goodman_91
Бубалица
- Член од
- 2 јануари 2008
- Мислења
- 1.341
- Поени од реакции
- 30
Говорам за оние квизови како „Трезор“, „Кешоловец“, „Ќари Пари“ и што ти ја знам. Еве што направиле во Србија во врска со ова.
http://www.taratur.com/node/10001
Јас сметам дека треба да се укинат овие квизови под итно. Имам слушнато од многу луѓе кои добиле пари на такви квизови, но никогаш не им ги дале. Ваквите квизови пред 5-10 години беа многу популарни во Данска, Германија, Франција, Холандија, но со текот на времето народот ги научи и повеќе не се јавуваат на такви квизови (иако сеуште има и будали кои се јавуваат, но сепак не е како порано).
Инаку ваква група има на Фејсбук, каде што една, наводно екс-водителка, го напиша ова:
Што мислите вие, дали треба да се укинат ваквите квизови, или пак да го оставиме глупиот и прост народ да продолжи да се јавува на вакви квизови?
Забрана за идиотските квизови во Србија
[SIZE=0.5](Фото: Komunikacii.net) [/SIZE]![]()
Идиотските квизови кои кај нас измамуваат илјадници луѓе ќе бидат забранети во Србија и нема да можат да се емитуваат на ТВ.
Српското министерство за финансии и Управата за игри на среќа наложија стопирање на емитувањето на овие квизови, кои се всушност игри на среќа.
„Таквите квизови се софистициран облик на измама, бидејќи лажно ја прикажуваат можноста за добивка, која е енормно мала во однос на бројот на луѓе кои се јавуваат да учествуваат во играта“, изјавија за Политика од српското обвинителство, додавајќи дека ваквите измами се забранети во многу други земји (не и во Македонија).
Суштината на овие ’квизови’ е користење на неинформираност на учесниците. За разлика од вистинските квизови каде што најважен фактор за успех е знаењето, во овие е среќата, со што не спаѓаат во таа категорија.
Исходот на квизовите зависи од случајност или неизвесен настан што ги прави игри на среќа. Гледачите често не знаат дека секој повик ќе им биде наплатен повеќе отколку обично, а дека тоа не им гарантира вклучување во квизот.
Во Македонија секојдневно илјадници граѓани наседнуваат на ТВ измамата која без проблем се емитува скоро на сите национални телевизии. Во ’квизот’ обично фрустрирана девојка ги тера гледачите да се јават објаснувајќи им колку е лесно да ги добијат парите што се нудат.
Цената за едно јавување е над 40 денари, а граѓаните често се жалат дека по само едно јавување им доаѓаат астрономски телефонски сметки.
http://www.taratur.com/node/10001
Јас сметам дека треба да се укинат овие квизови под итно. Имам слушнато од многу луѓе кои добиле пари на такви квизови, но никогаш не им ги дале. Ваквите квизови пред 5-10 години беа многу популарни во Данска, Германија, Франција, Холандија, но со текот на времето народот ги научи и повеќе не се јавуваат на такви квизови (иако сеуште има и будали кои се јавуваат, но сепак не е како порано).
Инаку ваква група има на Фејсбук, каде што една, наводно екс-водителка, го напиша ова:
Se slozuvam,iako sum gi vodela ovie kvizovi.............Treba da razberete: Nie sme prost narod,i voditelkite ne se tamu deka im e mnogu dobro,tuku zosto zimaat od 700-1000 Evra plata.........
Што мислите вие, дали треба да се укинат ваквите квизови, или пак да го оставиме глупиот и прост народ да продолжи да се јавува на вакви квизови?