Ловот, пријателе, го сметаат и за спорт, така да, можеби, не е чудно ако некој ловец е и вегетаријанец, нели?
За она пост скриптумот...се согласувам дека терсене ни се општеството, и, донекаде, државата...
Народот само се приспособува.
Туку, работава е што идеологијата која ја застапуваат партиите ни, без разлика на тоа кој етникум го претставуваат, ја менуваат истата во зависност од позицијата на која се наоѓаат во даден момент.
И, левичарите некако ултра десно фаќаат, десничарите леви потези влечат...и така натаму, игри без граници...
Но, да се навратам на рамковниот и на вработувањата, а би сакал и едно твое размислување да видам:
Рамковниот е факт!
Не навлегувајќи во неговата природа и нужност, но и перфекција, односно имперфекција, тој е ПОТПИШАН од претставници на двата најголеми етникума во Македонија.
Како таков - обврзува! Никој не се откажал од него.
Како една обврска од него, произлегува и вработувањето на Албанци во администрацијата според начелото на правична и рамномерна застапеност.
Проблемот е тука...
Дали е поубаво вработување на секакви кадри, компетентни, некомпетентни, за краток временски период, со цел што побрзо исполнување на квотата, или поубаво е да биде тоа побавен процес, но поквалитетен, со цел да се изберат вистинските, компетентни кадри, кои би биле навистина квалитетни и би ја вршеле работата во интерес на сите граѓани?
Јас играм на второто...а тоа е во интерес на сите.
Но, гледаме само масовни вработувања, во, за мене, избрзан процес, со цел чукање во градите, без размислување за последиците од таквиот чин.