Забрана за идиотските квизови од Македонија!

  • Креатор на темата Креатор на темата goodman_91
  • Време на започнување Време на започнување
Добро бе, брат ми осмо оделение сфати дека се едно големо срање.
Со кој памет ѕвонат кутрите душички?
 
И јас сум за забрана на ваквиот тип на квизови,како и на многу други нешта,што се емитуваат во скромните програмски содржини кои ни ги нудат нашиве тв куќи,ама тоа тешко дека ќе се случи.Едноставно профитот од ваквите квази квизови им е огромен,а наградниот фонд никаков,па ретко која телевизија би се откажала од поголема заработувачка,која во овие случаи е очигледна.
Можеби советот за радиодифузија би можел да пресече тука,ама знаејќи ја нивната политика,која повеќе е свртена кон забрана за емитување на странски телевизиски канали,отколку санкционирање на овдешниве тв медиуми,не верувам дека ќе се случи тоа.А се дотогаш,како што кажа и
IOsonoINTERISTA,народот ќе страда,надевајќи се на брза финансиска заработка.
BTW,бисери од квизовиве милион.Прашањето е вид животно,првата буква е М.Се јавуваат многу луѓе,ама точен одговор нема никој.И така си минува и си минува квизот,за на крајот да дојде одговорот,кој на мое големо изненадување е МУВА.Ни помалку,ни повеќе,ама тоа е :pos:.
Така да,кога ќе налетате на овие квизови,најдобро решение е да ги заобиколите.За ваше добро.А и за доброто на вашиот џеб.:)
 
Со овие квизови само пензионерите се лажат, седат дома, немаат занимација и ајде, да го направиме времево попродуктивно. А како што можат водителкиве да ти кренат притисок никој не може. Не мора да гледаш, пушти го звукот од ТВто и чекај. За 5 минути ќе станеш бетер од Илчо Наумоски.
 
И јас сум за забрана на ваквиот тип на квизови,како и на многу други нешта,што се емитуваат во скромните програмски содржини кои ни ги нудат нашиве тв куќи,ама тоа тешко дека ќе се случи.
Болдот, многу битна работа. Значи не квизовите, уредниците да се тргнат, оние кои ова (квизови) го дозволиле ќе дозволат и други слични високопродуховени, интелигентни, интересни, феноменални, фасцинантни...јбг, немам повеќе зборови... емисии.
 
Колку „квизовите“ во Македонија можат да ја подобрат нашата интелегенција:
97518646.png

Одговори на гледачи: Дебела крава, Дебела жена...
 
На овие квизови се крадат многу пари но сепак не може да му се забрани на една телевизија да не постои квизот зашто има прост народ што верува во такви бабини деветини :vozbud:
 
Забрана за квизовите и затвор за организаторите дефинитивно.
 
Со овие квизови само пензионерите се лажат, седат дома, немаат занимација и ајде, да го направиме времево попродуктивно. А како што можат водителкиве да ти кренат притисок никој не може. Не мора да гледаш, пушти го звукот од ТВто и чекај. За 5 минути ќе станеш бетер од Илчо Наумоски.
Па баш за пензионерите ми е жал,зимаат пензија од 6000 денари,од кој 2000-3000 ќе им отиде на вакви повици,а башка им ја најдов цаката на тие преварантите.Демек водителкава држи писмо во кое е вистионскиот одговор,и сеа луѓево се јавуваат,кажуваат зборови,и негде при крај на емисијата,камерата ќе снима на некоја маса,или вазна,или пак садот со овошје,и комотно може тогаш размена на пликот да се изврши,и тек во последните 2-3 минути да се јави некој и да го каже одговорот.
Мене така за Милионер ми се има десено си праќам порака за да го кажам одговорот,и пратив 2 пораки,коа глеам на сметка 2000 денари.
 
Право во Идризово за вакви преваранти
 
На овие квизови еден ден може да се случи и ова:

Водителот: Познат композитор на опери?
Гледачот: БАХ
Водителот: Не е точен одговорот, Јохан Себастијан Бах

Водителот: Големо железно и оди по шини?
Гледачот: Локомотива
Водителот: Не е точен одговорот, парна локомотива е точниот одговор.

Гледачот: А може ли јас да ви поставам едно прашање?
Водителот: Да, може?
Гледачот: Што е тоа, го имаат жените, смрди и се употребува за секс!
Водителот залетан: Па тоа е путка!
Гледачот: Одговорот не е точен, на мајка ти путката е точниот одговор :pos: :pos: :pos: :pos:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom