Фан Клуб: Барселона

Статус
Затворена за нови мислења.

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.958
Абе сега ткави приказни ќе има 1000. После ќе рече дека му се допаѓа животот во Мадрид, па дека нејќе повторно да се сели:jaj:
Ќе флертува со сите можни екипи само за да праќаат поголеми понуди за него:toe:
 
Член од
31 август 2008
Мислења
1.853
Поени од реакции
815
Во оваа формација на Пеп секогаш, СЕКОГАШ

Инаку Стар_Даст, мислам дека летово ќе дојде Фабрегас, Педро се издигна многу и мислам дека ќе добива повеќе шанса во наредната сезона. Веќе има 15 гола во сите конкуренции. А башка Фабрегас е ветување на секој кандидат за претседател. Верувам дека летово ќе биде наш.
Искрено Педро уште ме нема убедено дека заслужува место во стартните 11.

Точно дека дава многу важни голови, ама другиот дел од играта не му е на задоволително ниво. Едноставно се наоѓа на вистинско место во вистинско време и дава победнички гол и после тоа сите ја забораваат лошата игра.

Пример против Спортинг, имаше ужасна утакмица. Многу неуспешни дриблинзи, грешки во подавања, не држеше ни позиција едно време туку стоеше многу назад и му пречеше на Иниеста ама на крај он го даде единствениот гол.

Можеби ќе се подобри ама му треба време и ментор од кој може учи.

За Фабрегас стварно веќе незнам што да кажам. Дека сакам да биде во тимот тоа е сигурно.

Фабрегас и Чави во средина со Иниеста како лево крило и Педро како замена во случај на повреда на некој од нив тројца не е лоша идеја.

Ама премногу ќе биде скап. Особено ако Шпанија стигне далеку на СП. 45-50 милиони за играч од Ла Масиа е премногу.
 

Sluzbarski

Македонец
Член од
21 јули 2009
Мислења
3.364
Поени од реакции
78
ако споредуваме со тренсферите на Кака и К.Р. нивните трансфери не вредеа толку сигурно,за Цеск вреди секое евро вложено во него...не велам дека треба да се доведи по секоја цена,но сигурно би бил еден од играчите кои би го одржувале во константа ова ниво на игра која Барса го има моментално
 
P

pepito*

Гостин
Искрено Педро уште ме нема убедено дека заслужува место во стартните 11.

Точно дека дава многу важни голови, ама другиот дел од играта не му е на задоволително ниво. Едноставно се наоѓа на вистинско место во вистинско време и дава победнички гол и после тоа сите ја забораваат лошата игра.

Пример против Спортинг, имаше ужасна утакмица. Многу неуспешни дриблинзи, грешки во подавања, не држеше ни позиција едно време туку стоеше многу назад и му пречеше на Иниеста ама на крај он го даде единствениот гол.

Можеби ќе се подобри ама му треба време и ментор од кој може учи.
Истото го зборувам од септември, ама се некој ќе се најде и ќе ми каже дека е подобар од Бојан, кој е многу повеќе вклучен во играта и додавањата..
 
B

boki10messi

Гостин
Фабре ќе дојде на лето, го чувствувам тоа:vozbud::vozbud:.. И летоска со Ибракадабра имав слично чувство и трансферот се оствари...
Па, всушност и начинот е ист: Со медиумски притисок да се дојде до целта.. Било кој да дојде од тројката Фабре/Рибери/Силва (а зш да не и Хуан Мата) реал од задрид дефинитивно ќе го :pusk:
 
P

pepito*

Гостин
Да додадам, мислам дека МОРАМЕ да земиме лево крило ова лето, Анри уште овие неколку месеци може да го искористиме и толку од него
Многу сакам да го земиме Рибери, незнам зошто ама мислам дека тој ќе ни биде најдобриот трансфер последниве години, мислам дека одлично ќе се вклопи во нападот на Барса, само замислете од една страна напаѓа генијалецот Меси, а од другата Рибери, а подобро да не се споменува за Ибра, кој со помош од најдобрите везни играчи и можеби најдобрите дриблери од страна ќе дава голови на секоја утакмица!
Не дека Силва не е добар, ама мислам дека Рибери е една класа над него!

За Фабре, како што гледам сигурно ќе дојде, тоа е еден огромен плус за него и неговата кариера и за нашата средина, тој ќе учи од Чави 1-2 години, потоа Чави полека ќе се повлекува и Фабре спремен ќе го замени

Ех, колку убаво звучи ова :nov igrac:
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.958

Пепи

barca en el corazon !
Член од
2 јуни 2008
Мислења
4.362
Поени од реакции
230
Којзнае од кого е правен профилов, ама ај не му штети ако се адне за френд:):):)
Мислам дека е од него има фотки од него не ми се верува дека некој друг ќе одел дома да го фотографира :D
 

Invader

I am not in danger, I am the danger!
Член од
17 ноември 2008
Мислења
18.021
Поени од реакции
22.930
Мислам дека е од него има фотки од него не ми се верува дека некој друг ќе одел дома да го фотографира :D
Дај бе не се бламирај,како да е тешко да се најдат слики на нет.:tapp:

Иначе Фабрегас,Силва,Рибери.

1.Фабрегас игра на позицијата на Чави и мислам ако дојде ќе биде само „вишок“ на теренот,зашто Пеп не е будала да ги игра сите 3ца(Фабрегас,Чави,Иниеста) прв тим,единствено само ако Иниеста игра како крило,што ич не ми се допаѓа.А ќе треба да се исплатат и 40-50мил€,што мислам дека се многу пари.Е сега,за наследник на Чави ќе треба да бараме после 2-3 сезони,зашто моментално Чави е беспрекорен на теренот.Фабрегас е моментално единствениот играч којшто го гледам за заменик на Чави.
Значи Фабрегас летово не ни треба,туку за 1-2 сезони,мада јас сум сигурен дека ќе го земеме летово.

2.Силва
млад,шпанец,брз,дриблинг,искуство во шпанска лига,нема да му треба многу време за да се уклопи(можда само 1-2 месеци додека да ја свати тактиката).Е сега единствен проблем мислам дека ќе биде претседателот на Валенсија(му заборавив име),кој летово испадна тежок сељак во врска со Виља,сигурно ќе бара многу пари за Силва,мада ја мислам дека за сума 25-30мил€ можеме да го земеме,или 20мил€ + некој играч ќе им дадеме на позајмица една година(Хефрен,Тиаго,Муниеса,ама они ќе го бараат Бојан/Педро).Мислам дека он е најдобра опција ако се бира лево крило.

3.Рибери моментално мислам дека е подобар од Силва,има одличен дриблинг,одлично се пробива,ама тоа што има стаклени нозе...не знам како ќе биде кај нас,ама во Баерн повеќе е во болница отколку на терен.А гледам дека само гледа да избега од Баерн М индиректно се нуди на тимовите.После управата на Баерн ќе бара огромни пари,што не верувам дека ќе ги даде Барселона.Затоа кај сака нека оди,ама јас не го сакам во Барселона.

На кого не му се чита еве на скратено:)летово Силва и некој поефтин бек ап за средина и десен бек,а после тоа да се доведе Фабрегас.
BARÇABARÇABARÇA

Едит:Гоче не треба на секој пост да го спомнуваш Реал Мадрид,изгледа повеќе го мразиш Реал, отколку што ја сакаш Барселона.
 
P

pepito*

Гостин
Вечерва против Хетафе Пујол нема да игра, па на негово место, иако можеби е ризик, би сакал да го видам Чиги, во средина Туре сигурно мислам дека ќе стартува, исто Анри во нападот, па и на Максвел редно е да му се даде шанса

Валдес, Дани,Чиги,Пике,Абидал/Максвел, Туре,Чави,Иниеста, Анри,Ибра,Меси

Знам дека се намачивме минатиот пат, ама очекувам победа чиста ко солза - 4/5 - 0
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom