Кина: Девизни резерви над два трилиона

  • Креатор на темата Креатор на темата ^X^
  • Време на започнување Време на започнување

^X^

Член од
22 декември 2007
Мислења
1.457
Поени од реакции
376
Девизните резерви на Кина за прв пат во нејзината историја надминаа две илјади милијарди долари, соопшти денеска кинеската Централна банка.

Кинеските девизни резерви во второто тримесчје од годинава пораснаа за околу 178 милијарди долари, и изнесуваат 2.132 милијарди долари, пренесува Макфакс.

Претходно во првото тримесечје, девизните резерви на Кина се зголемиле за, незначителни во кинески рамки, 7,7 милијарди долари.

Во последните 2,5 години, кинеските девизни резерви се зголемиле за двојно.

Кинеската Централна банка соопшти во јуни дека, и покрај разговорите за можна промена на улогата на девизните резерви во светот, не треба да се очекуваат остри промени во управувањето со девизните резерви во светот.
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=111468
 
И одма да се надоврзам

ПРВПАТ ВО САД

Буџетски дефицит над 1.000 млрд $

3696D2A241C4B542B0AF35069A6ABD48.jpg
Буџетскиот дефицит на САД првпат оваа фискална година надмина износ од илјада милијарди долари, а до есен би можел да се зголеми дури на две илјади милијарди, соопшти Министерството за финансии во Вашингтон. МИА пренесува дека во јуни бил забележан дефицит од 94,3 милијарди долари, со што вкупниот износ на дефицит од почетокот на фискалната година во октомври 2008 година се зголемил на 1,09 илјади милијарди долари.
 
Ништо сега,ќе има масовна миграција на Американци во Кина.:smir:
 
Ииии тоа би било јако, ги гледаш амери правац Кина. :tv:. Па филмови ќе снимаат со каубојци и кинези :tv:, Ќе ги очистат толку им треба
 
Да, посебно е интересно тоа што растат со геометриска прогресија.
За 2,5 години од 1000 на 2000 милијарди.
За наредните 2,5 можеби од 2 на 4000 милијарди.

Кина се уште има низок БДП по глава на жител. Така да ваквиот рапиден развој (Со стапки над 10%, оваа година нешто помалку поради кризата) најверојатно ќе продолжи и во наредните години.
 
Свака им част, нит се мешаат некому нит војни водат.
 
Само со камења во рака можат да му парираат на цел свет. Едино ќе запнат кај Индија. :)
Читав некаде по страниве дека демек ќе ја нападнеле Индија. Има ли потреба воопшто?:)
 
Само со камења во рака можат да му парираат на цел свет. Едино ќе запнат кај Индија. :)

И таму нема да запнат,ќе земат по два камења во рака.:smir:
 
Читав некаде по страниве дека демек ќе ја нападнеле Индија. Има ли потреба воопшто?:)

Тоа си прават филмови одредени типови со детски фантазии како Алек.

Инаку од сериозен човек, такви муабети не слушнуваш.

А и нема ни шанаси за такво нешто.
 
интересите на кина и индија се комплементарни односно се надоврзуваат...нема да има никаков конфликт...кина сега засега е заинтересирана за африка:toe:
 
Имаат војувано за Кашмир седумдесетите...Кина го јала стапот...иако сега немаат интерес од било каков судир...
Кинеската супер-сила е кула од карти. Доволно е да се активира кецот во ракав Тајван...и тоа е тоа...

Кина нема ниедна победа во последните 200 години војување...без Мао и Чанг тоа било граѓанска војна...тоа нешто кажува.

Купувајќи кинески производи ја поткопувате својата економија.
Па не е чудно шо имале 2 трилиона резерви. Таму решава Це-Ка...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom