Се работи за сложен случај. Фудбалерите на Арсенал се доста помлади од оние на Мен Ју, Челзи и Ливерпул. Е сега, сите фудбалери на Арсенал се добро технички подготвени, кондицијата им е на највиското ниво бидејќи таков е начинот на игра - потребно е сите да се во постојано движење на теренот, да влегуваат во втор план и.т.н. Но, поголемиот дел од фудбалерите од моменталниот состав се повредувале кога имале 10/15 години. Затоа сега нивното тело страда, бидејќи да имаш повреда од сериозен карактер на толку млада возраст си има свои последици во иднина.
Минатата сезона Аршавин имал стомачен грип, Насри исто. Овие двајца фудбалери само што дојдоа истата сезона и веќе беа подложени на огромна количина енергетски пијалоци. Аршавин бил изненаден затоа што бил принуден да пие такви пијалоци и на тренинг, па затоа неговото тело неможело да го издржи новиот начин на исхрана. Затоа не беше целосно подготвен за полуфиналето од ФА купот и не го играше од почеток.
Сложена е ситуацијата, фудбалерите паѓаат како покосени уште пред да почне сезоната, но никој не треба да се обвинува. Како што можам да забележам Колберт има пристојна биографија: BSc/MSc Sport and Exercise Science, FA Fitness Trainer Award, Certified SAQ Trainer, Certified ACSM Health/Fitness Instructor, NCFC Teaching Certificate, Future Fit: Advanced Personal Trainer.
Сепак, како што е наведено во текстот, повредите се дел од одговорот на прашањето зошто Арсенал не може да се носи со конкурентите.