Геј парада во Скопје?

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
6 февруари 2005
Мислења
9.722
Поени од реакции
248
Преземено од денешен Вечер

Прва геј "парада" во Скопје

Хомосексуалците, бисексуалците и транссексуалците од Македонија од 10 до 17 октомври во Скопје ќе ја одржат манифестацијата "Љубовта е љубов". Претставници на Македонската асоцијација за слободна сексуална ориентација на манифестацијата и даваат посебно значење, издигнувајќи ја на ниво на настан од рангот на гостувањето на светстиот тенор Хозе Карерас. Во рамките на програмата во Скопје ќе гостува Волфганг Тилманс, светски прочуен фотограф и професор на Франкфуртската академија за убави уметности. "Претставувањето врвни гејуметници е единствениот начин да се покаже дека геј луѓето не се "накази", туку продуктивни членови на секое општество и често се и амбасадори на културата на нивната земја. Тоа, според нив, е најбезболниот начин да се релаксира менталитетот на мнозинството во врска со културата и правата на малцинствата, маргинализираните групи, посебно во земјите кои имаат висок степен на хомофобија, во кои спаѓа и Македонија", стои на веб-сајтот на МАССО, организатор на манифестацијата. "Станува збор за манифестација која треба да помогне за релаксирање на менталитетот и односот кон луѓето со различна сексуална ориентација. Веруваме дека уметниците, и уметноста сама по себе, се универзални и можат многу да помогнат во тоа. Сметаме дека делата на Волфганг Тилманс, кој е еден од најголемите фотографи во светот, се одличен пример тоа да го докажеме, а за нас е особена чест што прифати токму тој да ја отвори манифестацијата", вели Кочо Андоновски, претседател на МАССО, која за организирање на настанот доби поддршка на Швајцарската програма за култура "Про Хелвеција". За скопската геј - недела, како што стои на веб-сајтот на "Про Хелвеција", организацијата одобрила 3.945 швајцарски франци, преку програмата за проекти од областа на културата, во средини кои се соочуваат со социјални и економски промени.
"Лично, не ги поддржувам парадите. Во Македонија не е време за одржување такви манифестации и сметам дека ќе биде невозможно такво нешто да се случи во наредните 5 години", вели Кочо Андоновски, претседател на МАССО.

_____________________________________________________________

Мој коментар

Колку е нашето општество еманципирано и отворено да прифати таква глупост? Јас, како претставник на таа популација, сум против било какво гетоизирање на хомосексуалците и сметам дека нема потреба да се егзибира сексуалноста. Претпочитам нормален живот и имам пријатели од сите “сексуалности“ - повеќе ми одговара да седам дома отколку да одам во гетоизираните дискотеки и барови само затоа што се геј-дискотеки и барови. Мојата филозофија : одам во дискотека за да се чувствувам добро, да се изнаиграм, да се изнапијам колку што ми душа сака...

Пријатели ми се сите оние коишто ми го мислат добро а не сите оние што се како мене. Замислете цел живот да го поминете со луѓе исти како вас : ќе умрите од досада.

Сума сумарум : за да се прифати нешто - мора да се претстави во најдобро светло. Ако насила им се пронира и им се сервира на нашите македончиња некаква култура (да се биде геј е се освен да се промовира култура оти човекот како единствен ја има живеејќи во едно општество)...

Јас сум против : сметам дека нема потреба од егзибиција.

Кант рекол : “Живејте скриени за да бидете среќни!“
 
Член од
14 јули 2005
Мислења
2.128
Поени од реакции
41
Максимално се слагам со твојот коментар и мислам дека такви егзибиции се повеќе манифестација на глупост и искомплексираност од сопствената сексуалност, и наметливо барање на истомисленици.

Немам предрасуди према било чија сексуалност и сметам дека е тоа лично право на избор. Имам многу против кога некој ќе почне да ми наметнува разни работи и да се обидува да ми го формира мислењето. А ваквите манифестации ги сметам за наметнување.
 
Член од
26 август 2005
Мислења
88
Поени од реакции
2
супер

Земајте безбол палки и сите на парада :).


Инаку што бара темава во љубов и секс? Мислам треба да се стави во рубрика „Здравје“.
 

Dolphin

Pirate of the Caribbean
Член од
3 март 2005
Мислења
1.296
Поени од реакции
57
До Мацедалиен... Маце, во Македонија е дојдена една катастрофа каде што хомосекусалците не можат да смислат хетеросекусалци. Се дружат само меѓу себе и презираат се што е стрејт.


До Зис... Темава не е за у здравје, ама точно не е ни за тука. ЈА преместувам во општи муабети.
 
Член од
6 февруари 2005
Мислења
9.722
Поени од реакции
248
Dolphin напиша:
До Зис... Темава не е за у здравје, ама точно не е ни за тука. ЈА преместувам во општи муабети.
Ја ставив во Секс и љубов бидејќи темата збори за сексуалност. Не зезај и ти :pos: :pos: :pos:

Dolphin напиша:
Dolphin напиша:
До Зис... Темава не е за у здравје, ама точно не е ни за тука. ЈА преместувам во општи муабети.
Знам де - ако ме прочиташ подобро ќе сфатиш дека ми пречи токму таквото гетоизирање на хомосексуалците!!! Кога ќе погледнам подобро ми иде да вриштам од глупоста на такво гетоизирање. Јас лично не ги делам (и нема никогаш да го правам тоа) луѓето по нивната сексуалност. Луѓето се пред се луѓе и не ми требаат никакви посебни критериуми за да ги ценам. Обожавам отворени духови и бегам од гетизирањето - доста ни се Аушвиц и Треблинка и не ни требаат нови гета создадени заради хомосексуалноста (уште тоа фали ебаго!!!)
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.204
Поени од реакции
34.441
Не сум против хомосексуалците, ама дефинитивно сум против парадава.

Ништо добро нема да излезе од тоа, може да има само негативен ефект, да создаде погрешен впечаток и неспокојство.

Незнам, некако не ми штима.

И не играјте пинг-понг со темава, нека остане кај што е сега!
 
Член од
6 февруари 2005
Мислења
9.722
Поени од реакции
248
Re: супер

ZisDead напиша:
Земајте безбол палки и сите на парада :).


Инаку што бара темава во љубов и секс? Мислам треба да се стави во рубрика „Здравје“.
А ти да земеше буквар и да прочиташе нешто или да идеше да ролаш пна кеј наместо да си лечиш фрустрации? Сешто еј! :evil: Темава била за во “здравје“ - дрн дрн јариња - кози и магариња!!!
 

yin yang

Who, me?
Член од
24 април 2005
Мислења
1.621
Поени од реакции
32
Јас сум бисексуалка, ама дефинитивно против геј паради, општо во светот, не само во Мкд.

Сметам дека со ваквите истапи хомосексуалната и бисексуалната групација се самоокарактеризираат како “различни“ и после тврдат дека другите им ја наметнуваат “различноста“. Кога во општеството (глобално) ке се однесуваат во јавност еднакво и хомосексуалците и хетеросексуалците, тогаш и ке бидат третирани како еднакви.

Ионака сите знаат дека постоиме како групација, нема што по улица да се промовираме.
 

The`bItCh

AdJuStAbLe mAdNeSs
Член од
22 јануари 2005
Мислења
4.605
Поени од реакции
112
Re: супер

ZisDead напиша:
Земајте безбол палки и сите на парада :).


Инаку што бара темава во љубов и секс? Мислам треба да се стави во рубрика „Здравје“.

шо ти е тебе бе? :evil:
Само ти и уште неколку како тебе можат така да размислуваат!
Јас немам ништо против гејови имам мал милион пати кажано, ама парадава нема да биди на арно..
Ние не сме народ за вакви работи, опшествово, луѓето нема да ја прифатат...
хух! не знам.. :roll:
 
Член од
26 август 2005
Мислења
88
Поени од реакции
2
Re: супер

The`bItCh напиша:
ZisDead напиша:
Земајте безбол палки и сите на парада :).


Инаку што бара темава во љубов и секс? Мислам треба да се стави во рубрика „Здравје“.

шо ти е тебе бе? :evil:
Само ти и уште неколку како тебе можат така да размислуваат!
Јас немам ништо против гејови имам мал милион пати кажано, ама парадава нема да биди на арно..
Ние не сме народ за вакви работи, опшествово, луѓето нема да ја прифатат...
хух! не знам.. :roll:
Ако незнаеш, кјути.8)
Тоа е болест на денешницата, и повеќе ги сожалувам отколку што ми пречат.
 

yin yang

Who, me?
Член од
24 април 2005
Мислења
1.621
Поени од реакции
32
Re: супер

ZisDead напиша:
Ако незнаеш, кјути.8)
Тоа е болест на денешницата, и повеќе ги сожалувам отколку што ми пречат.

А ти си некој квазиморалист. :?:

Од една страна ги „сожалуваш“, а од друга сакаш да ги тепаш.
 

The`bItCh

AdJuStAbLe mAdNeSs
Член од
22 јануари 2005
Мислења
4.605
Поени од реакции
112
Re: супер

ZisDead напиша:
Ако незнаеш, кјути.8)
Тоа е болест на денешницата, и повеќе ги сожалувам отколку што ми пречат.
Ги сожалуваш а ги повикуваш сите да одат на парадата со палки а!? :x
[edit]
Би ти препорачала да ја ѕирниш темава!
 
Член од
14 јули 2005
Мислења
2.128
Поени од реакции
41
Re: супер

ZisDead напиша:
Ако незнаеш, кјути.8)
Тоа е болест на денешницата, и повеќе ги сожалувам отколку што ми пречат.
Батак, ај разбуди се и преслушај се убаво што кажуваш?

Ниту е болест, а уште помалку - на денешницата (освен ако денешницата ја посматраш во последните 3-4 илјади години).

Освен тоа... ај за ова имаше тема, нема да забегувам. Само да знаеш дека ставовите ти се базираат на погрешен систем на вредности.
 
Член од
26 август 2005
Мислења
88
Поени од реакции
2
Re: супер

spooky напиша:
ZisDead напиша:
Ако незнаеш, кјути.8)
Тоа е болест на денешницата, и повеќе ги сожалувам отколку што ми пречат.
Батак, ај разбуди се и преслушај се убаво што кажуваш?

Ниту е болест, а уште помалку - на денешницата (освен ако денешницата ја посматраш во последните 3-4 илјади години).

Освен тоа... ај за ова имаше тема, нема да забегувам. Само да знаеш дека ставовите ти се базираат на погрешен систем на вредности.
Ај да не спориме околу системи на вредности. Никој нема да убеди никого. Единствено после неколку децении, кога ке ни обели косата ке видиме чиви вредности го издржале тестот на времето.
Во ова доба на хиперболична толеранција, јас очекувам елементарното право на расудување(дискриминиација) меѓу црно и бело да биде почитувано.
А единствена хипокризија во случајов е да пропагираш нешто што не би сакал да ти се случи тебе или на твоите блиски.
 

yin yang

Who, me?
Член од
24 април 2005
Мислења
1.621
Поени од реакции
32
Re: супер

ZisDead напиша:
Ај да не спориме околу системи на вредности.
Не е тоа „систем на вредности“. Медицинските истражувања покажаа дека хомосексуалноста НЕ Е болест.

Впрочем... и Александар Македонски бил бисексуалец.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom