Драматичен пад на индустриското производство

Член од
17 јануари 2008
Мислења
1.107
Поени од реакции
150
Имаш работено негде тогаш? Пред 20 години? Стопанство, државно?

Тогаш сеуште имаа луѓето под перници, ама кога и банките им ги истресоа перниците...
А процентот на сиромашни се зголемува обавезно после секој крај на летни одмори, истресени им се џебовите од Грчки, Охриди, Турции, па и подалеку. распродадени аранжмани...е да, сега сме во рецесија некоја си. У ствари владата треба да прогласи рецесија.
владата чека да напраиме зимница па да прогласи рецесија :pos2::pos2:
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.886
Поени од реакции
12.421
владата чека да напраиме зимница па да прогласи рецесија :pos2::pos2:
Ама тогаш ќе сме спремни со ајвар, наоружани со лутеница и опремени со жива туршија па нека прогласуваат, уште да почекаат дрвца да набавиме (кој не набавил досега) и виното (касно ќе е до мразевите, ама...хранливо било), може да прогласат и камења дека паѓаат :vozbud:

Владата бега од соочувањето со рецесијата?

[27.08.2009] Македонија е во рецесија, бизнисмените се подготвуваат за турбулентен период, исполнет со неизвесност, власта ниту демантира, ниту потврдува. Министерот за економија, Бесими, одбегнува да одговори на прашањето на А1, дали ќе земјата ќе објави рецесија.
Објавил или не (можеби се срами :kesa: да објави), со ајвар у подрум полесно се вари објавата :wink:

seriozna si?:nenene:
Изумив да нопоменам на Лане, машко сум :)
 
Член од
17 јануари 2008
Мислења
1.107
Поени од реакции
150
Ама тогаш ќе сме спремни со ајвар, наоружани со лутеница и опремени со жива туршија па нека прогласуваат, уште да почекаат дрвца да набавиме (кој не набавил досега) и виното (касно ќе е до мразевите, ама...хранливо било), може да прогласат и камења дека паѓаат :vozbud:

Објавил или не (можеби се срами :kesa: да објави), со ајвар у подрум полесно се вари објавата :wink:
ти фали лута и нешто што расте на коска па да се биде комплетно наоружан за зимси битки со рецесијата.... ако се пресрамат да ја објават:eek:lee:
 
lane62

izguben vo svemirot
Член од
25 август 2009
Мислења
145
Поени од реакции
1
Ама тогаш ќе сме спремни со ајвар, наоружани со лутеница и опремени со жива туршија па нека прогласуваат, уште да почекаат дрвца да набавиме (кој не набавил досега) и виното (касно ќе е до мразевите, ама...хранливо било), може да прогласат и камења дека паѓаат :vozbud:

Објавил или не (можеби се срами :kesa: да објави), со ајвар у подрум полесно се вари објавата :wink:

Изумив да нопоменам на Лане, машко сум :)
oh,izvini...ne pise...slika...ime...konfuzno stanje...kao i sve u ovoj drzavi.:pipi:
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.886
Поени од реакции
12.421
ти фали лута и нешто што расте на коска па да се биде комплетно наоружан за зимси битки со рецесијата.... ако се пресрамат да ја објават:eek:lee:
Стварно, која е придобивката од тоа да се или да не се објави. Не ги познавам законите за да знам зошто би се одолговлекувало или не. Као лаик, за мене објава е објава...или има мерки кои треба/мора да се преземат?

офтоп
oh,izvini...ne pise...slika...ime...konfuzno stanje...kao i sve u ovoj drzavi.:pipi:
Ех па ти уживај, малку се нашалив преѓеска :smir: А некогаш знам за аватар и дрво да ставам :wink:
 
Член од
17 јануари 2008
Мислења
1.107
Поени од реакции
150
Стварно, која е придобивката од тоа да се или да не се објави. Не ги познавам законите за да знам зошто би се одолговлекувало или не. Као лаик, за мене објава е објава...или има мерки кои треба/мора да се преземат?
лаички одговор за рецесијата......
ако објават ке се посрамат пред гласачите што гласаа за вмро.
ако не признаат ке бидат успешни политичари пред гласачите и ке си препишат успех од големи размери, а воедно ке расте рејтингот на гвујо како лидер фирерот гвујо.....:toe::toe:
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Конечно можеме да “здивнеме“,заводот за статистика објави дека падот на индустриското производство за Јули е само 20% во споредба со истиот месец минатата година.Јас пак се плашев дека ќе биде цели 50%.Затоа пак “радува“ фактот што за истиот период од лани вработувањето во Македонската администрација порасна за цели 10%,што е сигурен показател дека сепак нешто се менува,како што имаа обичај да кажат луѓето и во рекламните спотови на владата.:pos2:
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.491
Поени од реакции
18.517

Ај не заебавај и ти сега, не гледаш дека му ги замрзнаа платите, се справуваат со кризата... нема да трошат сега многу на тие 10.000 - 20.000 нови вработени :nesvest:
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Ај не заебавај и ти сега, не гледаш дека му ги замрзнаа платите, се справуваат со кризата... нема да трошат сега многу на тие 10.000 - 20.000 нови вработени :nesvest:
Kако бе им ги замрзнаа платите кога заводот за статистика објави дека покрај Албанија,Македонија е единствената земја во светот што во годината на најголемата светска економска криза ја зголемила платата на вработените,дури и за 30% во одредени делови на јавниот сектор.Или мислиш дека “луд јебе збуњеног“?:pos2:
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.491
Поени од реакции
18.517
Kако бе им ги замрзнаа платите кога заводот за статистика објави дека покрај Албанија,Македонија е единствената земја во светот што во годината на најголемата светска економска криза ја зголемила платата на вработените,дури и за 30% во одредени делови на јавниот сектор.Или мислиш дека “луд јебе збуњеног“?:pos2:
Ах, нашата 'убава' статистичка реалност.

