Не, МРТВ не менаџира добро со парите. Викни ги А1/Сител на репортажа, доаѓа камерман и новинар/ка. Викни ги МТВ1 и добиваш 20 души. Камерман, новинар, светло, звук, чистачка, кафекуварица за тимот нели... све тоа у едно комбе.
Башка, МРТВ не е продуктивна веќе 10 години. Не е причината во парите... добиваат секоја година средства од буџет, не ја знам точната сума ама добиваат ПЛУС и народот има плаќано. Ако се сеќаваш, едно време ни го бапнуваа тој трошок во сметките за струја, па сакаш-неќеш ќе си го платиш и тој износ. Значи неколку пати на присилен начин имаат пробано, некогаш им има и успеано тоа... ама џабе бе. Не е се во парите, посебно не кога се работи за креативност. Или ја имаш, или ја немаш. Разбирам да работат со стара техника бидејќи немаат пари за нова техника, ама сепак идеите да им се топ. Кај нив е спротивно, имаат солидна технологија - лош менаџмент - никаква креативност и самоиницијатива. Е на тој лош менаџмент само уште повеќе пари фали да му дадеш, за уште полошо да ги изменаџира.
Не е проблемот во 120 денари месечно, проблемот е ЗОШТО би ги дал? Подобро ќе кинам секој месец по 120 денари отколку да им ги дадам на нив, најискрено.