Уште една финансиска криза?

  • Креатор на темата Креатор на темата ^X^
  • Време на започнување Време на започнување
треба само малку стрпливост.Раката на правдата ќе ги стигне сите

Кога? Советуваш да го чекаме судниот ден кога Христос ќе им ги мери греовите на сите, и секому ќе му даде според заслугите, или пак сериозно планираш правдата да стигне нешто порано од тоа?

Не мора раката на правдата да ги стигне сите, ама барем Лјубчо да го почеша малку... толку ли нема ниеден патриот со мадиња?
 
Кој беше тој?Зар веќе не го стигна правдата со казната да биде исфрлен на ѓубриштето од Македонската историја?Или сеуште некој верува во неговата слава и ќе им го представува на внуците како голем јунак?
Слично нешто ги очекува и другите кој ќе се дрзнат да го валкаат името на партијата,без разлика дали моментално се председатели,серетари или било какви други функционери во самиот врв на ВМРО-ДПМНЕ.:toe:
 
Ај не заебаај, мува не го лази...пун пара ко брод...го гледам ослабен , веројатно има приватен нутриционист...:) ПРИМЕР за сите Македонски политичари, КАКО ТРЕБА ДА СЕ СРЕДАТ СОПСТВЕНИТЕ ПОТРЕБИ..ги забораивте Маноли, Пацоли..Трала-лоли??? Рафинерија, Телеком..борби за човекови права & друго.., ако дојде до народно гласање за неговата глава, мојот палец е надоле... :)
 
Еве некои негови цитати (Дискутира за неговата книга, Најголемата тајна), па процени:
Види теоријата дека животов на планетава земја е настанат од вонземјани не е оригинално негова, има и други кои што го тврдат тоа и не би ја отфрлил така лесно.

Него не е тоа темата, се сеќавам на моја седум или осум годишна возраст го прашав татко ми како банките ги заработуваат своите пари? Вака некако одеше прашањето: Ти работиш во фабрика и работиш таму правиш нешто кое што фабриката го продава и добива пари и од тие пари добиваш плата, па тие пари ги носиме во банка на штедење, таа банка не работи ништо, па парите наши ќе ги потрошат на плати. Мене како бистар клинец не ми беше јасно како банката ги заработува своите пари кога не произведува ништо, па да ги плати своите вработени. Не знаеше ни татко ми одговори конфузно.
Има антимонополски комисии за се и сешто, само за парите има монопол. Иако прочитав некаде дека во некои сојузни држави во САД во помали гратчиња почнале да печатат сопствени валути кои што можат да си ги употребат во локалните продавници во своите заедници.
 
...
Иако прочитав некаде дека во некои сојузни држави во САД во помали гратчиња почнале да печатат сопствени валути кои што можат да си ги употребат во локалните продавници во своите заедници.

Значи и Американците почнале да учат од Ѕинго.
 
Ај не заебаај, мува не го лази...пун пара ко брод...го гледам ослабен , веројатно има приватен нутриционист...:) ПРИМЕР за сите Македонски политичари, КАКО ТРЕБА ДА СЕ СРЕДАТ СОПСТВЕНИТЕ ПОТРЕБИ..ги забораивте Маноли, Пацоли..Трала-лоли??? Рафинерија, Телеком..борби за човекови права & друго.., ако дојде до народно гласање за неговата глава, мојот палец е надоле... :)

Види,гласањето за такви личности одсекогаш било тајно,ама правично.А правдата ќе ги стигне сите кој барем малку го извалкале името на државава преку моментално високата партијска позиција.:toe:
 
За да почуствува Македонскиот народ криза треба да му било добро пред тоа, јас не знам кај нас да било добро кога од секогаш е за никаде...

Дада и јас исто кај нас од секогаш било за никаде :toe:
 
Види теоријата дека животов на планетава земја е настанат од вонземјани не е оригинално негова, има и други кои што го тврдат тоа и не би ја отфрлил така лесно.

Него не е тоа темата, се сеќавам на моја седум или осум годишна возраст го прашав татко ми како банките ги заработуваат своите пари? Вака некако одеше прашањето: Ти работиш во фабрика и работиш таму правиш нешто кое што фабриката го продава и добива пари и од тие пари добиваш плата, па тие пари ги носиме во банка на штедење, таа банка не работи ништо, па парите наши ќе ги потрошат на плати. Мене како бистар клинец не ми беше јасно како банката ги заработува своите пари кога не произведува ништо, па да ги плати своите вработени. Не знаеше ни татко ми одговори конфузно.
Има антимонополски комисии за се и сешто, само за парите има монопол. Иако прочитав некаде дека во некои сојузни држави во САД во помали гратчиња почнале да печатат сопствени валути кои што можат да си ги употребат во локалните продавници во своите заедници.
Имаш пари кој што во моментот не планираш да ги трошиш и ги ставаш во банка. За парите што ќе ги ставиш во банка, добиваш камата. За да може ти да земеш камата, банката мора твоите средства да ги пласира, како кредит со уште повисока камата. При тоа банката треба да се обезбеди дека кредитот ќе биде вратен, па мора да го испитува бонитетот на оној на кого му ги дава парите, да обезбеди хипотека која што ќе може да ја наплати ако кредитобарателот не ги враќа парите итн.
Значи банката нуди услуга. Не произведуваат и затоа ги сметаш за паразити, но... Во развиените земји колкав е процентот на вработени во производството, а колкав во услужниот сектор. (Трговски, финансиски, маркетинг... услуги). Ти гарантирам дека оние што нудат услуги се далеку побројни. Може ли без нив? Ни случајно! Подобро е да пропадне некоја фирма, отколку банка.