Не мислев на тоа, нема да има покачување на платите во Септември.

-------------------------------------------------------

http://www.vest.com.mk/?ItemID=D4DDCE481BA08244952252F1FA091969

Платите замрзнати најмалку една година

Над 120 илјади вработени во државната администрација на први октомври нема да го добијат ветеното трето покачување на платите за 10 насто. Со најавениот ребаланс на Буџетот кој мора да се случи во септември, оти рецесијата драстично ги намали приливите во државната каса, платите на администрацијата ќе се замрзнат најмалку за една година, односно до октомври 2010.
Во пролетта 2006 година Владата на Груевски ги одмрзна платите на административците кои беа под мраз повеќе од една деценија. Тогаш беше донесена одлуката во наредните три години платите на 1 октомври да бидат повисоки за 10 насто, и тоа на покачената основа од претходната година, со што на крајот на третата година заработката на секој административец требаше да биде повисока за околу 33 насто. Владини извори објаснуваат дека сите математики покажале оти ветените пари годинава не може да бидат поделени поради големиот притисок од економската криза. Во просек, околу 15 отсто од Буџетот на Македонија се троши на плати за администрацијата.
Со предлогот за ребалансот кој Министерството за финансии ќе $ го достави на Владата до крајот на месецов, а пред пратениците треба да се најде во септември, пресметките, кои уште се во тек, покажувале дека трошоците на државните органи и институции треба да се скастрат за најмалку 50 милиони евра. Податоците за опаднатите економски движења во земјава покажале дека ќе мора да се направи и драстична корекција на макроекономските показатели. Така, бруто-домашниот производ за годинава ќе се проектира на минус 0,6 отсто, наместо планираните еден насто со првиот пролетен ребаланс на Буџетот, а инфлацијата ќе се сведе на само 0,1 отсто на годишно ниво.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.886
Поени од реакции
12.421
Ах, нашата 'убава' статистичка реалност.

Не мислев на тоа, нема да има покачување на платите во Септември.
Ако ги качат...џабе, рано е за избори :)

инаку ќе се борат со инфлација и решето во буџет :smir:

нека ги утврдат минималците за стопанските дејности, тоа е подобро, луѓе окапаа со многу ниски примања.
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Ако ги качат...џабе, рано е за избори :)

инаку ќе се борат со инфлација и решето во буџет :smir:

нека ги утврдат минималците за стопанските дејности, тоа е подобро, луѓе окапаа со многу ниски примања.
не може...тие пари треба да се створат..........у стопанството....овие само се земат ....од грнето наречено буџет...:)
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Така, бруто-домашниот производ за годинава ќе се проектира на минус 0,6 отсто, наместо планираните еден насто со првиот пролетен ребаланс на Буџетот, а инфлацијата ќе се сведе на само 0,1 отсто на годишно ниво.
Еј само потсети се на проекцијата за годинава од страна на славчето +5:pos2:
Нека не ги замрзнува платите,оти во минатиот ребаланс ги замрзна вработувањата,па начука уште 500 души внатре,замисли да им ги начука :)) ) за 10% платите.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.491
Поени од реакции
18.517
Еј само потсети се на проекцијата за годинава од страна на славчето +5:pos2:
Нека не ги замрзнува платите,оти во минатиот ребаланс ги замрзна вработувањата,па начука уште 500 души внатре,замисли да им ги начука :)) ) за 10% платите.

Абе знаеш како викаат АРЕН МАЖ НА ЗБОРОТ НЕ СИ СТОЈ
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
За зголемување на индустриското производство и намалување на трговскиот дефицит Македонија би можела да го искористи примерот на Куба:

Волови ќе ги заменат тракторите во Куба

ХАВАНА - „За оваа програма треба да заборавиме на тракторите и на горивото, дури и ако имаме доволно. Идејата е, главно, да се работи со волови“, изјави Кастро пред парламентот на 1 август.
Министерството соопшти дека повеќе од 265.000 волови се „способни за соодветно, а во некои случаи и целосно да ги заменат машините за товарење и за садење“.
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=83F4E3BD35DB3941A460CF1E6848FD17

Со оглед на тоа дека кај нас имаме најмалку 120 000 неангажирани “волови“ во Македонската МЕГА администрација,би можеле да ги ангажираме во подобрување на нашето индустријско производство,или во краен случај да им обезбедиме солидни “ангажмани“ на Куба,колку да си ја заработат храната.:kesa:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom