А може ли да го гледаме од шпекулативна страна?:smir:
па од шпекулативна страна и го гледам. 90% од прометот на пазарите во светот се шпекулатицни трансакции. тие да не се, пазарите ќе бидат неликвидни.
туку тој што купил, мили дека ќе расте цената... гледај го така.
а минчо што продал, сигурно се плаши да не му откријат како ги купил...затоа и продава под цена
Ај да го преформулирам прашањето!
Дали Македонија ти дозволува да направиш нешто за неа?
Морав вака.....зошто гледам сакаш да го имитираш Черчил......ама не водиш сметка дека за разлика од тоа што Британија на своите граѓани им овозможи се за да тие и помогнат, овде кај нас наидуваме на се поголем број пречки (административни)...така да черчилизмот уште во старт ти ти паѓа во вода.....
.....можеби во некои идни подобри времиња?!?
не го емитирам ни черчил ни кенеди, туку само давам ТЕЖИНА на постовите. не може сите постови да се исто вредни. не е ова демократија. сепак сите имаме РАЗЛИЧНО животно искуство. некои не наседнуваме на пропаганда, некои само како папагали повторуваат негативни работи.
инаку - да, македонија ти дава МНОГУ. толку многу што ретко кој ќе ти даде:
1. Евтина работа сила
2. Евтина електрична енергија
3. Евтин простор и земја
4. Ниски даноци на приход (само 10%) и придонеси
5. Сигурност (има помалку убиства по глава на жител од центарот на светот - њу јорк и вашионгтон)
6. автопати и други транспортни коридори во близина на европа (добро аеродромот ни е малку проблематичен, ама пак може да стигнеш ако имаш работа, но ако ти е со транспорт нема проблем)
7. Чиста и евтина вода за пиење и миење
да не продолжувам.
што не ти дава македонија? да продаваш на македонија? тука ли е проблемот? местеле тендери? не заборавај - тие се за ДРЖАВНИТЕ потреби, не би требало да ти се примарна тема за работа. па нели треба да се намали државната админитрација? со тоа и нејзините потреби.
заклучок: ако имаш стока или услуга за извоз, македонија е ИДЕАЛНА.
ако сакаш да се плеткаш со увоз и продажба на државата (пр. автобусите и спомениците и не знам си што) - да има проблеми. но секаде ги има. заборави ги и терај понатаму.
е затоа ли ја перципирате како лоша? затоа што сакате да брцнете во медот, т.е. ЛЕСНО да заработите? дај испотете се малку (не бидете трутови, туку пчели), продавајте во странство, да видиш како е македонија ДОБРА за бизнис. НАЈДОБРА. Може за живот не е - нема добро судство, образование, здравство итн, ама за БИЗНИС - нема подобра.
има ли некој што го бива за продажба во странство?