Вредноста на парите во однос на парите од другите земји се утврдува пазарно, на менувачкиот пазар. Ако централната банка поради Х причини почне да штампа пари, парите ја губат својата првобитна вредност и ќе побрзаш до првата менувачница да ги замениш, во валута во која што имаш доверба.
Истото важи и за САД. Доларот ја има улогата на главна резервна валута, во која што добар дел од државите ги чуваат своите девизни резерви. Со тоа на САД им овозможува да имаат големи дефицити. Но ни оваа улога на доларот не е од бога дадена. Се работи за доверба...И затоа што Американската економија е повеќе од 1/4 од светската економија. Ако биде нарушена довербата ќе премине кај друга валута (валути). (Слично како и во случајот кога валутата во која што ги чуваш парите, почне да губи од вредноста и ти ќе побрзаш да ја замениш).

Дека печателе пари (или бонови) некои градови во САД, не сум во тек.
 
Имаш пари кој што во моментот не планираш да ги трошиш и ги ставаш во банка. За парите што ќе ги ставиш во банка, добиваш камата. За да може ти да земеш камата, банката мора твоите средства да ги пласира, како кредит со уште повисока камата. При тоа банката треба да се обезбеди дека кредитот ќе биде вратен, па мора да го испитува бонитетот на оној на кого му ги дава парите, да обезбеди хипотека која што ќе може да ја наплати ако кредитобарателот не ги враќа парите итн.
Значи банката нуди услуга. Не произведуваат и затоа ги сметаш за паразити, но... Во развиените земји колкав е процентот на вработени во производството, а колкав во услужниот сектор. (Трговски, финансиски, маркетинг... услуги). Ти гарантирам дека оние што нудат услуги се далеку побројни. Може ли без нив? Ни случајно! Подобро е да пропадне некоја фирма, отколку банка.
Типот тврдеше дека за 1 долар депозит банките кај нив (највероватно се мисли на САД и Британија) може да издадат кредит во вредност од 10 долари и на тоа да земат дебела камата.
Не знам дали е вистина или не, него прашањето ми е за нашиве банки од депозит од 1 денар во колкава денарска вредност множе да издадат кредит?

Значи и Американците почнале да учат од Ѕинго.
Разликата помеѓу Ѕинго и нив е тоа што Ѕинго со боновите создаваше монопол, додека тие разбиваат монопол т.е. не ги трошат парите во големите бренд светски имиња кои што ќе ги изнесат парите којзнае каде, туку ги трошат во локалните продавничиња и со тоа ја помагаат локалната економија, затоа што средствата остануваат во заедницата :toe:.
Имало вакви случаеви и за време на големата светска депресија во дваесеттите и триесеттите години на минатиот век.
 
Тоа мислам беше за централната банка ПРИВАТНИТЕ федерални резерви, не за комерцијалните банки.
Банките ако правеа пари само од разлика меѓу позајмици убаво ќе беше.Права утопија хахаха. Од времето на Џон Лоу наваму...штанцерај-магија...

Ако централната банка поради Х причини почне да штампа пари, парите ја губат својата првобитна вредност и ќе побрзаш до првата менувачница да ги замениш, во валута во која што имаш доверба.

Прво штампа,рајата се радува има повеќе пари извесно време,инфлацијата чука на врата,централната банка потоа повлекува дел од парите во оптек и рајата си ја чука главата од најблискиот ѕид.

Или во превод економска криза...
 
Тоа мислам беше за централната банка ПРИВАТНИТЕ федерални резерви, не за комерцијалните банки.
Банките ако правеа пари само од разлика меѓу позајмици убаво ќе беше.Права утопија хахаха. Од времето на Џон Лоу наваму...штанцерај-магија...

Прво штампа,рајата се радува има повеќе пари извесно време,инфлацијата чука на врата,централната банка потоа повлекува дел од парите во оптек и рајата си ја чука главата од најблискиот ѕид.

Или во превод економска криза...

глупа раја...јеби га....:)
 
И заговор ли е? (според Дејвид Ајк)
Најбогатите (и држави и поединци) се и најголемите губитници од кризата? Да не имаат синдром на самоуништување?
http://www.mia.com.mk/default.aspx?vId=62833592&lId=1&pmId=503

Зошто и како до финансиска криза: http://mk.wikipedia.org/wiki/Финансиска_криза
 
Според Дејвид,поголем губитник е оној кој од 100 милиони евра ќе изгуби 50,па ќе му останат “само“ 50 милиони,одколку оној што имал 1 евро,па ќе умре од глад кога ќе го изгуби со кризата.:pos2:
 
Него прашањето ми е за нашиве банки од депозит од 1 денар во колкава денарска вредност може да издадат кредит?
Знае некој одговор на моето прашање?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom