Како магионичар, лукаво и заблудно нашиот маестро во средината на теренот прави будали од светот кој гледаат погрешно на настаните. Додека секој дискутира за Кристијано и Лео, ЧАВИ ХЕРНАНДЕЗ тајно работеше настрана за неговиот нов трик - крадење на титулата најдобар фудбалер на денешницата од оние кои што се наречени најдобри во светот.
Чави никогаш не бил типуван како најдобар. За него ретко некој има зборувано дека ќе биде толку сјаен фудбалер. Додека другите фудбалери ги покажуваат своите индивидуални вештини и способности преку фудбалски трикови и финти, Чави ги освојува срцата на фановите со својата интелигенција и смиреност.
Тој е достоинствен и чесен човек. Смирен, опуштен, речиси вљубен во топката, Чави му покажа на светот како се игра утакмица. Но сепак не е до човекот, туку до тимот, степенот на работа, техниката и најважно од се страста. Додека Стивен Џерард или Френк Лампард се ѕвезди, но за коли и пари, Чави го зазема местото во елитата на најдобри фудбалери. Некогаш понижената фамилија од Тераса е сега пример за сите други.
Тој нема потреба од модерна облека, ноќни клубови, фотосесии .. дури и награди. Фудбалот е неговата награда. Сите се прашуваме, зошто му требаше толку време на светот да сфати дека станува збор за еден од најдобрите средни играчи во историјата на фудбалот?
После многу време поминато во Барселона, Чави исто така беше клучниот играч за Шпанија на Европското Првенство 2008г. Од тогаш „акциите“ на Чави нагло почнаа да растат. Освои тројна круна. Освои 6 титули во една календарска година. Подоцна Шпанија се квалификува на СП. Скоро секогаш моторот на Барса беше таму: непретенциозен, достоинствен, држејќи ја топката близу до него, овозможувајќи му на другите околу него да блеснат на натпреварите.
Со природна дарба на спокоен човек, Чави е тој што го прави тркалото во игрите да се движи, движи и движи... Знае дека топката е клучот и не и дава да му избега од нозе, ја држи и прави неколку едноставни додавања. Не се брза да го открие својот талент. Напротив, тој чека и чека, и кога ќе дојде време тој го почнува своето шоу; топка низ изглени уши, во простор во кој што никој не може да додади, преку комплетната одбрана на противникот... на вистинското место во вистинско време, Барса (читај Шпанија) дава гол... Гледајќи го него, гледаме човек кој е заљубен во играта. Благословени сме да го гледаме неговиот квалитет и смиреност на теренот.
Сите мислат дека најдобрите во играта полека се откажуваат, ги совладува турбо-животот, фамата и богатството. Но Чави одлучи да се отргне од вишокот уживање и тотално да се препушти на фудбалот.
Дали е најдобар во светот и дали ги надминува легендите како Гвардиола, Зидан, Верон допрва ќе се види. Но дали неговата смиреност си го прави своето, дали треба да пресече и светот навистина да се увериme дека е најдобар?
Ако е така, тогаш сигурно ќе кажам дека ова нема да влијае на наклонетоста што ја имаме ние фановите кон него. Тој веќе е легенда, може да се споредува рамо до рамо со Кројф, Гвардиола и Кубала. Тој е нашиот плејмејкер, тивко темпиран метроном кој го прави оркестарот околу него да пее, најдобро што може. Зошто се прашуваме дали Меси е подобар од Марадона или обратно кога го имаме ОРИГИНАЛНИОТ ЧАВИ ХЕРНАНДЕЗ во наши раце? Времето на Меси допрва ќе иде, сега е ерата на Чави. Треба да го негуваме и да се радуваме на секој момент со него!
Visca Xavi, Visca el Barca.. Visca Catalunya
Barca - mes que un club