Дали високите парични казни ја постигнаа целта ?

Дали високите парични казни ја постигнаа својата цел ?

  • Вкупно гласачи
    42
  • Гласањето е завршено на .

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Да не забегувам, но чуството за национална припадности и патриотизмот имаат улога до таа мера до која секој еден спроведувач на законот сфати дека спроведувањето на законите е всушност и почит и родољубивост кон државата што му овозможила токму тој да биде нејзин претставник, а додека пак граѓаните со почитувањето на законите на државата допринесуваат за нејзин развој владеење на законите и почиста околина.
Во ред, може и така да се гледа. Сепак, лично сум убедена, дека се работи за "попрости" мотиви кога е во прашање обичниот граѓанин. Но, да не ја оптеретуваме со такви дискусии темата.

Инаку, да...Кога станува збор за институциите и оние кои треба да ја спорведат казната, апсолутно гледам нелојалност од нивна страна кон државата и нејзиниот интерес.
Кога тие би ја спроведувале задачата ко што треба, а не ко што сега се прави (поништување казни, гледање низ прсти и сл.), тогаш обичниот граѓанин, сакал или не, со тек на време би развил свесност и би почнал позитивно да се однесува по ова прашање.
 
Manga

Golem alat
Член од
21 април 2006
Мислења
7.762
Поени од реакции
5.044
Нормално дека високите парични казни ја постигнаа целта ...
А тоа е некој да си го напуни џебот.. тоа им беше едниствената цел и добро им оди:toe:
 
ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Нормално дека високите парични казни ја постигнаа целта ...
А тоа е некој да си го напуни џебот.. тоа им беше едниствената цел и добро им оди:toe:
Сметаш и дека останатите земји, од типот на скандинавските и сл., освен што наполниле буџет (или џебови), не постигнале ништо друго со високите казни кои ги имаат со децении?
 
Кралот Марко

Не прилепчанецот, ами Јас
Член од
6 ноември 2008
Мислења
3.969
Поени од реакции
278
Во ред, може и така да се гледа. Сепак, лично сум убедена, дека се работи за "попрости" мотиви кога е во прашање обичниот граѓанин. Но, да не ја оптеретуваме со такви дискусии темата.

Инаку, да...Кога станува збор за институциите и оние кои треба да ја спорведат казната, апсолутно гледам нелојалност од нивна страна кон државата и нејзиниот интерес.
Кога тие би ја спроведувале задачата ко што треба, а не ко што сега се прави (поништување казни, гледање низ прсти и сл.), тогаш обичниот граѓанин, сакал или не, со тек на време би развил свесност и би почнал позитивно да се однесува по ова прашање.

Точно така кога институциите ќе покажат поголема лојалност тогаш се ќе биде поинаку. Инаку сега се се сведува на фразата „ме боли патиката небива јас ќе ја оправам државата“ . И такви слични изреки па затоа и не функционира ниту еден закон како што треба па затоа нема ниту некакви видливи ефекти од тоа. .
 
Manga

Golem alat
Член од
21 април 2006
Мислења
7.762
Поени од реакции
5.044
Сметаш и дека останатите земји, од типот на скандинавските и сл., освен што наполниле буџет (или џебови), не постигнале ништо друго со високите казни кои ги имаат со децении?
Има што да пунат во скандинавските и слично .. него овде не е така ..си се мачел да сврзеш крај со крај ,,да платиш сметки ..јадење ..нешто да ти остане ..уште убавите цени за казнување .. и 2 смени да рмбаш нема да платиш .. што не направеја да биде казната (да почистиш некој саат.. него сакаат ПАРИ ) .. епа пари ..тоа ги праи среќни .
 
ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Има што да пунат во скандинавските и слично .. него овде не е така ..си се мачел да сврзеш крај со крај ,,да платиш сметки ..јадење ..нешто да ти остане ..уште убавите цени за казнување .. и 2 смени да рмбаш нема да платиш .. што не направеја да биде казната (да почистиш некој саат.. него сакаат ПАРИ ) .. епа пари ..тоа ги праи среќни .
Го направија тоа.

Патем, ако си сиромашен, значи дека треба да фрлаш смет на улица, да плукаш, да нарушуваш јавен ред и мир, и сл.?
 
Manga

Golem alat
Член од
21 април 2006
Мислења
7.762
Поени од реакции
5.044
Го направија тоа.

Патем, ако си сиромашен, значи дека треба да фрлаш смет на улица, да плукаш, да нарушуваш јавен ред и мир, и сл.?
Не ме свати баш .. поентата ми е ..сите казни да бидат (работни)....

Не се однесува тоа на сиромашните ... нема смисла .секој закон за сите е исто .. само казните не треба да бидат парични ... не е битно кој ги дава .. него тие си одат во некој џебови ..и не прават нешто посебно со парите ..да купат контејнери .да направат депонии за шутот и слично ...
во приградските населби ..скоро и да нема ќорав контејнер .. а и ретко кај има комунална служба да поминуваат со камиони ...
 
Кралот Марко

Не прилепчанецот, ами Јас
Член од
6 ноември 2008
Мислења
3.969
Поени од реакции
278
Има што да пунат во скандинавските и слично .. него овде не е така ..си се мачел да сврзеш крај со крај ,,да платиш сметки ..јадење ..нешто да ти остане ..уште убавите цени за казнување .. и 2 смени да рмбаш нема да платиш .. што не направеја да биде казната (да почистиш некој саат.. него сакаат ПАРИ ) .. епа пари ..тоа ги праи среќни .

Имаш погрешно сфаќање за високите казни и за ниските плати. Многу е просто: не плукаш- нема казна, не возиш пијан- нема казна, не фрлаш отпадоци - нема казна, возиш со сигурносен појас- нема казна или просто речено не си го оптеретуваш буџетот или парите кои со пот ги печалиш.. Нема никакво алиби за ниските плати. Едно со друго не оди. Зборуваме за доследното спроведување и почитување и ефектот од сето ова. Немаш право да се лутиш на пример до колку пушиш и имаш 100 евра плата и опушокот го фрлиш во тревник. По твојата логика треба да те сожалат затоа што имаш ниска плата, па не треба да те казнат. Законите мора да се почитуваат и да важат за сите, а навиките за културно однесување не се врзани со висината на платата.
 
Сепак мислам дека работните задачи ќе имаат повеќе ефект .. со парите само се богатат некои личности ...
логиката е да не се земаат пари ... него да се казнува ефективно за околината
 
Кралот Марко

Не прилепчанецот, ами Јас
Член од
6 ноември 2008
Мислења
3.969
Поени од реакции
278
Сепак мислам дека работните задачи ќе имаат повеќе ефект .. со парите само се богатат некои личности ...
Незнам колку си запознаен, ама на почетокот кога почнаа да се спроведуваат новите закони и правила, казнетите кои решија да ги одработат своите казни беа распоредувани во комуналните претпријатија и таму само денгубеа бидејќи немаше ефикасен надзорен орган кој ќе им определи колкава задача треба да изврши соодветно на висината на казната. Што се однесува до богатењето на некои, за тоа си во право. Но зборуваме и за тоа дека за да функционира треба доследно спроведување на законите од институциите и нивна внатрешна контрола која пак ќе ги санкционира таквите појави. Зборот ми е: многу е по паметно кога ќе влезеш во клозет и кога ќе видиш дека некој не пуштил вода, да ја пуштиш па потоа да прашуваш и да се буниш против оној кој не ја пуштил отколку попрво да се буниш, затоа што ако не ја пуштиш фактички и ти стануваш исто како оној кој не ја пуштил. Тоа е проблемот кај нас, ние имаме замерки на се и сешто, а никогаш не сме покажале со сопствен пример па потоа да се буниме. Зборувам за поголемиот дел на нас.
 
Manga

Golem alat
Член од
21 април 2006
Мислења
7.762
Поени од реакции
5.044
казнетите кои решија да ги одработат своите казни беа распоредувани во комуналните претпријатија и таму само денгубеа бидејќи немаше ефикасен надзорен орган кој ќе им определи колкава задача треба да изврши
Нема ефикасно надзорство ..немаат организација ..треба да поработат на тој авторитет.

Можеби најефикасно ќе биде како во Сингапур ..да снимат видео клип со тој што го крши законот .. и на телевизија ондак:tv:
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Секоја цивилизрана земја, која има граѓани со развиена висока свест, го има постиганато истото преку високи парични казни.

Тоа е проста психологија...Затоа што просекот најмногу реагира кога ќе му мавнат по џебот, може да прекрши правило еднаш/двапати.
Се согласувам тоа е психологија па за тоа резултатите се никакви :icon_lol:.
Секоја цивилизирана земја ќе направеше ваучер систем приватизација, а не криминал систем приватизација па уште легален. Него знаеш има една позната реплика од Пред дождот а тоа е дека кругот е тркалезен (се врти), така да криминалот раѓа нов криминал, насилството раѓа ново насилство. Е сега се обидуваат паметните ни наши здраворазумни политичари поради кои сме на ова дереџе, да оправат ситуација. Ама најлошо е што почнуваат од крајот, а не од почеток поради тоа нема резултати. Природен закон е секоја работа да се почни од почеток и притоа креирајќи ја нејзе да се доведи до крај. А што прават нашиве почнуваат од крајот за да стигнат до почеток не бива така :nenene::nenene:.
 
InSuLaNeR

A man who never was a boy.
Член од
13 јули 2009
Мислења
878
Поени од реакции
107
Се разбира дека ја постигнуваат својата цел!!
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.805
Поени од реакции
12.295
значи првенствено треба да работи свеста кај луѓето
А како се поработува на свеста на луѓето? На школо, вечерно, курсеви?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom