Шкотска - Македонија 2-0

  • Креатор на темата Креатор на темата Ddime
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Чекајте бе, доста со тоа влечел по 2-3 играчи!! Што фајде имаме ние од тоа? Два на еден излагаат и не му текнува топка да даде, сака самиот да даде гол. Е тогаш да беше 0-1 ќе се прашавме каква ќе беше ситуацијата. Влечел по 2-3 играчи, па преку к*р ако влечел. Нека ви текне само, или гледајте ХАЈЛАЈТС ОД СИТЕ НАТПРЕВАРИ во квалификацииве, и ќе сфатите за што зборим. На секоја утакмица најмалку по една 100% шанса усра...ама не Пандев влечел по 2-3 играчи и затоа бил најјак.
Се додека се останатите играчи околу Пандев обични шупаци, ќе мора истиот сам да се снаоѓа со соло потези... Со самиот факт што на него навлекува по тројца играчи останува празен простор што НЕМА кој да го искористи, затоа што Наумоски и Стојков се на тие позиции... Единствено Пандев ја зема одговорноста да шутне кон гол, другиве се само за украс очигледно.:toe:
 
Очекувани реакции од луѓе што не го познаваат фудбалот, Гордон го затвори аголот, врвни напаѓачи промашуваат, али Пандев не смее. :tapp:
 
Abe dajte neka go izbrkaat onoj sumulikovski, mi se povraka ne mozam da go gledam veke, serle, ja zaeba cela utakmica, da ne go pcujam.
 
Dobro be strucnaci Pandev promasi edna sansa a Gorgievski kade e Gorgievski koj po asistencija na Pandev bese vo tri pati podobra pozicijaod Pandev, a kade edrugar vi od Konjari Sedloski... Koj bese kriv za vtoriot gol ne se sekavam povtorno Pandev??? pa kade bese odbranata pri prviot gol... gi ostavija da si dodavaat na 20 metri od nasiot gol... i za toj gol da ne bese kriv Pandev...Pandev pa Pandev pa prekinete so toa spomnete gi i drugite a ne samo Pandev aj pozdrav
 
Која е позицијата на Пандев во Лацио и во овој тим ? Дали Пандев игра позиција на Пипо или Ибра, дали Пандев е класичен шпиц играч, расен стрелец кој од 2 шанси дава 2 гола ?

И ок, едно е да велите дека греши, и јас искоментирав дека изигра себично во таа ситуација, али ДРУГО е да сте за негово неиграње во овој тим, стварно патетично звучи, смешно, непромислено со оглед на фактот дека тек без него сме тиња, и ти и сите останати кои удривте постови за негово неиграње во тимот го знаете тоа .

Стојков беше во офсајд кога ја прими топката Пандев не смееше да игра со него.

Може да се најдат многу мани тоа е најлесно. Но на темава не може да има критичка анализа и простор за здрави размислувања.

Плукачки одред: ви ја оставаме вам. Навалете!
 
Епа кога другите се плашат да тргнат повеќе од 2 чекори напред кој им е крив? Сите гледаат него да го проиграат, што е тој крив што си има наметнато статус на најдобар поединец и најголема ѕвезда во Македонската репрезентација.
Промашува, не велам не, ама има многу направено за Македонија и после Панчев најпознат македонски фудбалер е Пандев и не вреди да се плука по човекот.

Епа тоа е финтата што и покрај што губиме вие кажувате дека он играл убаво и е најдобар македонски фудбалер, кажете реално како беше и дали навистина играше добро како и останатите фудбалери, и ред други фудбалери играле за своите репрезентации ама ако имаат пад на играта и не реализираат вакви шанси мислиш ќе ги толерираат како во Македонија е тоа тешко дека ќе го сретнеш на друго место, а за одбраната да не коментирам швајцарско сирење никогаш послабо нема изиграно.
 
Пвторувам дека јас несум за Пандев да не биде во Прв тим и дека е негова сета вина што Македонија Изгуби ,,ама е Жално што никогаш не можеме да изненадиме и да си ја искористиме Шансата
 
Тоа тие кога одбраната ти е 35 годишна...Седлоски, Новески, Митрески овие 3 треба да си одат од Репрезентација...Немаат кондиција да трчаат...Новески го дриблаат како 10 дете, сите викавте дека слаба е одбраната на Шкотска, тоа можда е вистина, ама нашиот среден ред и нападот се нашите добри страни, а како што знаете нападот е најдобрата одбрана! Имавме добри шанси кои не си искористивме на пр. Пандев во 51 мин, Горѓиески во 70 мислам, кога бевме 0-0 имавме 3 шанси 3 на 3 кои не ги искористивме, а кога дадов Шкотска гол сите им играат назад, епа не се прости Шкотите, кај ќе даиш гол, кога сите застанале пред голман, само 2 напред...И пак ќе повторам дека старите треба да занимат, Седлоски, Новески, Митрески, а и голманот Николоски...
 
Пеер добро не замарајте олабевете.Кога тепаме чиниме кога губиме не.


И вие не знаете што сакате.:nesvest:
 
И многу ме нервираше тоа што нашите претеруваа премногу ја враќаа топката на Јане Николовски ебате цело време назад му ја враќаат само :nerv::nerv:
 
Толку ни се силите, едно полувреме и после тапа... ако дадеме гол во тоа прво полувреме можда ќе биде нешто, ако не ништо. Покажаа добра игра прво полувреме и некои добри акции во второ, но не успеавме да постигнеме гол, па затоа шкотите со два напади не казнија.

Повеќе среќа, за следните квалификации за ЕП.
 
Можам само да кажам дека себичноста на пандев до сега многу утакмици не чинеше ако не победа или нерешено туку постигнување на гол. Зашто ова го зборувам, затоа што коментаторот кажа податок дека од 2007 год на натпреварот со хрватска до сега, значи повеќе од две години не сме дале гол на гости, ееејјј аалоооо знаете што значи тоа? Епа ајде сами кажете каква репрезентација сме.
 
толку ни е знаењето :) само мене ми се чини или на секој натпревар после 60-минута сме како забавена снимка? полош фудбал амин, да гледаш дека не може да стрча по топка..ама сепак Напред Македонија...
Кога изигравме со исланд 0:1 реков..: Зошто не ни ги подгреат надежите..и барем до крај да мислиме дека имаме шанса..а новите квалификации кога се? за една година од сега?бооо ке се изначекаме за да гледаме фудбал :)
 
Стојков беше во офсајд кога ја прими топката Пандев не смееше да игра со него.

Може да се најдат многу мани тоа е најлесно. Но на темава не може да има критичка анализа и простор за здрави размислувања.

Плукачки одред: ви ја оставаме вам. Навалете!
Има ситуации кога не го свират тоа иако реков, можно е и на Пандев во тој момент од секунда да му се увртело тоа во глава, па решил сам да завршува .
 
После тоа смееше да проигра со Стојков. Претходно беше во офсајд, но бидејќи топката дојде во контакт со друг играч, можеше слободно да се проигра Стојков. Ама тоа е, Пандев е еден и ако некој треба да даде гол и да излезе херој, тоа е тој.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom