Продавале храна собрана од депонија

  • Креатор на темата Креатор на темата dzonyb
  • Време на започнување Време на започнување
Мене ме интересира како незабележно одмкнале толку храна од депонијата (така беше пренесено на вести)?

Тоа е за да кажат колку се неспособни Комунална Хигиена па и храна им крадат од депонија.Утре ќе слушенме дека и болви шверцувале,за на крај да ја кажат вистината за Дрисла,создавањето на нови јавни претпријатија во град Скопје,растурање на ЈКП,плаќање за истовар на Дрисла,носење отпад од други држави кој патем многу се плаќа и на крај ќе станеме купиште ѓубре и ќе си кукурикаме.Ама јас ќе си изградам најголемо буниште,ќе биде создадено од органско тврдоглаво потекло :)
 
Ова му доаѓа како рециклирана храна.
 
не сме сите „најглупи“.

најглупи се тие македонци кои нон стоп (и во СРМ и РМ и во ФИРОМ и денес) некој друг е крив иако немаат ништо создадено?

најглупи се тие што нон стоп се полни со цинизам, наместо со идеи за работа. најглупи се тие што нон стоп се жалат, а не превземаат ништо...

итн.

А, овие со трујачкиов бизнис, така креативни и снаодливи биле.
Ние тука уствари, само им љубомориме.

прочитај погоре, јас убавно напишав дека „...немаат ништо СОЗДАДЕНО“.

баш тоа е проблемот - што сите пробуваат да се „снаодливи“, АМА НЕ ДА СОЗДАДАТ нешто, туку да заебат некого.


иначе - толку што биле снаодливи, оваа наша „глупава“ полиција (претпоставувам циниците на форумот имаат и против полицијата, како што имаат против цела држава?) ги фатила, па ќе си одговараат - не се снашле. ич не им љубоморам и не ми е мотив во животот да заебам некого. не ми е предизвик. повеќе сакам секој со кој соработувам (ако не е ваков некој лажго) да добие и јас да добијам. тогаш сум најсреќен.
 
Тоа е за да кажат колку се неспособни Комунална Хигиена па и храна им крадат од депонија.Утре ќе слушенме дека и болви шверцувале,за на крај да ја кажат вистината за Дрисла,создавањето на нови јавни претпријатија во град Скопје,растурање на ЈКП,плаќање за истовар на Дрисла,носење отпад од други држави кој патем многу се плаќа и на крај ќе станеме купиште ѓубре и ќе си кукурикаме.Ама јас ќе си изградам најголемо буниште,ќе биде создадено од органско тврдоглаво потекло :)


Ѓубрето е енергија...ако правилно се стопанисува...
Во Германија се почесто даваат пари да ти го дигат органското ѓубре особено маслото од дома...
Туку мене никако да ми стане јасно зошто не го сортираме ѓубрето???
Јасно ми е дека нема култура а можеби нуту соодветни контејнери, сепак почетната инвестиција може да се исплати за 10тина години...
 
Не знам уопште кај нас од ѓубре/ѓубриња кога немало добра заработка.

Инаку на темата, имаше и во други градови пред некоја година, од ѓубриште во кланица или на пазар.
http://www.kajgana.com/statija_5097.html
Триесет и деветгодишниот Т.Б.(39) од Кочани заработи кривична пријава за сторено кривично дело „производство и пуштање во промет штетни прехранбени и други продукти“.

[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]АПСУРДИ[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Свинско директно од депониите во Неготино и во Кавадарци[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Локален фармер ги пушта свињите да бараат храна на отворената депонија во Неготино на која се фрла и комунален и медицински отпад, а инспекцијата крева рамена и вели дека не може да го спречи тоа[/FONT]
Дали се превенира и делува соодветно, најверојатно не, според постојано присутните појави.
 
Ѓубрето е енергија...ако правилно се стопанисува...
Во Германија се почесто даваат пари да ти го дигат органското ѓубре особено маслото од дома...

Работам на проблематикава со години и знам дека ѓубрето не е ѓубре туку е пари.Но овде нечисто сакат да ни вметнат отпад кој другите држави сакаат да си го исфрлат од граници.
Ако нашиве сакаа од Дрисла да направат рециклажен центар,поминаа 20 години ќе направеа.Идеа стручњаци,пари се фрлаа за таа проблематика,ама бирократијата спречи се.Затоа се овие балони во јавност,за да се подготви терен за грабеж.
 
Ѓубрето е енергија...ако правилно се стопанисува...
Во Германија се почесто даваат пари да ти го дигат органското ѓубре особено маслото од дома...
Туку мене никако да ми стане јасно зошто не го сортираме ѓубрето???
Јасно ми е дека нема култура а можеби нуту соодветни контејнери, сепак почетната инвестиција може да се исплати за 10тина години...
Неколку прашања се поставуваат- значи дали ќе платат за да сортираме ѓубре, дали има капацитети во државата за транспорт, преработка-цел технолошки процес и вадење корист од тоа. Па Македонија со гасот ништо не направи, како ли со ѓубрето, да не се надеваме на нешто повеќе.
 
