Милојко
Идем Куме Кући
- Член од
- 17 ноември 2008
- Мислења
- 3.072
- Поени од реакции
- 554
Разрешувањето на министерот за финансии, Трајко Славески, во Собранието вчера целосно ја потисна дебатата за изборот на новите членови на Кабинетот на премиерот Никола Груевски, која се пролонгира во доцните попладневни часови. Демисијата на првиот финансиер во државата и неговото обраќање пред пратениците ја поткрена атмосферата во собраниската сала. Расправата, за која, сепак, добра волја покажа парламентарното мнозинство кое го поддржа ваквото барање на СДСМ, овозможи прв пат отворено да се проговори за некои горливи прашања и промашувања од економската и фискалната политика на Владата.
Славески отворено призна дека државата се соочувала со финансиски крах, односно, како што тој се изрази, на моменти сме биле на работ на ликвидноста, но со финансиски интервенции биле обезбедени виталните функции на државата.
Во дебатата што следуваше по настапите на Груевски и на Слевески, опозицијата излезе со отворен напад кон премиерот, посочувајќи го како „најодговорен за колапсот на една политика, чиј креатор и идеолог е токму тој“. Пратеникот Андреј Петров рече дека целата одговорност за неуспехот на владините проекти не може да ја понесе само Славески, бидејќи, „тој не го правел тоа на своја рака, туку како дел од Владата, која е во криза“. Премиерот му реплицираше дека неговите тврдења се неточни и, притоа, (покрај оставките од четворица министри) тој призна дека, сепак, прави реконструкција на Владата. „Владата не е во криза. Се врши само реконструкција. Бродот не е пред бродолом, туку се зајакнува и засилува“, рече Груески.
Според пратеникот од Нова алтернатива, Ѓорѓи Оровчанец, „премиерот го саботира напредокот на државата“. Тоа што сега Груевски ги менува само министрите од ВМРО-ДПМНЕ за Оровчанец е знак дека „ ја федерализира Македонија“. Премиерот повторно реагираше дека наводите се наполно погрешни.
За пратеникот од СДСМ, експремиерот Владо Бучковски, атмосферата во парламентот по говорите на Груевски и Славески станала премногу сентиментална, па тој, иронизирајќи, рече дека почнал да ги жали и двајцата затоа што им се растурило еднодецениското пријателство.
И покрај тоа што неколку години предупредуваме дека ќе дојде до ова немаше кој да не чуе.