Огнена Марија

  • Креатор на темата Креатор на темата BELIEVE ME
  • Време на започнување Време на започнување
B

BELIEVE ME

Гостин
Светата маченица Марина е родена во Антиохија и е ќерка на жрец-идолопоклоник. На 15 годишна возраст по свирепо мачење и била отсечена главата, околу 270-та година. Тогаш се убиени и 15000 луѓе што поверувале во Христа и ја прифатиле неговата вера, кога на небото виделе знак додека била мачена Света маченица Марина. За спомен на нејзините страдања светата православна црква нејзиниот ден го празнува на 30 јули, а во народот е позната и како Огнена Марија и е господарка на огнот но и покровител на сеидбите кои ги чува од поројни дождови и пожари.

Во различни делови на Македонија постојат и различни верувања поврзани со овој празник. Во Велес се верувало дека „ Чуруци фчурујат, запалујат куќите на тија шчо работат на тој ден, от тоа секого го стра да фане работа. Калајџиите празнујат тој ден за чурец“. Во Охрид, како што запишал Е. Спространов Света Марена ја држеле за да не стануваат бури „Та је пала-и креват снопојте и полоѕите. Ко да фатет ветришча, грмежи, дожџој-да чуват Госпот је“

Интерсно предание за оваа светица забележал и Кузман Шапкарев Тој сведочи дека таа „го уловила ѓаволот за коси и го тепала по главата со чекан“. Ваква ретка претстава на Света маченица Марина со ѓаволот се наоѓа на фреска во манастирот Свети Наум и на икона во Галеријата на икони во Охрид. Шапкарев исто забележал дека „селаните ниту жнијат, ниту вршат во чест на светицата, која ја сметаат за покровителка на жетвата и воопшто на сеидбата“.

Прашањето ми е дали ви се случило нешто на овој празник.
НА пример на овој празник мојата мајка и татко за дел од секундата ја одбегнале смрта.
На овој ден мината година мој роднина загина во Струмица.
Со ножици си го пресеков прстот.
 
Не бидете суеверни, туку вратете се кон Бог!

"Зашто ќе дојде време, кога луѓето не ќе ја трпат здравата наука, туку според своите страсти ќе си насоберат учители,за да им ги скокоткаат ушите, и ќе ги одвратат ушите од вистината, а ќе се свртат кон бајки."
(2 Тимотеј 4:3-4)
 
одлично кажано !

со ова се согласувам !

под итно да се забранат сите религии и вери со нивните бајки со кој им ги скокоткаат ушите за наводни вечни животи ветришта магли и виулици

Луѓето да изучуваат само природни општествени науки !

се согласувам !
 
бре бре бре, вие атеистите сте диктатори и се сакате по ваше да биде, што ти смета некој ако го сака Бог? На вас атеистите и на лукавиот ви смета религијата и бог? Што ви згрешила па толку да ја мразите.
Правите верници во Бог на никого не би му забраниле на некого да учи и да се образова.

Бог нека те Благослови. Амин
 
Светата маченица Марина е родена во Антиохија и е ќерка на жрец-идолопоклоник. На 15 годишна возраст по свирепо мачење и била отсечена главата, околу 270-та година. Тогаш се убиени и 15000 луѓе што поверувале во Христа и ја прифатиле неговата вера, кога на небото виделе знак додека била мачена Света маченица Марина. За спомен на нејзините страдања светата православна црква нејзиниот ден го празнува на 30 јули, а во народот е позната и како Огнена Марија и е господарка на огнот но и покровител на сеидбите кои ги чува од поројни дождови и пожари.

Во различни делови на Македонија постојат и различни верувања поврзани со овој празник. Во Велес се верувало дека „ Чуруци фчурујат, запалујат куќите на тија шчо работат на тој ден, от тоа секого го стра да фане работа. Калајџиите празнујат тој ден за чурец“. Во Охрид, како што запишал Е. Спространов Света Марена ја држеле за да не стануваат бури „Та је пала-и креват снопојте и полоѕите. Ко да фатет ветришча, грмежи, дожџој-да чуват Госпот је“

Интерсно предание за оваа светица забележал и Кузман Шапкарев Тој сведочи дека таа „го уловила ѓаволот за коси и го тепала по главата со чекан“. Ваква ретка претстава на Света маченица Марина со ѓаволот се наоѓа на фреска во манастирот Свети Наум и на икона во Галеријата на икони во Охрид. Шапкарев исто забележал дека „селаните ниту жнијат, ниту вршат во чест на светицата, која ја сметаат за покровителка на жетвата и воопшто на сеидбата“.

Прашањето ми е дали ви се случило нешто на овој празник.
НА пример на овој празник мојата мајка и татко за дел од секундата ја одбегнале смрта.
На овој ден мината година мој роднина загина во Струмица.
Со ножици си го пресеков прстот.

5 И така, фарисеите и книжниците Го прашаа; „Зошто Твоите ученици не живеат според преданијата на старите, туку јадат леб со неизмиени раце?” 6 А Тој им рече: „Добро пророкуваше Исаија за вас лицемерите, како што е напишано: ‘Овој народ Ме почитува со усните, а нивното срце е далеку од Мене;
7 напразно Ме почитуваат, учејќи науки, што се човечки повелби.’
8 Вие ја оставате Божјата заповед, а го држите човечкото предание.
9 Вие добро ја укинувате - продолжи Тој - Божјата заповед, за да го држите вашето предание!”

Марко 7 глава
 
Родум од Антиохија Писидиска, од родители незнабожци. Дури во својата дванаесетта година слушна за Господ Исус Христос, дека се воплоти од Пречистата Дева, дека изврши многу чуда, прими крсна смрт и славно воскресна. Нејзиното младо срце се распали со љубов кон Господ и таа се заветуваше дека никогаш нема да се мажи и со сета душа сакаше да пострада за Христа, да се крсти со крв на мачеништво. Татко ѝ ја замрази заради нејзината вера и не ја сметаше за ќерка. Кога царскиот намесник Олимвриј дозна дека е христијанка, побара од неа најпрво да му биде жена. А кога го одби, ѝ нареди да им се поклони на идолите, на што Света Марина одговори: „Нема да им се поклонам ниту ќе им принесам жртва на безживотните и мртви идоли, кои ниту самите знаат за себе ниту пак знаат дали ние ги чествуваме или ги бесчестиме: не им ја давам онаа чест што Му припаѓа само на мојот Создателот“. Тогаш Олимвриј ја подложи на маки, па целата изнаранета ја фрли во затвор. Во затворот Марина Го молеше Бога и по молитвата ѝ се јави најпрво ѓаволот како страшна змија што ѝ се намотка околу главата. Но штом светителката се прекрсти, змијата се распукна и исчезна. Тогаш ја заблесна небесна светлина и ѕидовите на затворот заедно со покривот исчезнаа и се јави крст, висок и блескав, а на неговиот врв бела гулабица, од која се слушна глас: „Радувај се, Марино, словесна гулабице Христова, ќерко на севишниот Сион, зашто дојде денот на твојата радост.“ Тогаш, со силата Божја, беше исцелена од сите рани и болки. Другиот ден безумниот судија ја мачеше во оган и во вода, но Марина сѐ претрпе како во туѓо тело. Најпосле ја осуди на смрт со меч. Пред смртта ѝ се јави Господ Исус со ангели. Беше заклана во времето на царот Диоклецијан, но со душата и силата остана да живее на небото и на земјата. Една рака од Света Марина се наоѓа во манастирот Ватопед на Света Гора. Во Албанија пак, на планината Ланга над Охридското Езеро, се наоѓа манастир на Света Марина со дел од нејзините чудотворни мошти. Во овој манастир се случуваа и се случуваат многубројни чуда и за нив сведочат не само христијаните туку и муслиманите. Кон оваа светителка Турците имаат толкава почит, што никогаш не посакале да посегнат по светоста и имотот на манастирот. Едно време тутор на овој манастир беше Турчин.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom