Ајде да одиме од етичка гледна точка тогаш. Не знам од каде си и колку ја познаваш локацијата, меѓутоа вака, е на влезот од Гевгелија,на брегот на Вардар и на автопатот кој води за на кај Богданци односно Дојран и веднаш до излезот за автопатот на кај граничниот премин Богородица.
За тебе како минувач што би ти било поубаво за око, прекрасен хотел или насад со зелка или не ти знам што.
Инаку , веќе на истото место или веднаш до него има некоја градба од камења, за која имам слушнато дека ќе биде идна ракијара (значи ова не е на плодно земјиште).
Низ овој автопат минуваат милиони туристи годишно, кое друго земјиште ти би го предложил за развивање на ваков туризам ?
Не брат, чекаат граѓаните вработувања , прекрасни за наши услови во вакви светски компании и хотели со кои ретко која балканска земја може да се пофали, ама кај нас секогаш има некој кој сака преку леб и погача.
Секогаш некој ќе искористи некоја дупка во законот за да лапне уште неколку илјади евра, а за тоа патат други 500 фамилии! Е сега како сакаш ти .