Работам на проблематикава со години и знам дека ѓубрето не е ѓубре туку е пари.Но овде нечисто сакат да ни вметнат отпад кој другите држави сакаат да си го исфрлат од граници.
Ако нашиве сакаа од Дрисла да направат рециклажен центар,поминаа 20 години ќе направеа.Идеа стручњаци,пари се фрлаа за таа проблематика,ама бирократијата спречи се.Затоа се овие балони во јавност,за да се подготви терен за грабеж.


Ти верувам ако си работела на таа проблематика , јас не сум многу упатен...
Знам само дека во Австрија на пример има цели села што користат исклучиво енергија создадена од масло од фритези...
Исто така во околината на Дрезден има еден тип кој има патентирано цела постројка за правење на енергија од ѓубре, дури идеа и луѓе од Македонија да го посетат...
Проблем е што целата инвестиција би била околу 10милони евра , секако државата би требала да зема удел во тоа, бидејки тешко некој да има таква финснасиска моќ кај нас...
Втор проблем е што мислам дека овој патент никогаш не се комерцијазлизирал , зошто незнам , а не ги знам подетално ни техничките детали иако човекот работи многу време кај него и има изградено кај него пробна постројка која работи со години и дава одлични резултати...
Најпрост пример на искористување на енергијата на губрето има во Рие де Женеро каде што има огромна инвестиција и мислам дека градот добива огромен дел од енергијата токму од ѓубрето кое до пред тоа било рак рана на градот...
Принципот е на собирање на гасовите кои се ствараат со скапување на ѓубрето...
Е сега како е решен проблемот со пластиката и останатиот отпад на кого му треба многу време за разградување тоа незнам...
На горе споменатиот Германец изумот му беше заснован токму на тоа , забрзување на процесот на разградување...

Неколку прашања се поставуваат- значи дали ќе платат за да сортираме ѓубре, дали има капацитети во државата за транспорт, преработка-цел технолошки процес и вадење корист од тоа. Па Македонија со гасот ништо не направи, како ли со ѓубрето, да не се надеваме на нешто повеќе.


Не се плаќа сето ѓубре...
Инаку и бесплатно да ти го дигат е некаква добивка...
Овде ѓубрето се дели на:

Стакло,
Книга,
Остатоци од храна,
Паковки (тетрапак, лименки, и друго)
И секако двапати во годината се дига групниот отпад (мебел и слично)...
Исто така си плаќаш ако сакаш да фрлиш одстатоци од градината, гранки, трева и слично...

Инаку има варијанта и да не го делиш ѓубрето (тоа важи за ресторани, за приватни лица незнам) ама таа варијанта е толку скапа што не ти се исплати...
А сортирањето на ѓубрето е само навика ништо повеќе...
 
Инаку и бесплатно да ти го дигат е некаква добивка...
Е, но треба да се поработи на свеста кај населението, а и не е лошо при релативно мали примања да се даде некоја олеснувачка. пошто не е толку водата (ова со АБЦ сеуште не моѓеме да го израмниме) скапа, поскапа е ѓубретарината. Доколку се даде олеснување, да се намали таа ѓубретарина, секако дека сите ќе го прават тоа. Но дали е државата заинтересирана, и тоа е за дискусија.
Леандра најверојатно е повеќе запознаена штом работела, соработувала, анализирала...во оваа дејност, затоа се што ќе изнесе овде е секако далеку поверодостојно од моите претпоставки.
 
Во Македонија има цела индустрија во ланецот за рециклирање на пластика и хартија.Се очекуваше да влезе инвестиција и за рециклажа на стакло,на кого цената му е многу ниска,а транспортните трошоци високи.Целиот систем е воспоставен пред две години.Низ главниот град веќе се поставени специјални контејнери наменети исклучиво за пластика,низ домаќинствата во населбите каде живее индивидуално население беа поделени пластични кеси за одвојување на отпадот жолта за пластика,сина за хартија.Целиот систем за примарна селекција кошта досега 1 милион и 200 илјади долари.Има 5 фабрики кој го откупуваат тој пластичен отпад (мијат,чистат и дробат) и во вид на снегулки го извезуваат од земјава за понатамошен процес на рециклирање каде од тој материјал се прават разни производи (автомобилски делови,маси,столчиња,облека,крампони итн).Кога рипна цената на нафтата пластиката (кг) доби цена на македонскиот пазар од 14 денари за кило,бидејќи нели состојка е дериват на нафтата.
Сеуште нема фабрика која го врши целосно процесот на рециклирање,но се надеавм дека и тоа ќе се случи наскоро (чини милиони таква машина,а средствата од странски донатори поради кризата се ограничени).
Овие пунктови за примарна селекција ги сервисира Комунална Хигиена која има свој рециклажен двор многу убаво уреден и вработува дополнителни лица (бидејќи се делат по боја,се вадат капачињата кои одат на друг процес за рецилкирање).Количината на пластичен отпад во Дрисла е драстично намален,бидејќи распадот на шише е повеќе од 150 години.
Законски оној кој загадува треба и да плати (како компании од типот на кока кола),но тие пари одат во министерство за екологија од каде им се губи траг.Кога тие пари би влегле во оваа индустрија,тогаш би имало средства за цел систем на рециклирање (батерии,цд дискови,хартија,стакло,лименки,итн).Од една страна приходи за земјата од друга страна еколошка средина.
Овој систем се спроведува во повеќе од 20 градови во Македонија.
 
Исто така во околината на Дрезден има еден тип кој има патентирано цела постројка за правење на енергија од ѓубре, дури идеа и луѓе од Македонија да го посетат...


да, познавам многу македонци кои имаат големи искуства со „посетување“. проблемот е што ништо после тоа не прават со „стекнатото знаење“ од посетите, ниту пак има некои други резултати.
ете, владата дури ги посети интел и оракл, ако не се лажам, а и пејпал само што не почнал со македонија да работи....

се сечавате колкава делегација отиде во силиконската долина? мислам беа околу 100 „посетители“?
 
не сме сите „најглупи“.

најглупи се тие македонци кои нон стоп (и во СРМ и РМ и во ФИРОМ и денес) некој друг е крив иако немаат ништо создадено?

најглупи се тие што нон стоп се полни со цинизам, наместо со идеи за работа. најглупи се тие што нон стоп се жалат, а не превземаат ништо...

итн.

mi napomna da te ostaam na mira....da ne te zakackam i iritiram......, no mnogu bre dete burekce jaduckas, ligi mi prais......pa mora da proverime.....: aj malku referenci ovde ..za tvoite formalni kvalifikacii, doprinosi, SOZDAVANJA , pa idei za rabota.. :) ... se nadevam i ti ko tvoj Gwujo ne ne muvas so virtuelni...takvi ...tikvi.. :)

Се потпишувам под овој пост , додавајќи дека покрај горенаведената група најмногу ме иритираат оние кои жалат за подобри времиња и сеуште не сфатиле дека нешто требат и сами да сработа место да се надеват на помош од државата, а секако ако за постарите имам разбирање , не ми е јасно како може кај младата генерација да ја има оваа негативна појава иако повеќето не ни биле родени во тие „добри„ времиња...

kultizin...vlada se izbira, pa posle BOGATO SE PLAKJA, za da ti pomogne vo organiziranje na drzavata , isto kako sto iznajmuvas kuknja pomosnicka da ti go sredi stanot, ispere, ispegla...., ne za da te ZAEBAVA...da ne upotrebam zbor bez ona ZA..... :)
 
не сме сите „најглупи“.

најглупи се тие македонци кои нон стоп (и во СРМ и РМ и во ФИРОМ и денес) некој друг е крив иако немаат ништо создадено?

најглупи се тие што нон стоп се полни со цинизам, наместо со идеи за работа. најглупи се тие што нон стоп се жалат, а не превземаат ништо...

итн.
глупи во македонија нема, има само не информирани, зборот глуп е застарен, а што се однесува до цинизмот тој не би требало да ти смета ако си толку интелигентен, за да некој нешто создаде некој треба да му даде дозвола или пари ако збориме за нешто капитално,ако имаш некоја идеја за нешто напредно слободно изнесија за да може некој да ја разгледа можеби кај некој ке опали, а за храната изнесена од дрисла е еднакво на оружје за масовно уништување, во кој власта треба да си ја заврши домашната задача, ако можеше Јануловска како Елиот Нес филмски да уништи запленето оружије и муниција, па можела тоа да го стори и со храсната со поминат рок, затоа спомнав дека и таа може да одземе нечиј живот :tapp::tapp::tapp::tapp:
 
Од депонијата Биљали ја извезувал храната надвор, за ефтина цена му ја продавал на Красничи, а тој ја дистрибуирал низ пазарите во Јурумлери, Трубарево, Шуто оризари.

Сето ова е одвратно.
Но прво А1 да си ги провери информациите. Јурумлери и Трубарево немаат пазари милијарда посто, а за Шуто Оризари немам поима. А нема ни картонски тезги.
Во продавници и месари сигурно не се дистрибуирале овие расипани продукти.
Така да не знам кај се продавало ова како прво.

А ако навистина го правеле овој бизнис (на одредени пазари) тогаш некои и од Дрисла се вклучени и си правеле профит од ова.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom