Абе принципот е ист, неверство е неверство, ама различно боли.
Жена ќе изневери од најразни причини, некои од нив многу подли. Ќе изневери поради одмазда, поради ниска самодоверба, поради монотонија, а многу често поради емоционална празнина од партнерот. Ние жените многу го тупиме со емоции и глупи емотивни барања, на кои практичните мажи често не знаат како да одговорат.
Мажот ќе изневери затоа што таква била приликата. Simple as. Веројатно е потешко да се рационализира за искушенијата кога мозокот ти е поделен на две локации
Може да генерализираме до бескрај, ама во принцип има една главна причина поради која изневеруваат жените: компензација на некаков недостиг кај моменталниот партнер. Мажите имаат помалку, поконкретни и поедноставни барања кои не се плашат директно да ги искажат. Жените одат во крајност со слоеви, детали и тривијалности, и очекуваат истите да им бидат прочитани од мисли.
А кога тоа нема да се случи, право кај првиот слободен стрелец што ти гарантира дискреција
Уствари разликата во тежината на машкото и женското неверство е во тоа што мажите генерално не го врзуваат сексот исклучиво за емоции, додека жената, која е природно создадена да бара потпора и сигурност, често ги води своите репродуктивни нагони според емоционалните потреби.
Оттаму глупоста дека „маж варал со тело, жена со срце“.