leandra
Модератор
- Член од
- 25 јануари 2007
- Мислења
- 23.641
- Поени од реакции
- 38.565
хахахајас не ти го ни ѕирнав профилот за да ми личиш
но дали сега си вработена? и би сакала да знам некои работи за уписите и дали е така како што велат да имаш полн џеб
![]()
За упис на ФТУ не ти треба полн џеб,примаат и шуто и сакато,со еден збор кој сака и нема каде да се запише,може да се запише во Охрид.Професорите се изменети од мое време,важеа за најтешки во цела Македонија.Од нив останаа само Биљаноска кај која не поминуваш ни со пари,ни со врски.Пари и имаат фрлано во двор,а она ги пријавуваше во полиција

Во однос на вработувањето...400 цариници чекаа работа кога јас се запишував факултет.Тоа е 2001.До ден денес чекаат.Кога одиш на интервју од овој факултет без разлика на кој смер си ти се смееат во фаца,во буквална смисла на зборот,на повеќето места не ни те викаат.Оние кадри што ги произведува овој факултет се без иднина од проста причина што тоа може да се работи со средно.Цариник-со средно,во шпедиција референт можеш со средно,осигурување-агент можеш и со прво одделение,келнер со градинка,итн,итн.
Уште кога ние студиравме имаше акција да се затвори факултетот од дипломираните цариници.И треба да се затвори,ги зема парите,те збудалува од непотребни предмети,одиш на голгота со испитите,а ако немаш да си платиш испити ќе видиш како се завршува факултет

Кога дипломиравме мислевме дека сите на нас чекаат......разочарувачки,сите станавме агенти без плати,на бедни проценти.Се разбира секој се обиде во друг сектор,јас го избришав факултетов од св,едноставно ми смета.Моравме на економистите да им ја земеме работата,а потоа и образованието во Кирил и Методиј

Со еден збор малечка,бегај од факултети во Охрид,Прилеп и Штип тоа ти е дното на македонското образование.А јас секогаш ќе ги отргнувам младите во желбата да го изберат овој пекол без иднина.