- Член од
- 13 јули 2006
- Мислења
- 15.458
- Поени од реакции
- 18.456
Значи овде владее нездрав и недемократски капитализам штом газдиве кукаат како некој да им го пика на суво,за да им помогне владата со намалување или укинување на давачките?Еве на пример што ќе и помогне на државата фирмарината од 10-20 000 денари од некоја мала фирма која едвај преживува и успешно си ги плаќа придонесите и платите на вработените,па со овој безвезен издаток (фирмарина) гледа пореметување на досегашната нејзина ликвидност?Може да се случи баш поради ваква или слична давачка некоја фирма да прогласи стечај или ликвидација,на тој начин губиме сите,многу повеќе одколку што ќе изгуби државата или моронската локална самоуправа која ги прибира парите од фирмарини,на тој начин што ќе имаме уште неколкумина нови невработени,а можеби и социјални случаи.Би било интересно доколку наместо да ја платат фирмарината,многумина од сопствениците да ги искористат парите за ликвидација на фирмата.Тоа би било буквално “самоубиство од заседа“,со повод од непромислените гестови на оваа власт.
Па тоа е она што сакам да го кажам, владата досега се занимаваше со мерки од типот 'газдиве сега треба да вратат дел од парите кога правеа големи профити', што е нон сенс, отпишуваше долгови на фирми кои што и така ќе пропаднат и нема да ги дадат тие пари, и да почне да се занимава со реално спасување на економијата.
Гледам дека со ребалансот на буџетот ќе преземат конкретни мерки, некои можеби ќе останат на хартија, ама барем ќе ги имаат на ум.
Исто така уште помалце ќе можат да си дозволат дилетанти да му ги водат клучните институции, и со доволен притисок од опозицијата ќе имаме пореална и подобра Влада.