Колоидна сребрена вода

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.574
машко сум,го имам пробано кетоконазол,црвен шампон,но не ми помага ништо.дали јас незнам како да го користам?????? докторката рече да го користам 2 пати неделно.....ми даде после тоа една течност лосион аскуам ко алхохол но ништо не ми помогна.тоа лосионот ми рече да го ставам после миење на косата со кетоконазолот. џабе.
па си мислев дека со колоидната вода ако се премачкам би завршил работа?

ова збориш дека си ја користел колоидната вода за лечење на псореаза?
и ти помогнала?

природно каде се наоѓа витаминот А,во кој овошја и јадења?
Заборави колоидни води и глупости, само полошо може да си направиш со надрилекарски рецепти. Пробај со Т-гел од Неутрогена, гарантирано помага. http://www.tgel.com/US/ Еве прочитај си, го продаваат и кај нас, мислам го има во повеќето аптеки, мислам дека е релативно скап (не знам точно колку е, ама е над 500 денари сигурно), меѓутоа си вреди за секој денар и 100% помага. Псоријазата е доста специфична болест и не си играј со сешто.
Едит: сега прочитав дека немаш псоријаза, но ако го отвори линкот сигурно виде дека т-гелот е добар за сите такви промени на кожата. И да, болеста, т.е. состојбата може да е одраз на стрес, но може да се среди релативно лесно со ова што ти го препорачав.
 
Никола

Државник
Член од
18 април 2005
Мислења
5.074
Поени од реакции
333
Нека се куп глупости ама ќе те замолам да направиш еден тест:
Земи во една чаша став сребрена вода а во друга обична од чешма.
После стави во двете неколку капки од јогурт и внимавај која ќе се расипа.
Оваа ти е тест да видиш каков антибиотик е сребрената вода
Не може да е антибиотик, може да е непријатна средина за развој на се живо.
Стави јогурт во формалин и стави во вода па ќе добиеш сличен резултат.
Неверојатно е како со глупи примери се лажат луѓе и потпаѓаат на вакви бабини деветини.
А тоа ппм... Ми личи на хомеопатија. Уште еден ненаучен и нехуман метод за да се залажуваат луѓето.
 
Член од
29 септември 2007
Мислења
245
Поени од реакции
17
Која совест да си ја прочистам?
Па јас не живеам во свет каде ми велат дека вакцината која на некој ќе му донесе 15 милјарди долари е добра!!!
Си слушнал ли за милјардер кој произведува сребрена вода а веќе во светот ја конзумираат преку 50 милиони.Ако ти сретна 100 примери на АРГИРИЈА од сребрена вода тогаш да не јадеме и моркови зашто во светот има илјадници луѓе со АРГИРИЈА од конзумирање морков
За твоја информација (за да може утре и ти без страв да ја конзумираш) има :
1. КОЛОИДНА СРЕБРЕНА ВОДА обично со 5-10 ппм позитивни сребрени јони (се добива со електролиза во строго контролирани услови и чиста вода при што се испуштаат позитивни сребрени јони и која нема лимитирана горна граница на конзумирање (СЗО) и за која нема никакви докази дека некој добил АРГИРИЈА или друга нус појава ((ФДА)) линк за СЗО и ФДА те молам? башка незнам дали си учел електрохемија ама дали знаеш дека јони во чиста вода постојат само додека тече струја, потоа зависно од реакцијата со средината се врзуваат... знаеш да ја напишеш хемиската равенка?
2.КОЛОИДНА СРЕБРЕНА ВОДА со 30-100 ппм позит. сребрени јони (сребрен нитрат која се добива со електролиза на недобро прочистена вода обично во домашни услови и од која при ПРЕДОЗИРАЊЕ може да дојде до АРГИРИЈА) интересно е од каде го добиваш нитратот? Која хемиска реакција е оваа?
3.КОЛОИДНА СРЕБРЕНА ВОДА со над 200 ппм сребрени честички(сребрен прав кој се добива со нова нано технологија и треба внимателно да се конзумира а се препорачува за надворешна употреба) хахаха нанотехнологија произведува 200 ппм а обична електролиза 5-10 ппм?!! браво :kesa: а дали знаеш што е колоид?

По многу ноќи истражување дојдов до заклучот дека единствен адут на фармацевтските компании е овој човек кој рака на срце уште е жив а од револуционерните откритија на медицината (пеницилин и др) и ден денес умираат ЛУЃЕ и тоа „смртни казни“ потпишани од истите тие „еминентни лекари“ кој ТИ ги спомнуваш и ја напаѓаат водата.
Моли се на бога јас да сум во право а не ти , па со една голтка сребрена вода навистина да ги уништиш бактериите што те нападнале а не и на најмала настинка да се враќаш од аптека со полно кесе ХЕМИЈА како да се враќаш од супер маркет.

А дали водата се фрла ако се отвори шишето да речеме 15 дена?

Баш ме интересира каде производителот ги има декларирано овие спецификации за оваа вода што веке се продава во МК... Интересно... Ова може да излезе уште една афера :vozbud:

http://s189535770.onlinehome.us/pott...dal-silver.pdf

http://pottersforpeace.org/wp-conten...dal-silver.pdf

http://academicjournals.org/SRE/PDF/...%20et%20al.pdf

1Department of Applied Microbiology Ebonyi state University Abakaliki, Nigeria.
2Department of Pharmaceutics, University of Nigeria, Nsukka, Nigeria.
Accepted 4 July, 2007

бога ми реномиран универзитет... :pos2:

Оваа се линкови од реномирани универзитети а снимката за “СИНИОТ ЧОВЕК“ прегледај ја цела и ислушај ја. Па човекот 40 години ја конзумирал и уште ја конзумира.
Искрено ова е сомнително...
 
ficdogg

221b
Член од
29 септември 2008
Мислења
1.105
Поени од реакции
699
Јас не сум ја користил за кожени болести ама знам дека помага за псореаза а тоа е најлоша фаза на кожена болест.
Псореаза не е фаза на кожна болест, туку е кожна болест.
Потеклото и причините за настанување на оваа болест се сеуште непознати, но се граничи со аутоимуна болест. Сеуште е неизлечива, и со било кој третман се санкционираат само симптомите(кожните манифестации), но не и самата болест.
 
Член од
25 јуни 2007
Мислења
53
Поени од реакции
2
Не може да е антибиотик, може да е непријатна средина за развој на се живо.
Стави јогурт во формалин и стави во вода па ќе добиеш сличен резултат.
Неверојатно е како со глупи примери се лажат луѓе и потпаѓаат на вакви бабини деветини.
А тоа ппм... Ми личи на хомеопатија. Уште еден ненаучен и нехуман метод за да се залажуваат луѓето.

Добро бе Никола, гледам епен се разбираш од медицина. Ај прашај некој доктор дали користат сребрени раствори (тие така ги викаат) за дезинфекција на инструменти во болниците.Прачај го дали знаат за својството на среброто како антибиотик? И ве молам јас не пишувам дека јас нешто сум измислил , пишувам оваа што сум го прочитал , сублимирал од доктори , физичари, хемичари пред да почнам да ја конзумирам.Во погорните постови напишав еве и со големи букви:
МИ ЈА ПРЕПОРАЧА ДОКТОР КОЈ БЕШЕ ВО АВГАНИСТАН СО НАТО , АМЕРИКАНСКИТЕ ВОЈНИЦИ ЗАДОЛЖИТЕЛНО ЈА КОРИСТАТ.
и ве молам овде се собираат , разменуваат искуства за сребрената вода а не се пишуваат докторски дезертации за неа.Кој има нешто против неа нека не ја користи.
И да, ја користат за псореаза. Лично јас не, но моја пријателка 20 години се мачи со таа болест( размислуваше да оди во турција на посебни бањи со риби) а сега го има најголемиот напредок , цели флеки почнуваат да се повлекуваат или ги снемува и што е најважно повторно не се враќа.

За TANUS
Што ти е чудно за СЗО И ФДА ? за да ти одговорам
Јони во чиста вода течат само додека трае електролизата а после се врзуваат зависно средината? Со што да се врзат во дестилирана вода? и за која равенка зборуваш? ај напиши ми ја да видам со што ќе ги врзиш сребрените јони во дестилирана вода.
интересно е од каде го добиваш нитратот? Која хемиска реакција е оваа?
Та нели ти велиш дека јоните се врзуваат зависно средината.Што ќе добиеш кога јоните ќе се врзат со соли кај недестилирана вода?
Иначе не го дибивам јас тоа , го добиваат производителите ако малце повеке срчнеш ќе си најдеш.
хахаха нанотехнологија произведува 200 ппм а обична електролиза 5-10 ппм?!! браво
Читај убаво со нано технологија се добива сребрен прав кој се користи за надворешна употреба , а одредени производители (во странство) го декларираат во категорија сребрена вода.

А дали водата се фрла ако се отвори шишето да речеме 15 дена?

Сите производители што ги сретнав на интернет декларираат дека ако се чува на темно место при собна температура, нема рок на траење.До душа едно шише од 250 мл мене ни трае 15-20 дена
Баш ме интересира каде производителот ги има декларирано овие спецификации за оваа вода што веке се продава во МК... Интересно... Ова може да излезе уште една афера
Прашај во РЗЗЗ лично јас го сторив тоа ( барав вода која е испитана затоа што во Македонија се продава и home made edition) ке си се јавиш на телефон и ке ти се јават навистина љубезни теткици и се ке ти кажат.
А за линковите значи рандом од мал милион ги постирав ама ако сакаш навистина да се информираш а не да се докажуваме кој повеќе користи Google ќе ти пратам лично за тебе од универзитети,лабаратори па ако сакаш и пиши им а не да ги замарам луѓето.

Јас имав лични причини да ги барам овие податоци, од лични причини ја користам водата а ти од кои причини си ги барал тие информации а не си ги нашол (многу лесно се наоѓаат) само ти си знаеш
 
Никола

Државник
Член од
18 април 2005
Мислења
5.074
Поени од реакции
333
Добро бе Никола, гледам епен се разбираш од медицина. Ај прашај некој доктор дали користат сребрени раствори (тие така ги викаат) за дезинфекција на инструменти во болниците.Прачај го дали знаат за својството на среброто како антибиотик? И ве молам јас не пишувам дека јас нешто сум измислил , пишувам оваа што сум го прочитал , сублимирал од доктори , физичари, хемичари пред да почнам да ја конзумирам.Во погорните постови напишав еве и со големи букви:
МИ ЈА ПРЕПОРАЧА ДОКТОР КОЈ БЕШЕ ВО АВГАНИСТАН СО НАТО , АМЕРИКАНСКИТЕ ВОЈНИЦИ ЗАДОЛЖИТЕЛНО ЈА КОРИСТАТ.

Ништо лично. мене само ме иритира кога некој се служи со подмолни лаги при маркетинг и продажба и тоа во најосетливиот сегмент - здравјето на човекот.
И да е добра за дезинфекција на рани, ко твојот линк од некој универзитет од Нигерија што пишува. не значи дека е добра и за конзумација.
Се додека нема некоја клиничка студија која би потврдила макар и најмало позитивно дејство на продуктов, истиот ќе биде гледан со скепса и омаловажување, а оние кои го рекламираат како нешто најдолно.
 
Имаш еден куп клинички испитувања по интернет, е сега што тие сум ги постирал може и моја грешка искрено и не приметив од толку материјал што го имам читано дека се од Нигерија(фала Ви за информацијата)
 
Член од
29 септември 2007
Мислења
245
Поени од реакции
17
Добро бе Никола, гледам епен се разбираш од медицина. Ај прашај некој доктор дали користат сребрени раствори (тие така ги викаат) за дезинфекција на инструменти во болниците.Прачај го дали знаат за својството на среброто како антибиотик? И ве молам јас не пишувам дека јас нешто сум измислил , пишувам оваа што сум го прочитал , сублимирал од доктори , физичари, хемичари пред да почнам да ја конзумирам.Во погорните постови напишав еве и со големи букви:
МИ ЈА ПРЕПОРАЧА ДОКТОР КОЈ БЕШЕ ВО АВГАНИСТАН СО НАТО , АМЕРИКАНСКИТЕ ВОЈНИЦИ ЗАДОЛЖИТЕЛНО ЈА КОРИСТАТ.
и ве молам овде се собираат , разменуваат искуства за сребрената вода а не се пишуваат докторски дезертации за неа.Кој има нешто против неа нека не ја користи.

- Ова е форум и секој има право да си праша што го интересира исто како ти што имаш право да ја пропагираш чудотворноста на оваа вода...

И да, ја користат за псореаза. Лично јас не, но моја пријателка 20 години се мачи со таа болест( размислуваше да оди во турција на посебни бањи со риби) а сега го има најголемиот напредок , цели флеки почнуваат да се повлекуваат или ги снемува и што е најважно повторно не се враќа.

За TANUS
Што ти е чудно за СЗО И ФДА ? за да ти одговорам

- само постирај линкови од нив каде ја одобруваат сребрената вода

Јони во чиста вода течат само додека трае електролизата а после се врзуваат зависно средината? Со што да се врзат во дестилирана вода? и за која равенка зборуваш? ај напиши ми ја да видам со што ќе ги врзиш сребрените јони во дестилирана вода.

- знаеш или не знаеш? на прашање со прашање... јас само ке ти го начнам одговорот за да имаш втора шанса :helou:

1. за да има електролиза воопште мора да има течене на струја во РАСТВОР. Дестилирана или најчиста вода не пренесува струја значи нема ни електолиза.

2. Електолизата ја катализира хемиската реакција што во други услови не би се случила. Не постои ПРИРОДНА сребрена вода како што имаш претходно напишано.

3. Мора да постои хемиска реакција на оксидација или редукција на сите јони и катјони во растворот при електолиза инаку не би се случувала електолиза. Ако веке има хемиска реакција тогаш продуктите на таа реакција се во самата вода што ја пиеме? Среброто е тежок метал а јонската врска е послаба врска во однос на ковалентната, прашањето е кој неметал е во игра и какво својство има тоа? Ова е сериозно! Ова се продава за пиење...

интересно е од каде го добиваш нитратот? Која хемиска реакција е оваа?
Та нели ти велиш дека јоните се врзуваат зависно средината.Што ќе добиеш кога јоните ќе се врзат со соли кај недестилирана вода?
Иначе не го дибивам јас тоа , го добиваат производителите ако малце повеке срчнеш ќе си најдеш.

4. Баш така или имаш соли во РАСТВОР како што кажав погоре и имас електролиза или немаш РАСТВОР и немаш електолиза...

5. Ако производителот тврди дека има чиста вода а не раствор тогаш лаже... зашто немаш електролиза на чиста вода... Пак ке кажам што има во РАСТВОРОТ (не е чиста вода дефинитвно) ?

6. Производителот или лаже или измислил нов начин за електолиза кој ке ја смени основата на електохемијата...:toe:

хахаха нанотехнологија произведува 200 ппм а обична електролиза 5-10 ппм?!! браво
Читај убаво со нано технологија се добива сребрен прав кој се користи за надворешна употреба , а одредени производители (во странство) го декларираат во категорија сребрена вода.

7. Сакаш да кажеш дека едноставно ЛАЖАТ :pos2:

А дали водата се фрла ако се отвори шишето да речеме 15 дена?
Сите производители што ги сретнав на интернет декларираат дека ако се чува на темно место при собна температура, нема рок на траење.До душа едно шише од 250 мл мене ни трае 15-20 дена

8. Отворено шише може да стои и со години и да го пиеш ако не ти е гајле дали е безбедно да пиеш некаков раствор кој мора да го чуваш од светлина. А знаеш зошто да се чува од светлина? Зошто не е хемиски стабилен на светлина... Затоа ти ја побарав равенката и затоа се чудам зашто негираш дека е РАСТВОР кој патем не е хемиски стабилен и се разложува во којзнае што...

9. Да ти може да пиеш едно шише на 3 месеци ама реално не ни знаеш што точно пиеш...

Баш ме интересира каде производителот ги има декларирано овие спецификации за оваа вода што веке се продава во МК... Интересно... Ова може да излезе уште една афера
Прашај во РЗЗЗ лично јас го сторив тоа ( барав вода која е испитана затоа што во Македонија се продава и home made edition) ке си се јавиш на телефон и ке ти се јават навистина љубезни теткици и се ке ти кажат.

- Баш знам луге што работат во РЗЗЗ и ке се распрашам а и ке натерам други луге да се распрашаат на други места... Овде читаат луге што можат да го анализираат ова во современи лаборатории во ЕУ. Инаку ова е ептен сомнително...

А за линковите значи рандом од мал милион ги постирав ама ако сакаш навистина да се информираш а не да се докажуваме кој повеќе користи Google ќе ти пратам лично за тебе од универзитети,лабаратори па ако сакаш и пиши им а не да ги замарам луѓето.

- Нема потреба од ова, доволно е да одовориш на прашањата што се овде поставени... транспарентно... :smir:

Јас имав лични причини да ги барам овие податоци, од лични причини ја користам водата а ти од кои причини си ги барал тие информации а не си ги нашол (многу лесно се наоѓаат) само ти си знаеш
Кога се работи за здравје на цел народ ве молам транспарентно...
 
Член од
25 јуни 2007
Мислења
53
Поени од реакции
2
Прво и прво за која транпарентност зборуваш? Што кријам јас? Во кое својство кријам јас?
1. Да, колку што сум информирам во Америка и во други земји , да лажат, т.е го злоупотребуваат зборот сребрена вода бидејќи како што напишав во постарите постови се делат на 3 вида и бла,бла,бла единствено препорачано за пиење(од доктор што бил во Авганистан е сребрена вода добиена со електролиза на сребро во чиста дестилирана вода со кондуктивност под 1.

Кај сум напишал ја природна сребрена вода?
Си видел ли ти како воопшто прават сребрена вода (и тоа го има на интернет)?
Електролиза на сребро а не на вода, не се глупирај.
Кажи ми кога на две сребрени стапчиња(чисто сребро) ќе врзиш најизменична струја во вода со кондуктивност под 1, ќе испуштал ли наелектризирани јони сребрените шипки или не?Каде ќе бидат тие јони?Во какво својство?Како колоид?
Ти ако разбираш физика ( предпоставувам по вокација си од таа област) со едно видување на процесот на добивање на сребрена вода во домашни услови и ќе ти стане јасно, предпоставувам дека фирма која го произведува производот пошто треба да добие дозвола ваљда има машини кои се пософистицирани од тие за дома.
За во РЗЗЗ јас си прашав и ми кажаа дека единствена вода која е испитана кај нив е С.К.(не сакам да рекламирам брендови оти тука може и да загинеш за такво работи) која е декларирана со 5 ппм сребрени јони и исто толку има по извршената анализа.
Навистина незнам што повеќе да ти одговорам зашто сите прашања ти се врзани со производството а јас не сум производител ама од онаа што го гледам на интернет процесот е проста електролиза на сребро во чиста вода.
За дугите „сребрени води“ ти објаснив што се и како се декларираат
 
Никола

Државник
Член од
18 април 2005
Мислења
5.074
Поени од реакции
333
Овие шитојни ко сребрена вода, биопирамиди од вучич, разни пророци и исцелители треба да бидат разоткриени и фрлени на буништето каде припаѓаат сите перачи на мозок, квази-научни клошари и останата багра.
Се додека ве има се дотогаш ќе бидете шиканирани и раскринкувани.
Не знам само како не ви е срам, барем нешто човечко да има во вас при играњето со судбината на оние на кои им е најтешко.
Декларации дека ова лечи од сида и рак е врв на безобразието кое се трудите да го пласирате.
Да има саглам спроведување на закон во Шутка или Идризово ќе ве пратеа.
 
Се надевам дека тие работи не се однесуваат за мене?
Сепак јас сум еден од многуте корисници кои нашле добрина во оваа.
Пак ќе прашам и тоа убаво и учтиво не со простачки манир:
Дали знаеш ти личен пример за некој што има проблеми со конзумирање на сребрена вода? (ја знам на кој им помогна)
Најди на интернет Дали некој има проблем од конзумирање на колоидна сребрена вода?(не од сребрен нитрат)
Имај малце респект кон туѓо мислење како што јас имам спрема твоето.
Сепак кои се твоите аргументи? TANUS се потрудил да аргументира но кои се твоите?
И да се согласувам со тебе ДА ИМАШЕ САГЛАМ СПРОВЕДУВАЊЕ НА ЗАКОН ВО ЦЕЛ СВЕТ СИТЕ ФАРМАЦИСКИ КОМПАНИИ ЌЕ БЕА ЗАТВОРЕНИ, ЛЕКАРСТВАТА ЌЕ БЕА НА ПРИРОДНА БАЗА И БЕСПЛАТНИ.
 
Пласибо ефектите се добро познати. Си веруваш си добиваш некоја сатисфакција.
Уште и ако си фрлил пари за тоа и тоа како ќе веруваш дека е делотворно.
Ако нема фармацевтски компании и истражувања нема да има ни лекови.
Дали се согласуваш, како што е поставено на нет, дека ксв помага при сида и рак?
Не ми дрви со демагогии, дај барем една научна студија од некој реномиран универзитет дека ова кое го промовираш има некоја позитивна страна?
Нема ниту клинички студии, нема ниту неутрални опсервации.
Целава работа ти е заблуда, заблуда насочена кон оние кои немаат што да изгубатт, освен да веруваат.
 
Член од
25 јуни 2007
Мислења
53
Поени од реакции
2
Medical uses of silver

From Wikipedia, the free encyclopedia

Jump to: navigation, search
The medical uses of silver include its use as an antiseptic, a disinfectant, and an alternative medicine product known as colloidal silver.
The silver ion (Ag+) is bioactive and in sufficient concentration readily kills bacteria in vitro. Silver also kills bacteria in external wounds in living tissue, and physicians therefore use wound dressings containing silver sulfadiazine (Ag-SD) or silver nano-materials to treat external infections.[1][2][3][4][5][6] Wound dressings containing silver are increasing in importance due to the recent increase of antibiotic-resistant bacteria such as methicillin-resistant Staphylococcus aureus.[7] The disinfectant properties of silver are used in medical applications, such as urinary catheters and endotracheal breathing tubes, where the silver content is effective in reducing incidences of catheter-related bacteriuria and ventilator-associated pneumonia (VAP) respectively.[8][9][10][11] Silver is also used in bone prostheses, reconstructive orthopaedic surgery and cardiac devices,[12] as well as on surfaces and fabrics to reduce the spread of infection.[13][14]
Since the 1990s "colloidal silver", a liquid suspension of microscopic silver particles, has been marketed as an alternative medicine, often claiming impressive "cure-all" qualities. The effectiveness of these products has never been scientifically proven, and in some jurisdictions it is therefore currently illegal to include such claims in product advertisements.[15] Medical authorities and publications advise against the ingestion of colloidal silver preparations, because of their lack of proven effectiveness and because of the risk of adverse side effects, such as argyria.[16][2][17][18] Historically, colloidal silver was also used as an internal medication to treat a variety of diseases. Their use was largely discontinued in the 1940s, due to the development of safe and effective modern antibiotics and concern about adverse side effects.[18][19]

човек не мора многу да бара еве една википедија ќе ти каже се а за повеќе информации Вие сте искусни форумџии ќе се снајдете

Пласибо ефектите се добро познати. Си веруваш си добиваш некоја сатисфакција.
Уште и ако си фрлил пари за тоа и тоа како ќе веруваш дека е делотворно.
Ако нема фармацевтски компании и истражувања нема да има ни лекови.
Дали се согласуваш, како што е поставено на нет, дека ксв помага при сида и рак?
Не ми дрви со демагогии, дај барем една научна студија од некој реномиран универзитет дека ова кое го промовираш има некоја позитивна страна?
Нема ниту клинички студии, нема ниту неутрални опсервации.
Целава работа ти е заблуда, заблуда насочена кон оние кои немаат што да изгубатт, освен да веруваат.

Јас да ти дадам научна студија?
А ти да ми дадеш научна студија дека е штетна?
Мене бе брат не ме боли оваквото што ти пишуваш за водата , ме боли што ме етикетираш. Јас сум избрал да ја конзумирам , ти велиш дека не чини НЕ ЈА ПИЈ.
Таа вода не се продава за мали деца туку у аптека.
И за мене пишењето е глупа работа сам да се убиваш ама ги почитувам луѓето што пушат зашто тоа е нивна работа и не сметам дека треба да одат у Шутка оти пушат у моја близина.
А за тоа што викаат за рак и сида , не дај боже да ми притреба за тоа.
Во Македонија има деклариран лек ,македонски за рак што го лечеше Туџман(бог да чува) еве ви ја официјалната медицина
Ако сребрената вода ја патентираше некоја фармацевтска компанија (неможе оти е најприроден процес) водата ќе се продаваше за 250 евра шише од 200 мл. 500 евра од 500 мл.
 
Никола

Државник
Член од
18 април 2005
Мислења
5.074
Поени од реакции
333

Јас да ти дадам научна студија?
А ти да ми дадеш научна студија дека е штетна?
Мене бе брат не ме боли оваквото што ти пишуваш за водата , ме боли што ме етикетираш. Јас сум избрал да ја конзумирам , ти велиш дека не чини НЕ ЈА ПИЈ.
Таа вода не се продава за мали деца туку у аптека.

Во аптека кај нас ја има, исто и во нормални држави е толерирана со потенцирање, не е докажано дека има некакво позитивно дејство, во смисол заеби се ако сакаш.
Не се работи дали е штетна, туку дека е бесполезна. Штетна е ако е нејзината концентрација претерана.
Среброто не е есенцијален елемент, некој кој учествува во процесите во организмот.
Му доаѓа нешто ко , џапни ракија, ќе ти исчисти бактерии.
Не не е и до толку наивна.
Среброто како и секој метал останува во организмот. Кои ќе се последиците понатаму, времето ќе покаже.
Ако сака некој да се заебава со ова, нека му е негов личен избор.
Има луѓе кои по некоја источна идеологија си ја пијат мочката.
А научни студии за твоево..нема..
така да не маткај луѓе со глупости.
 
Дали има позитивно дејство и во кое својство се користи во медицината дури имаш и на википедија.
Среброто било метал и останувал во организмот. ти воопшто знаеш ли што е колоид или позитивен сребрен јон????? за ЈОНИ зборуваме човече.
незнам кој кого матка , па ти само напаќаш паушално со доза на хумор (онаа со мокрачата ти е добра) без факти а јас се трудам од оваа дискусија да извлечам максимум позитивни работи( во ептен постарите постови напишав ако некој знае некои несакани дејства или последици да ги споделиме)

http://ia350613.us.archive.org/2/items/useofcolloidsinh00seariala/useofcolloidsinh00seariala.pdf
http://ecands.net/pdf/resources/silverhh.pdf
http://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/articles/PMC429018/

еве неколку убави работи се надевам дека се доволно „реномирани“ ако не стварно наведете неколку реномирани компании и универзитети и ќе ги прашам
 
Kajgana Shop

На врв Bottom