Македонија пред рецесија

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Што ако владата за наредната година предвиди уште поголем буџет, со уште поголем буџетски дефицит од оваа година? Колку НБРМ ќе има простор за намалување на каматите? Од она што досега го видовме, владата има огромен апетит за трошење.
Потоа тука е проблемот со трговскиот дефицит од 1,31 милијарди евра, кој што и понатаму расте. http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=38F089BDFB8AE64385B5CBF2E3A31F1B До кога ќе можеме да се покриваме со девизните дознаки од нашите иселеници?
вечно ..т.е. додека не има , а тоа не е баш вечност..,но така е редот да се каже..:)
ние стануваме гурбетчиска земја..додека потполно не се исселиме....и не исчезнеме на запад..во залезот на сонцето... ( а....Morfeus ???....која сцена би била..па последната Македонска сенка фрла камен наназад и сонцето се гаси.....Лабинаа..кај се изгуби тоа чудно момиче...да ја испегламе идеата...)...:)
 
^X^

Член од
22 декември 2007
Мислења
1.457
Поени од реакции
376
Да, а тек кога ќе ни ги укинат визите овие од ЕУ. Невработениот народ ќе фати магла. На Бугарите и Романците им се случи а не пак на нас со ваква невработеност. И така, ќе си живееме од девизни дознаки, на иселениците.
Лабина :). Кој знае каде е, на затоа сестра и е тука, на филмскиот фестивал.:)
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Што ако владата за наредната година предвиди уште поголем буџет, со уште поголем буџетски дефицит од оваа година? Колку НБРМ ќе има простор за намалување на каматите? Од она што досега го видовме, владата има огромен апетит за трошење.
Потоа тука е проблемот со трговскиот дефицит од 1,31 милијарди евра, кој што и понатаму расте. http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=38F089BDFB8AE64385B5CBF2E3A31F1B До кога ќе можеме да се покриваме со девизните дознаки од нашите иселеници?
Веќе ништо не ме чуди.Можно е да предвидат и три пати поголем буџет и три пати поголем дефицит.Девизните резерви неможат да им ги покријат проектите,девизните резерви за жал се под клуч кај НБРМ и служат исклучиво за одбрана на фиксниот курс.Порано имаше можност да се финансира дефицит од девизни резерви,но со законот на НБРМ таа можност се укина.Можат да го сменат законот,па да ги потрошат,можат и да рипнат во Вардар,но тоа си е нивна одлука.
До крајот на годинава со вториот ребаланс,на нашите политичари им фалат 90 милиони,пари кој ги немаат.Приходите од даноци се намалија и се отвори минус на сметката за мачкање очи.Тоа ќе го решат со записи,бидејќи веќе ги повлекоа и од ММФ парите што можевме да ги повлечеме без аранжман (мислам дека ги повлекоа ќутенка,така барем некаде прочитав).Со домашното задолжување,банките ниту ќе имаат желба да симнат камати,ниту Гошев ќе дозволи да има вишок пари во земјата.Така граѓаните ќе си плаќаат високи камати,владата ќе ги фрла додека може државните пари,а целиот тим кај Гошев ќе оди по лекарства за смирување.
И после некој ќе се жали за фиксниот курс,овде нема ни простор за разговори,а не па услови:smir:
 
Член од
24 септември 2009
Мислења
28
Поени од реакции
3
Makedonija ne moze da bide PRED recesija-NIE NIkOGAS ne izlegovme od recesija!:nenene:
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Makedonija ne moze da bide PRED recesija-NIE NIkOGAS ne izlegovme od recesija!:nenene:
Имаш мала утка, не сме уште ни ВЛЕЗЕНИ, цело време се маткаме во ПРЕДВОРЈАТО...дури кога ВЛЕЗЕМЕ ќе праиме муабет....
 
S

smart ass

Гостин
знаете во економијата експериментите се забранети.
ама за пракса:vozbud:

една од подобрите само македонија тука економист бидува економист имаме примери и за бихејвористи,формалисти...фрустрационалисти..

македонија е плодна почва за експерименти озбилно.
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
знаете во економијата експериментите се забранети.
ама за пракса

една од подобрите само македонија тука економист бидува економист имаме примери и за бихејвористи,формалисти...фрустрационалисти..

македонија е плодна почва за експерименти озбилно.
Експерименти???? :) какви бе експерименти...Македонија е еден ГОООЛЕМ ЕКСПЕРИМЕНТ...,а бе оној наречен Филаделфија...е обична мачкина кашлица за нашиот Македонија експеримент.....:vozbud:
 
J

Johnny Stulic

Гостин
Имаш мала утка, не сме уште ни ВЛЕЗЕНИ, цело време се маткаме во ПРЕДВОРЈАТО...дури кога ВЛЕЗЕМЕ ќе праиме муабет....
Ова предворјево мене ми асоцира на чистилиштето од Данте Алигиери
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Македонија ја зголемува трговската размена со странство, но паралелно расте и трговскиот дефицит.
Минусот во трговијата во август годинава изнесува милијарда 492 милиони долари, што е зголемување во однос на јули кога дефицитот изнесуваше милијарда 315 милиони долари, покажуваат најновите статистички податоци.
Покриеноста на увозот со извозот е 53 проценти, што значи дека на еден долар извоз, Македонија увезува производи вредни два долара.
И во август во увозот на прво место е нафтата, следи електричната енергија па моторните возила. Во извозот доминираат железото, челикот, облеката, фероникелот и преработките од нафта. Експертската јавност предупреди дека сме на прагот на зимата, кога по автоматизам се зголемува увозот на енергенси, на струја, нафта и гас, а со тоа практично се создава можност за поголемо продлабочување на трговскиот дефицит.
Августовската статистиката покажува и симболично придвижување на обемот на размената со странство. Во август во однос на јули размената е зголемена за 0,8 проценти. Според владините проекции стабилизирање на економијата е можно да се случи во последниот квартал годинава.

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=114776
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Во извозот доминираат железото, челикот, облеката, фероникелот и преработките од нафта.
Од ова се гледа дека во последните 20 години во Македонија ништо не се променило т.е. извезуваме само ефтини полупроизводи....
...како идеше онаа приказната за виното и капачето за шишето...
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
145
Поени од реакции
5
Здраво!Сведоци бевме на економска криза,па сакам да ве прашам,што би направиле доколку,имате за цел да купите во иднина стан или куќа дали ќе штедите подолг временски период или ќе подигнете некој кредит со оглед на турболенциите во нашава економија?фала.поздрав
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.455
Поени од реакции
18.456

Секогаш е подобро да земиш кредит, ако немаш каде да живееш, затоа што додека плаќаш скапи кирии, ќе си ја плаќаш ратата за станот.

Е сега ако имаш каде да живееш, тогаш збирај пари ако знаеш да штедиш, нема да плаќаш камати.
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
145
Поени од реакции
5
Еве на пример се одлучам да штедам.Што ако недај боже по некоја собрана сума се деси незнам инфлација на станови пад на еврото или сл.Дали ќе биде подобро и во оваа ситуација да си подигнам кредит,наместо да штедам?
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Еве на пример се одлучам да штедам.Што ако недај боже по некоја собрана сума се деси незнам инфлација на станови пад на еврото или сл.Дали ќе биде подобро и во оваа ситуација да си подигнам кредит,наместо да штедам?
pa jebi ga ....i neboto moze da padne...se plasele Galite :)...gledaj, ceni, odlucuvaj...od mnogu prasuenje nema mnogu golema dobivka...:)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom