Првиот веќе в недела, Тотенхем.
Играта, еве околу играта, секоја помала екипа оди на резултат против „големите“, најчесто со бункер. Прашање е како ќе се пробие тој бункер. Не го ни замешавв Мурињо, јасно е дека тогаш газевме, а сега само пробиваме бункери со малку мака.
Чекај бе, колку пати си го гледал Челзи од првиве пет? Формацијата на Челзи варира од 4-1-2-1-2 (дијамант), преку 4-3-2-1 елката, до 4-2-3-1 (последниве две со Анелка пострнично). Во напад против Сандерленд, во второто полувреме, видов и една формација со тројца во одбрана, Ешли Кол се префли како класично лево крило.
Дали Сколари, кој од неоткриени и веројатно тешко разбирливи причини не променуваше ништо, не „промешуваше“, ти е уште в ум, или не знам шо е проблемо, ама Анчелоти не е Сколари, барем то би требало да е јасно.
Каде со Балак и Деко, ко потенцираш веќе, ајде. Со Деко не знам каде, нека оздрави прво. А околу Балак, разликата меѓу Балак и Сколс моментално е тоа што Сколс е многу подолго во Манчестер него Балак во Челзи. И да додадам дека Балак е фантастично физички спремен, особено за годините. Сколс, си признавам, не знам како е на тоа поле.
Дрогба, па не мора да се повреди, во јануар оди еден месец на Афрички Куп, тогаш се можни проблеми.