Фан Клуб: Арсенал

  • Креатор на темата Креатор на темата Логикс
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Среќа водиме со 1-0, а иначе не сум многу задоволен од играва.....Но очекувам подобро второ полувреме....Да не знае некој причина зошто Бентнер не е ни во резерви??? Да не му бапнал венгер некоја казна дека имаше многу смели изјави деновиве.....
 
Moра да се пофалат сите играчи шо шутираат и надвор од шеснаесетник често на овој меч.:smir:
 
Треба Росицки или Тео место Аршавин сега...

--- надополнето ---

Ахахаха еве ме послуша Венгер :) :)
 
Ај честито победа,не испотија малце у последниве 10-тина минути ама 3 бода си се 3 бода :smir:
 
Крајов ич ама ич не ми се свиѓаше. А и Венгер не разбирам што го чуваше толку долго Чамак на теренот кога изгуби толку многу топки. Клиши продолжува да прави некои глупави грешки во последно време.
 
Ај честито победа, победа си е победа, така си е
 
Уфф..последниве 10тина минути се помочав , али добро. е .3 бода :) Браво за Фабиански:kesa: И наредно коло да ги здробиме на КОКОШКИТЕ
 
Ај честито победа,просечна игра но заслужено си тепавме,Фабиански на потребното ниво,не требаше да примаме гол,имаше контрафаул од Саха врз Сонг,ама добро се државме.
Сонг изигра одлично,Цеск добар,Насри одличен,катасторфа Шамак,освен асистенцијата лошо,незнам како ја промаши таа од 2 метра -.- .Требаше Волкот да влезе на негово место или РвП.:))
Како и да е,едно тешко гостување е зад нас,со позитивно сеќавање на 3 бода:)
пс:некој оценка за мене да даде бе: ))
 
И пак тие нафрлени топки... аххх колку само голови примаме на таков начин...
Иначе мислам дека имаше фаул над Сонг кога го дадоа голот пошто Саха се качи на него...
3 бода на тешко гостување задоволен сум, сега само без повреди за репрезентации и после градското дерби :) :)
 
Според постовите гледам дека во второ не изнамачија карамелите. :)))
Јас го гледав само првото полувреме. Честито гол на Фабре и на Сонг. (уфф Сонг како ја скова :))
И некој нека постира хајлајтс, ако не јас ќе потражам попосле.
 
Според постовите гледам дека во второ не изнамачија карамелите. :)))
Јас го гледав само првото полувреме. Честито гол на Фабре и на Сонг. (уфф Сонг како ја скова :))
И некој нека постира хајлајтс, ако не јас ќе потражам попосле.
Сања беше. Иначе не не измачија толку, доминиравме до 80та и после не стегнаа.
 
Првиот дел го пропуштив, но гледав хајлајтс од него, бидејќи бев на ракомет...

Сања, добар гол, ретко од него, но солиден удар... Тој еднаш во годината дава голови, но не ни бараме повеќе од него...
Сонг, убедливо најслаб на теренот... Денилсон добар во првите 25 минути од вториот дел... Насри, на завидно ниво, заедно со Фабрегас, кој се уште не е 100% спремен... Имаше некои глупави стартови, од негова страна, како оној против Дистин, но тоа е тоа..
Чамак, задаваше проблеми, направи асистенција... Солиден меч и за него
Фабијански, добар, добар.... Полни самодоверба во овие мечеви и со вакви паради, како против Саха, но треба да порабти на нафрлувања
Скилачи, заслужи црвен картон, и единствена грешка на Веб е тоа..... Мораме да бидеме реални, бидејки беше последен играч од одбраната...
Росицки, добра замена, неколку пасови, но добро помогна во одбрана на резултатот...

п.с Не знам дали сте знаеле дека Герет Бејл во младите категории играле заедно со Тео Волкот ? Тео, бил/е навивач на Ливерпул, а Бејл е навивач на Арсенал, а завршил во Тотенхем... Венгер, време е за нова операција, наречена „Кембел“..

Како и да е, честито нека ни е победата, и се гледа дека надвор играме без многу притисок и победуваме... Истото треба да го префрлиме и на Емирати...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom