Сосема те разбирам во какви дилеми и трилеми си , и ако тоа се слатки маки . Еве едно мислење од многу поискусни фотографи , со кое и јас се сложувам . Телото на фото апаратот е потрошен материјал , а објективите се инвестиција . Нема да поминат година – две , кога ќе го посакаш новиот модел фото апарат кој технолошки ќе биде посовршен , додека добро избран квалитетен објектив ќе го користиш цел живот , па и ќе го оставиш во наследство .
Затоа кога правиш избор на производител на фото опрема , модел и објектив треба да градиш систем кој со текот на годините ќе го надоградуваш .
Сите објективи кои ти се на потесен избор се во ред , и генерално ќе ги користиш за скоро сите намени , проблемот е да го одбереш оној објектив кои оптички е најдобар . За таа цел ќе ти ја посочам следната страна на која можеш да се информираш подетално за таа проблематика .
http://www.photozone.de/reviews
До пред извесно време одлично ме служеа моите Nikkor 18-55 и 55-200 VR , се додека не го зедов фиксниот објектив Nikkor 105 2.8 VR . После него , никогаш повеќе не би купила zoom , освен оние што се со отвор на бленда 2.8 , како на пример Nikkor 70-200 2.8 , 14-24 2.8 .
Што ќе рече еден мој пријател , зоом објективите ти заштедуваат некој чекор пешачење , но квалитетот на фотографијата што ќе ја добиеш со фиксен објектив е неспоредлив.
Кога сега би одбирала опрема , би зела поефтин апарат , а поскап објектив. Да речеме Nikon D90 е исто така одлично тело , во комбинација на 18-105 , и фиксна 50 mm или можеби некој широкоаголен објектив за пејсажи и архитекттура на пример Nikkor AF-S DX 10-24mm .
Може да се направат и други комбинации , но многу е важно што те привлекува во фотографијата .
Среќно !