Дали се почитуваат уличните артисти во Македонија?

  • Креатор на темата Креатор на темата Паган-др
  • Време на започнување Време на започнување
П

Паган-др

Гостин
Инспирација за темава добив од еден настан што ми се случи додека бев во Охрид. Навечер, нормално е шетање низ чаршијата. Кај фонтаната имаше еден уличен артист. Жонглер. Изведуваше нешто, бараше доброволци, го забавуваше народот. На крај ја отвори торбата и кажа "Како што ве ценам вас, така ценете ме и вие мене. Купете ми едно пиво. Тоа пиво во кафичите е 100 денари. Парите ставете ги во оваа торба. Доколку немате пари, дојдете поздравете се со мене, и уште повеќе ќе ве ценам." Тогаш кругот околу него се испразни. Прашањето ми е дали овие улични артисти, кои се тука да ја забавуваат публиката се доволно ценети од самата публика кај нас. Дали ги оправдувате овие улични артисти и нивниот начин на заработка која и не е така голема.
 
Зар до Охрид мораше да одиш за да сфатиш колку не се ценат...

Оваа година на Баскерфест немаше ниедна позната фаца од лани. Никој не дојде, бидејќи е срамота тоа што се случува. Околу 200 луѓе го гледаат шоуто, а само 20тина преку сила оставаат пари. Една од тие поштените е Big_Kiss, ја видов дека остави :)

Дури и брејкденсерите рекоа дека знаат "скопјани" се скржави, но сепак уживаат бидејќи има голема публика.

Ко да немаат луѓево да остаат по 20-30 денари на едно излегување на Баскер-фест, срамота е тоа.
 
Не, не. Тоа од дамна е сватено, туку само тој настан го ставив како пример. Да ги ставам сите примери, ќе има многу за пишување.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom