Во Македонија има цела индустрија во ланецот за рециклирање на пластика и хартија.Се очекуваше да влезе инвестиција и за рециклажа на стакло,на кого цената му е многу ниска,а транспортните трошоци високи.Целиот систем е воспоставен пред две години.Низ главниот град веќе се поставени специјални контејнери наменети исклучиво за пластика,низ домаќинствата во населбите каде живее индивидуално население беа поделени пластични кеси за одвојување на отпадот жолта за пластика,сина за хартија.Целиот систем за примарна селекција кошта досега 1 милион и 200 илјади долари.Има 5 фабрики кој го откупуваат тој пластичен отпад (мијат,чистат и дробат) и во вид на снегулки го извезуваат од земјава за понатамошен процес на рециклирање каде од тој материјал се прават разни производи (автомобилски делови,маси,столчиња,облека,крампони итн).Кога рипна цената на нафтата пластиката (кг) доби цена на македонскиот пазар од 14 денари за кило,бидејќи нели состојка е дериват на нафтата.
Сеуште нема фабрика која го врши целосно процесот на рециклирање,но се надеавм дека и тоа ќе се случи наскоро (чини милиони таква машина,а средствата од странски донатори поради кризата се ограничени).
Овие пунктови за примарна селекција ги сервисира Комунална Хигиена која има свој рециклажен двор многу убаво уреден и вработува дополнителни лица (бидејќи се делат по боја,се вадат капачињата кои одат на друг процес за рецилкирање).Количината на пластичен отпад во Дрисла е драстично намален,бидејќи распадот на шише е повеќе од 150 години.
Законски оној кој загадува треба и да плати (како компании од типот на кока кола),но тие пари одат во министерство за екологија од каде им се губи траг.Кога тие пари би влегле во оваа индустрија,тогаш би имало средства за цел систем на рециклирање (батерии,цд дискови,хартија,стакло,лименки,итн).Од една страна приходи за земјата од друга страна еколошка средина.
Овој систем се спроведува во повеќе од 20 градови во Македонија.