска грчка српска или незнам каква) и битна е мапата на чекот .... :toe:
Битно е, како не. Македонскиот научен институт исто е македонски, основан од Македонци. Е на таков начин Македонската банка во бугарската престолнина е македонска :helou:
 
Битно е, како не. Македонскиот научен институт исто е македонски, основан од Македонци. Е на таков начин Македонската банка во бугарската престолнина е македонска :helou:

Картата види ја.Интересен е источниот дел:vozbud:
 
Како да не се знае, па знае се. Еве што пишува во Алманахот на бугарските национални движеньа после 1878:

admin_185.jpg


o6mk9g.jpg


25jwdw5.jpg


Уставот укажува дека членови можат да бидат "п'лнолетни б'лгарски граждани само от македонски произход, без разлика на националност". Дали е тоа етничко или географско определуванье? :nesum:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom