- Член од
- 13 јули 2006
- Мислења
- 15.574
- Поени од реакции
- 18.608
Власта удри по преспанските угостители
Финансиски терор и полнење на буџетот по секоја цена, па макар и да се уништат бизнисите во неразвиените подрачја е обвинувањето на ресенчанецот Реџаил Синановски, сопственик на угостителскиот објект „Круна“ во Претор.
Тој во предсезона имаше ангажирано надничари да го подготват локалот, а трудовата инспекција го обвини за ангажирање работници на црно и му го затвори ресторанот. Сега треба да плати и парична казна од 22.000 евра, износ што ќе го доведе до банкрот, иако не го прекршил законот.
„Јас не можам никако да ги вадам овдека со овие туристи и каде немаме никакви услови за работа“, вели Синановски.
Овој угостител, смета дека некој од власта намерно и неразумно сака да му го ништи бизнисот, во време кога се бори за секој муштерија и со куп проблеми, оти во Претор често пати нема струја или вода.
„Ова е намерно. Самиот инспектор од Одделението во Ресен, можам и име да споменувам, Драги Аџуровски ми рече дека колегите од Скопје се намерно пуштени за да не затвораат“ рече преспанскиот угостител.
Синановски, во родниот крај сакаше да развива туризам и пред 4 години се врати од Данска, вложувајќи во овој современ и прекрасен објект над 500.000 евра и 24.000 м2 од преспанскиот брег, колку што ги зеде под концесија, ги уреди како на европските плажи.
„Овие пари никогаш не можам да ги извадам, ама јас тоа го знаев кога дојдов во Македонија. Само мене не ми беше намерата да вложам и самите пари да ги вратам назад. Мене ми беше намерата да развивам нешто“, рече Реџаил Синановски.
Преспанскиот брег и во најголемиот шпиц на сезоната, денеска беше со малку туристи, а угостителските објекти останаа празни, оти е криза и лоша сезона. Газдата на „Круна“, во празниот локал кроеше план како да донесе муштерии и да обезбеди плата за петнаесетина вработени, но и како да се одбрани од силеџискиот однос на власта.
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=112132