Уште три македонски клуба сомнителни за местење резултати

  • Креатор на темата Креатор на темата DimceY
  • Време на започнување Време на започнување
Вујчиќ: Македонија се претвора во земја на кодоши

Будали се тие што најавија истрага против Вардар, будали се и тие што им го кажале тоа. Ако УЕФА е организација која се занимава со невистини и шпекулации, тогаш тоа е жално за европскиот, па и за светскиот фудбал“, реагира Слободан Брацо Вујчиќ, поранешен спонзор на вардарци, човек што го финансираше нашиот најтрофеен клуб во моментот на одигрување на мечот со Анортозис, за кој УЕФА преку својот главен инспектор, Герхард Капел, во понеделникот, најави истрага за веродостојноста на резултатот од истиот.

„Можам да кажам дека УЕФА се распрашуваше за мечевите со Елбасан во квалификациите за Куп УЕФА во 2005 година, но ова со Анортозис е смешно, да не ерчам несериозно. Јас не знам како може да биде спорно кога послаб тим ќе загуби од објективно подобар, од тим со буџет од 10 милиони евра, од тим кој стигна до фазата по групи во Лигата на шампионите. Вардар во двата натпревара со Анортозис загуби со 1:0, во Скопје прими гол во 89 минута од офсајд, а романската судиска тројка доби слаби оценки и оттогаш не суди“, вели Вујчиќ.

Македонската фудбалска јавност е шокирана од најавите на УЕФА претставникот Капел, луѓето со право се прашуваат дали е можно половина од нашата прва лига да се најде на тапет во Нион. Зарем дотолку сме морално загубени во простор и време, зарем исходите на најголем дел од мечевите се однапред договорени како што некој тоа сака да го претстави, зарем нашите клубови цела година си играат со буба-марата по нашите тревници за само едно појавување во Европа на кое се гледа како можност за извлекување лична корист на поединци, а не за подигнување на клупскиот и национален рејтинг и за сопствена промоција и афирмација. Па, сега е сомнително кога наш клуб ќе победи, сомнително е кога ќе извлече реми, сомнително е кога ќе загуби, без разлика дали против себе има посилен тим, тим кој е на исто рамниште како нашиот или тим послаб од нашиот. Излегува дека се е сомнително. И не само на клупски план туку и на репрезентативен по најавите дека под истрага ќе се најдат и мечеви на македонските национални тимови.
F7D0019E64960049BEE5941143DA1E30.jpg

Момент од спорниот меч за УЕФА меѓу Вардар и Анортозис

„Вака повеќе не може. Македонија се претвора во земја на поткажувачи, кодоши, шпиони, а УЕФА во организација која им верува на се' и сешто што ќе кажат. Ме интересира дали тие што обвинуваат за лажирање и нивните овдешни поткажувачи ги гледале мечевите за кои зборуваат. И јас како спонзор во фудбалот сум заинтересиран за расветлување на проблемот еднаш засекогаш. Притоа не сакаме да се применуваат двојни аршини, едни да се казнуваат, а други ниту да се споменат“, размислува Вујчиќ.

Некој ќе мора да иницира средба и тоа итна, ако треба тоа нека го стори и Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), прволигашите да се соберат на едно место, да се одржи состанок, да се разговара, да се покаже единство на оние кои се обидуваат да вперат прст во мак-фудбалот кој и онака е со низок квалитет. Индолентен однос и евентуални казни и суспензии ќе го дотолчат и она малку фудбалско што живурка и едвај егзистира во Македонија. Не дека нема простор за сомневање во одредени натпревари, но сомнежите барем да бидат легитимни, а доказите веродостојни. Ако се докажат ќе мора да следуваат и казни и тоа драконски, од типот на Победа (осумгодишна забрана за настап во европските фудбалски купови), нејзиниот претседател Александар Забрчанец-Ацуле и поранешниот фудбалер, капитен и тренер на прилепчани, Николче Здравески кои добија доживотни забрани за вршење било каква функција во фудбалот.

Клубовите, па и репрезентацијата, се вовлечени во каша која произлезе од домашна фудбалска кујна на чело со Миленко Неделковски. Структура која се обидува да укаже на неправилности во мак-фудбалот по секоја цена и притоа не бира начини и методи и не жали средства за остварување на целта.

извор:утрински весник
 
Maкедонски спорт појма немаат, вестиве ги дознаваат по еден месец :kesa:
за новиве случаи други знаеја уште во јули

Кои се тие други? Медиуми или луѓе? Сите знаеме за местенките, не од пред 1 месец, уште поодамна. Ама за да се објави јавно, треба нешто поопипливо како доказ.
Мала држава сме и скоро сите заедно имаме барем еден заеднички пријател. Така лесно се шират информации. И јас имам слушнато за некои местенки и тоа директно од фудбалери, а за некои местенки од луѓе блиски до фудбалерите.
Преку qr ми е од такви работи веќе. Одам да гледам домашен фудбал кој е со мизерен квалитет, па зарем и тоа да ми го одземат со тие местенки??

Сите ги напаѓаат таканеречените „кодоши“, а никој не застана со став дали го поддржува местењето и оваа мизерија!?
Мислам дека на сите ни е јасно како функционираат тие местенки. Ние сме само пиони. Победа не местела по своја желба. Сигурно на Ацуле (и на останатите недокажани случаи) му дошол некој манга од Грција или Србија или Бугарија и му понудил пари за да намести или пак го присилил на тоа. Опасни се тие кругови. Не можат во своите земји па затоа сме им ние на мета. Ние, Босна, Албанија ...
 
Vo fudbalot od sekogas ima mestenje ama otkako pocnaa kladilnicite da rabotat se zaboravija.
 
токму така луѓе кои знаат многу повеќе од мене и од тебе и имаат докази

и тоа балдираното сосема си во право
луѓето не прават ништо лошо, само ги откриваат лошите работи
па сега судете кој е лошиот
оти еднаш засекогаш треба да запре овој криминал во фудбалот
 
финале Вардар - Победа сигурно местена и не се сомневаам во тоа
Динамо - Ренова 2-1 прва утакмица 1-2 втората неверојатно нели
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom