Македонија пред банкрот

  • Креатор на темата Креатор на темата Милојко
  • Време на започнување Време на започнување

Милојко

Идем Куме Кући
Член од
17 ноември 2008
Мислења
3.072
Поени од реакции
554
Разрешувањето на министерот за финансии, Трајко Славески, во Собранието вчера целосно ја потисна дебатата за изборот на новите членови на Кабинетот на премиерот Никола Груевски, која се пролонгира во доцните попладневни часови. Демисијата на првиот финансиер во државата и неговото обраќање пред пратениците ја поткрена атмосферата во собраниската сала. Расправата, за која, сепак, добра волја покажа парламентарното мнозинство кое го поддржа ваквото барање на СДСМ, овозможи прв пат отворено да се проговори за некои горливи прашања и промашувања од економската и фискалната политика на Владата.

Славески отворено призна дека државата се соочувала со финансиски крах, односно, како што тој се изрази, на моменти сме биле на работ на ликвидноста, но со финансиски интервенции биле обезбедени виталните функции на државата.

Во дебатата што следуваше по настапите на Груевски и на Слевески, опозицијата излезе со отворен напад кон премиерот, посочувајќи го како „најодговорен за колапсот на една политика, чиј креатор и идеолог е токму тој“. Пратеникот Андреј Петров рече дека целата одговорност за неуспехот на владините проекти не може да ја понесе само Славески, бидејќи, „тој не го правел тоа на своја рака, туку како дел од Владата, која е во криза“. Премиерот му реплицираше дека неговите тврдења се неточни и, притоа, (покрај оставките од четворица министри) тој призна дека, сепак, прави реконструкција на Владата. „Владата не е во криза. Се врши само реконструкција. Бродот не е пред бродолом, туку се зајакнува и засилува“, рече Груески.

Според пратеникот од Нова алтернатива, Ѓорѓи Оровчанец, „премиерот го саботира напредокот на државата“. Тоа што сега Груевски ги менува само министрите од ВМРО-ДПМНЕ за Оровчанец е знак дека „ ја федерализира Македонија“. Премиерот повторно реагираше дека наводите се наполно погрешни.

За пратеникот од СДСМ, експремиерот Владо Бучковски, атмосферата во парламентот по говорите на Груевски и Славески станала премногу сентиментална, па тој, иронизирајќи, рече дека почнал да ги жали и двајцата затоа што им се растурило еднодецениското пријателство.

И покрај тоа што неколку години предупредуваме дека ќе дојде до ова немаше кој да не чуе.
 
Некако не го поврзувам навидум бомбастичниот наслов на темава, со содржината во неа.
Разрешување на министер за образование = неписменост.
Разрешување на министер за здравство = пандемија.
Разрешување на министер за финансии = банкрот на државата? :uvo:
 
Попрецизно би било “Банкротот пред Македонија“.:toe:
 
Каков банкрот бе нема банкрот, само да не студи оти ако студи ништо од планот.
 
Славевски прво да објасно како тоа до вчера не убедуваше дека се е розево, дека буџетот бил ОК, а од вчера друго кажува
што значи тоа дека сега или пред тоа лажел
епа да објасни зошто лажел
или откако го сменија ко виде дека толку му се способностите почна да плука

па и овај ама наслов закопал, ко со Геро да се консултирал
 
Трајко е како Чак Норис бе,нема што да објаснува.Всушност сам си се уфрли во “филмот“ со Анџелина Џоли.:pos2:
 
Сигурно.
Али прво ќе почекам да` поживеете` едно година и пол у пуна беда,
па сами да си го закопате ша(м)-(б)анот.
Онда...
ќе му дојдам на годишница и јас.
Не се плашиме ние бавча насадивме лозје имаме, летово, есента и зимава ќе ја преживееме. Ако треба и комитска погача ќе јадиме ама не се предаваме (ако не ти е јасно што е комитска погача пиши во пп ќе ти објаснам).
 
Еве готово е, пропаднавме, отидовме у *урац...

Едит : Скопје е празно сите се по одмори, тие што не се дремат по кафани, чекаат да дојде август бидејки тогаш земале одмор па и тие да тркнат до море.
 
Еве готово е, пропаднавме, отидовме у *урац...

Едит : Скопје е празно сите се по одмори, тие што не се дремат по кафани, чекаат да дојде август бидејки тогаш земале одмор па и тие да тркнат до море.

Не може да биде готово она што всушност сеуште не ни започнало.:toe:
 
Бомбастично или не довчерашниот министер за економија го кажа тоа. Човекот не е до толку глуп за да даде таква изјава само за да се спаси. Владата реално гледано премногу ненаменски ги трошеше парите на граѓаните притоа фалејќи се дека Македонија не е во криза и дека сме многу јаки дури појаки до Јапан, Германија и остали земји од Г8. Изјавите од типот дека сме немале пад на економија не држат вода бидејќи никад и сме немале раст на истата. Славевски предупреди дека со оваков буџет Македонија иде према БАНКРОТ. Што значи банкрот мора сами да размислите, посебно пензионерите администрацијата земјоделците и сви остали.
 
Трајко е како Чак Норис бе,нема што да објаснува.Всушност сам си се уфрли во “филмот“ со Анџелина Џоли.:pos2:

на крај сам си се заеба :pos:
како што би рекле "сам себе го убијал" :)
 
Сакал да каже дека продолжување на ваква економска политика оди кон банкрот на држава за неполна година.Ништо ново не кажа:toe:И мали деца знаат каде одиме,освен грујовистите кои можат со денови да те убедуваат колку добра политика водат.
Лажоман до лажоман,сите до еден во апсана!
 
Бомбастично или не довчерашниот министер за економија го кажа тоа. Човекот не е до толку глуп за да даде таква изјава само за да се спаси. Владата реално гледано премногу ненаменски ги трошеше парите на граѓаните притоа фалејќи се дека Македонија не е во криза и дека сме многу јаки дури појаки до Јапан, Германија и остали земји од Г8. Изјавите од типот дека сме немале пад на економија не држат вода бидејќи никад и сме немале раст на истата. Славевски предупреди дека со оваков буџет Македонија иде према БАНКРОТ. Што значи банкрот мора сами да размислите, посебно пензионерите администрацијата земјоделците и сви остали.

За избегнување на државен банкрот постојат многу мерки или показатели,не е само кратењето на буџетот ебаго,една од мерките или показателите дека такво нешто се спрема,е и ограничување на подигање заштеди од банките за граѓаните и фирмите,а такво нешто нема,или не гледам барем засега.
Одкако државата се задолжи преку Трајко за нови 200 милиони евра кај приватните банки со криминална камата,да се даде изјава за кратење на буџетот од минимум 100 милиони евра,е повеќе од лицемерно и проѕирно,или перверзно би рекол,посебно одкако се виде сигурно дека ја напушта функцијата “креатор на буџет“.Па зошто го оптерети буџетот со повеќе од 200 милиони евра кредити со високи камати,кога истиот можеше да го скрати за истите пари додека беше на функција?Или слатки беа процентите од газдите на златни акции во банките кој набрзина ги купија државните записи со криминална камата?
Накратко:-можеби Македонија е пред банкрот,предизвикан најмногу и токму од оној кој тоа го изјавува,бегајќи од функција за да не биде санкциониран поради очигледниот криминал со екстремно високите камати на благајничките државни записи,одкако дебело наплати за непромислениот и криминален гест.:toe:
 
Апсолутно точно АБЦ. Ја не викам дека Славевски е јагне, напротив до завчера ги бранеше ставовите на вождот кој очиглено почнал да ја губи контролата над Славевски па сега го мести Ставревски. Најлошо од се е што нашата влада се прчи дека немаме криза и како што ми изгледа ќе тера по старо.
 
на крај сам си се заеба :pos:
како што би рекле "сам себе го убијал" :)

Чак Норис никогаш сам не се заебува бе,дури ни кога беше на годишен одмор во Крушево,за време на Крушевската Република,кога Турците 10 дена не смееа ниту да се појават во околината.:pos2:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom