Нè брка полиција од парк, што со тоа?

Член од
28 март 2006
Мислења
17.725
Поени од реакции
12.156
И како овие два примери ги изедначуваш?
Примери за акција на полицијата, односот. Ама не ги изедначувам, секој пример е за себе. Првиот беше продолжение на насловот на темата-што се случило слично (рација, малолетници, нелегитимирање, малтретирање-искази на сведоци...), а вториот како полицијата се справува во горните земји со одредени ситуации.
Истото се однесува и на германската полиција, со нив нема зае**нции.

Дали е или не е во ред ако полицијата си ја врши работата?
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308

Проблемот е што едниот пример е нарушување на јавниот ред и мир токму од полицијата во Демир Капија, каде луѓе уживаат во институцијата кафана која му е позната на целиот свет, а вториот пример е делување на полиција врз разгневени алкохолизирани (или кој и да им е проблемот) лудаци кои се тепаат меѓусебно некаде во Европа.

Кај нас е секојдневие да влета полиција и да прави рација, во Европа е тоа исклучително ретко и се прави само по директива и дојава за да се уапси одреден човек. Таман работа полиција да влетува и да легитимира со тепање, што несомнено е случај во Демир Капија, и тоа знаеме зошто, бидејќи конкурентскиот кафич платил за тоа...
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.725
Поени од реакции
12.156
Кај нас е секојдневие да влета полиција и да прави рација, во Европа е тоа исклучително ретко
Можеби, но тоа е ваљда заради тоа што почитуваат закон за малолетници, алкохол... уште на врата. А доколку и еден најдат внатре, макар и случајно, којзнае која е казната (и дали ќе се скине преку пријатели) таму. Овде (пример и со Демир Капија) не се почитуваат тие норми од самите газди.

Се насе, немам видено таму млади да пијат во паркови (не знам како е другите земји, ова кај што сум гледал). Тие ниту излегуваат како нашите млади преку недела-си имаат обврски. У ствари самиот начин на ноќно движење е многу подруго. Но било каде да се собере група и да извади шишињата, било каде... се реагира. Би требало да е и кај нас исто. Факт е дека има последици од ваков начин на забава, заради тоа сигурно и се нормите за пиење, малолетници... А за да нема последици, би требало полицијата да превенира почесто. Инаку рација е во суштина доста сложена акција, само навидум е едноставна :smir:
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.320
Остајте ги нека си го изживеат своето, и у наше време ние бевме аут пошо се разликуавме од другите, не идевме по кафичи пошо тоа беше за кремци, државата не се буни да се пијанчиш по кафани, да го пуниш пари тоа капиталистот, него не смеело на отворено, полициска држава...
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.725
Поени од реакции
12.156
државата не се буни да се пијанчиш по кафани, да го пуниш пари тоа капиталистот, него не смеело на отворено, полициска држава...
Затоа дома, најефтино, плус никој не те закача. Но да има барем 18 години. Така прави мојов, ќе се соберат одвреме навреме, едно ѓезме во двор, милина. На свое си, а плус имаш и мезе. Така да, ако се нацврцка, има каде да прилегне :)
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
Бурна ноќ
Сабота вечер. Побогатите веќе имаат резервирано сепаре во некоја дискотека. Ние, далеку од богати, собираме по 20 денари за да купиме едно пиво и да седнеме на нашите ,,сепариња" во парк. Уште ,,ја лигавиме" првата чаша(за да трае пивото подолго), кога одеднаш ,,марици" го преплавуваат паркот. Со брзината на светлината и со гласни извици-џандарите се насекаде.
Нема ,,добра вечер" нема ,,јас сум тој и тој"(џабе кампања за етика), само-,,лични карти-одма!". Ги вадиме личните карти(као на увид) и одма ги одземаат и не приведуваат. Ајдееее, правец ,,марица". Внатре седум души, заедно со кутрото пиво. Нема воздух, нема вентилација, гравитацијата го прави своето на секоја кривина.Транспорт на стоки.
Следна локација-полициската станица Беко. Внатре 30 души(Ajде изволте, овде е журката!).Првите 10 минути си во паника, затоа што не знаеш што те чека, после се опушташ малце, ама џабе. Еден по еден, влегуваме во собата со натпис ,,полицаец за прихвад". Не знаеш што е полошо, дали да влезеш и да се соочиш со нервозниот командир и арогантното однесување или да чекаш во неизвесност.
Еден по еден излегуваме со наведнати глави. Дечки, што се дешава? ,,Пријава и казна 400 евра". Молам???
400 евра се 2 години студирање. Ако ми пишат казна, како ќе ги соберам тие пари, кога моите живеат живот на кредити, за да можам да студирам?
Насмеан полицаец: ,,Сте требале да мислите поранo, кој ве тера да се пијачите на улица?"Ах, како прво не се пијанчиме, а како второ-немаме пари да седнеме на друго место. Само паркот е бесплатен. Џабе. Законот не е ист за сите.
Поминува еден саат, паниката е масовна. Пред вратата стои голем натпис ,,Дали ги занете вашите права?" Сите немо ги читаме, барем да бидеме информирани. Едно од правата гласи дека секој има право на бранител и не мора да одговара на ниедно прашање без присуство на истиот. Во тој момент вратата се отвора и го носат дечкото во самица. Му ги одземаат телефонот, стегачот и патиките. Сите го прашуваме што се случило, а тој само тивко процедува ,,Не сакав да потпишам дека се откажувам од правото на бранител".Му кажуваат дека има 5 часа да размисли, дали ќе потпише или не. Поминуваат 2 часативко е, сите сме замислени. Во меѓувреме некои од џандарите си прават шеги на наша сметка ,,Што сте направиле такви фаци, нема да ве обесиме". Е па,подобро да ме обесите, отколку да ми пишаете 400 евра казна. Доаѓа и нашиопт ред за во кобната собичка.Влегуваме внатре. Стоиме во 2 редици, очи в очи со командирот. Ти го читаат името и треба да истапиш напред. Насмеано џандарче приоѓа со ,,дрегер" и ти ги објаснува правилата: ,,Ќе дуваш додека не се исклучи зелената сијаличка, земи длабоко воздух и почни". Земаш воздух и мислиш дека ќе се онесвестиш. Мислиш дека дуваш цела вечност. Зелената сијаличка се исклучува.Дрегерот бипна, а срцето веќе одамна не чука како што треба. Џандарот насмеан од уво до уво ти вика: ,,Пиеше, а?". Најтивко што можеш изустуваш ,,Само една чаша пиво".
,,Дрегерот покажува 0.00 промили-доза оптимизам".Командирот урла: ,,Пиши пријава, пиши пријава некој од нив мора да добие пријава" Јас не! Счедува процедура, име на таткото, име на мајка, пополнување на формулар со наслов ,,Алкохолисаност кај возач". Потпишувап со целосно име и презимедека имаш 0.00 промили алкохол во крвта и дека си само опоменат. Наредниот лист кој немаш право да го прочиташ, го потпишуваш таму каде што пишуваш дека се откажуваш од правото на бранител.Милион прашања ти го напаѓаат мозокот, но ги задржуваш за себе. Ти ја враќаат личната карта со ливче со потпис за да можеш да излезеш од станица. Едно прашање се провлекува - а листот што го потпишав дека немам алкохол во крв? ,,Тоа останува тука".

Излегувам на воздух по три саати притвор. Го прашувам џандарот надвор што значи оваа опомена, а тој крева раменици и вика дека нема поим. Добро, а листот кој беше доказ (башка имаше два примерока, логично е еден да е кај мене, еден кај нив) зошто не ми го дадоа? ,,Ни тоа поима немам" вика џандарот. Па добро бе, јас ли да имам поим?
Сепак една пријава е напишана на член од ,,марицата".Командирот е човек од збор. Браво за него... И сега што? Каде е излегуваме ние, ако ни го забранат паркот? Зошто го полнат буџетото со наши пари? Зошто никој не ги приведува децата на богатите што се пијанчат во дикотеки? Нив на сепаре ги чека виски со по некоја цртка, нас не чека пиво и кикиритки-каде е правдата?
Сепак, лично јас оваа акција ,,Распуст" ја сметам за успешна. Успеаа да не заплашат, успеаа да ни докажат дека нема правда, успеаа да ни ги прекшат основните човекови порава, успеаа да го разбудат гневот во нас...

Директен учесник во акцијата ,,Распуст"
Извор: ,,Сега" четврток, 16.07. 2009
 
Х

Ханзо

Гостин
Примеќам законот го подржуваат оние кои не идат у парк. x)
да да, кремчињата и т.н. шемаџии
А по која основа ова? Како тоа кремчињата и шемаџиите би ги засегале работи кои се однесуваат на кул ха-це парк? Не бе батиња, сакам да одам во парк, видете што убав го направија, милина. Си шеташ, уживаш, тераш романтики...и...БУААААА се избацува некој начукан металец кој игра румба на Гоце, другар му гренда кај стигне, некој трет си ги пробува новите мартенки на некоја несреќна клупа, а некој осмоодделенец си го истура желудникот на тревникот кој и така веќе е направен депонија за пластика и по некое парче стакло. Па оди после во парк...

За текстот горе: Извор: „Сега“ :icon_lol:
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Можеби, но тоа е ваљда заради тоа што почитуваат закон за малолетници, алкохол... уште на врата. А доколку и еден најдат внатре, макар и случајно, којзнае која е казната (и дали ќе се скине преку пријатели) таму. Овде (пример и со Демир Капија) не се почитуваат тие норми од самите газди.

Се насе, немам видено таму млади да пијат во паркови (не знам како е другите земји, ова кај што сум гледал). Тие ниту излегуваат како нашите млади преку недела-си имаат обврски. У ствари самиот начин на ноќно движење е многу подруго. Но било каде да се собере група и да извади шишињата, било каде... се реагира. Би требало да е и кај нас исто. Факт е дека има последици од ваков начин на забава, заради тоа сигурно и се нормите за пиење, малолетници... А за да нема последици, би требало полицијата да превенира почесто. Инаку рација е во суштина доста сложена акција, само навидум е едноставна :smir:
Значи сепак ми држи вода муабетот на Ада шо и го терав понапред на темава ако ме читаше. Не е проблемот со луѓето и малолетниците, туку со извештаченото спроведување ред на полицијата, исфорсираното спроведување закон и терање смешки живи. Вистинскиот проблем не е во паркот, туку во МВР и македонскиот систем кој не функционира. И ако некој некаде треба да реагира тоа не е во паркот туку позади Љуц, малку погоре по уличката.
Ханзо напиша:
А по која основа ова? Како тоа кремчињата и шемаџиите би ги засегале работи кои се однесуваат на кул ха-це парк? Не бе батиња, сакам да одам во парк, видете што убав го направија, милина. Си шеташ, уживаш, тераш романтики...и...БУААААА се избацува некој начукан металец кој игра румба на Гоце, другар му гренда кај стигне, некој трет си ги пробува новите мартенки на некоја несреќна клупа, а некој осмоодделенец си го истура желудникот на тревникот кој и така веќе е направен депонија за пластика и по некое парче стакло. Па оди после во парк...
Епа шо да праиме сеа шо металците имаат таков тип на забава, да ги убиеме пошто не слушаат Синан? :toe:
Уствари да, супер тактика, сите у марица и у затвор, јаките металски раце ќе рмбаат у Шутка у двор беспари. Бар корисни се за да може на раат синановците да фрлаат тањири сервирани со десетка со кромид... кромидот шо металците го садат у шутка. :vozbud:
 
/gone/87

+++FOR CLEAN SKOPJE+++
Член од
30 март 2009
Мислења
1.769
Поени од реакции
119
Остајте ги нека си го изживеат своето, и у наше време ние бевме аут пошо се разликуавме од другите, не идевме по кафичи пошо тоа беше за кремци, државата не се буни да се пијанчиш по кафани, да го пуниш пари тоа капиталистот, него не смеело на отворено, полициска држава...
потполно се согалсувам:)

Бурна ноќ
Сабота вечер. Побогатите веќе имаат резервирано сепаре во некоја дискотека. Ние, далеку од богати, собираме по 20 денари за да купиме едно пиво и да седнеме на нашите ,,сепариња" во парк. Уште ,,ја лигавиме" првата чаша(за да трае пивото подолго), кога одеднаш ,,марици" го преплавуваат паркот. Со брзината на светлината и со гласни извици-џандарите се насекаде.
Нема ,,добра вечер" нема ,,јас сум тој и тој"(џабе кампања за етика), само-,,лични карти-одма!". Ги вадиме личните карти(као на увид) и одма ги одземаат и не приведуваат. Ајдееее, правец ,,марица". Внатре седум души, заедно со кутрото пиво. Нема воздух, нема вентилација, гравитацијата го прави своето на секоја кривина.Транспорт на стоки.
Следна локација-полициската станица Беко. Внатре 30 души(Ajде изволте, овде е журката!).Првите 10 минути си во паника, затоа што не знаеш што те чека, после се опушташ малце, ама џабе. Еден по еден, влегуваме во собата со натпис ,,полицаец за прихвад". Не знаеш што е полошо, дали да влезеш и да се соочиш со нервозниот командир и арогантното однесување или да чекаш во неизвесност.
Еден по еден излегуваме со наведнати глави. Дечки, што се дешава? ,,Пријава и казна 400 евра". Молам???
400 евра се 2 години студирање. Ако ми пишат казна, како ќе ги соберам тие пари, кога моите живеат живот на кредити, за да можам да студирам?
Насмеан полицаец: ,,Сте требале да мислите поранo, кој ве тера да се пијачите на улица?"Ах, како прво не се пијанчиме, а како второ-немаме пари да седнеме на друго место. Само паркот е бесплатен. Џабе. Законот не е ист за сите.
Поминува еден саат, паниката е масовна. Пред вратата стои голем натпис ,,Дали ги занете вашите права?" Сите немо ги читаме, барем да бидеме информирани. Едно од правата гласи дека секој има право на бранител и не мора да одговара на ниедно прашање без присуство на истиот. Во тој момент вратата се отвора и го носат дечкото во самица. Му ги одземаат телефонот, стегачот и патиките. Сите го прашуваме што се случило, а тој само тивко процедува ,,Не сакав да потпишам дека се откажувам од правото на бранител".Му кажуваат дека има 5 часа да размисли, дали ќе потпише или не. Поминуваат 2 часативко е, сите сме замислени. Во меѓувреме некои од џандарите си прават шеги на наша сметка ,,Што сте направиле такви фаци, нема да ве обесиме". Е па,подобро да ме обесите, отколку да ми пишаете 400 евра казна. Доаѓа и нашиопт ред за во кобната собичка.Влегуваме внатре. Стоиме во 2 редици, очи в очи со командирот. Ти го читаат името и треба да истапиш напред. Насмеано џандарче приоѓа со ,,дрегер" и ти ги објаснува правилата: ,,Ќе дуваш додека не се исклучи зелената сијаличка, земи длабоко воздух и почни". Земаш воздух и мислиш дека ќе се онесвестиш. Мислиш дека дуваш цела вечност. Зелената сијаличка се исклучува.Дрегерот бипна, а срцето веќе одамна не чука како што треба. Џандарот насмеан од уво до уво ти вика: ,,Пиеше, а?". Најтивко што можеш изустуваш ,,Само една чаша пиво".
,,Дрегерот покажува 0.00 промили-доза оптимизам".Командирот урла: ,,Пиши пријава, пиши пријава некој од нив мора да добие пријава" Јас не! Счедува процедура, име на таткото, име на мајка, пополнување на формулар со наслов ,,Алкохолисаност кај возач". Потпишувап со целосно име и презимедека имаш 0.00 промили алкохол во крвта и дека си само опоменат. Наредниот лист кој немаш право да го прочиташ, го потпишуваш таму каде што пишуваш дека се откажуваш од правото на бранител.Милион прашања ти го напаѓаат мозокот, но ги задржуваш за себе. Ти ја враќаат личната карта со ливче со потпис за да можеш да излезеш од станица. Едно прашање се провлекува - а листот што го потпишав дека немам алкохол во крв? ,,Тоа останува тука".

Излегувам на воздух по три саати притвор. Го прашувам џандарот надвор што значи оваа опомена, а тој крева раменици и вика дека нема поим. Добро, а листот кој беше доказ (башка имаше два примерока, логично е еден да е кај мене, еден кај нив) зошто не ми го дадоа? ,,Ни тоа поима немам" вика џандарот. Па добро бе, јас ли да имам поим?
Сепак една пријава е напишана на член од ,,марицата".Командирот е човек од збор. Браво за него... И сега што? Каде е излегуваме ние, ако ни го забранат паркот? Зошто го полнат буџетото со наши пари? Зошто никој не ги приведува децата на богатите што се пијанчат во дикотеки? Нив на сепаре ги чека виски со по некоја цртка, нас не чека пиво и кикиритки-каде е правдата?
Сепак, лично јас оваа акција ,,Распуст" ја сметам за успешна. Успеаа да не заплашат, успеаа да ни докажат дека нема правда, успеаа да ни ги прекшат основните човекови порава, успеаа да го разбудат гневот во нас...

Директен учесник во акцијата ,,Распуст"
Извор: ,,Сега" четврток, 16.07. 2009
секој кој ќе биде приведен во полиција ИМА ПРАВО ДА МОЛЧИ се ДОДЕКА не дојде НЕГОВИОТ БРАНИТЕЛ!!!
а за ова секоја чест,СИРОМАВИТЕ плаќаат казни,а БОГАТИТЕ со ТИЕ ПАРИ се пијанчат во ДИСКОТЕКИ.....ма каков Калимеро....МАКЕДОНЧЕ НЕМА ПРАВДА:nerv:

А по која основа ова? Како тоа кремчињата и шемаџиите би ги засегале работи кои се однесуваат на кул ха-це парк? Не бе батиња, сакам да одам во парк, видете што убав го направија, милина. Си шеташ, уживаш, тераш романтики...и...БУААААА се избацува некој начукан металец кој игра румба на Гоце, другар му гренда кај стигне, некој трет си ги пробува новите мартенки на некоја несреќна клупа, а некој осмоодделенец си го истура желудникот на тревникот кој и така веќе е направен депонија за пластика и по некое парче стакло. Па оди после во парк...

За текстот горе: Извор: „Сега“ :icon_lol:
па мали во паркот се излага уште од 90-те години од страна на HC момци и девојки,,,,и одеднаш дојдоа тие кремчиња и шемаџии кои ДЕМЕК уживаат во паркот,и им смета таа хардкор екипа...ТРАДИЦИЈАТА продолжува
се гледа колку шеташ низ паркот...на Гоце седат Скејтерите,металците претежно седат на сепариња,а кремчињата и шемаџиите одат од зоолошка кон дискотеките,кои цело време само шетаат низ дискотеката...ЕБАТИ ДРУЖБАТА
 
Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.185
Поени од реакции
34.416

Поднесени прекршочни пријави за точење алкохол

СВР Скопје во текот на 15-дневната акциска контрола „Распуст“ за спречување конзумирање алкохол кај малолетни и други лица на подрачјето во и околу Градскиот Парк – Скопје, како и во угостителски објекти, трговски центри, за да бидат спречени прекршоци и криминални дејствија, има легитимирано вкупно 280 лица, од кои 16 се малолетници.

Поднесени се 64 прекршочни пријави и тоа девет за малолетни лица и 55 за полнолетни, како и... /повеќе/
 
Џабе ова, измислици, кога полицајците се виновни. Ова се лаги, инсинуации, манипулации... :smir:
За ваква акција богами требало бааги јака организација-логистикс. И ...то. Хепа браво за полицајците, иако не се легитимирале на сите граѓани од Беко, преку партизанска...до парк и не пријавиле акција на А1 и на радио...
 
/gone/87

+++FOR CLEAN SKOPJE+++
Член од
30 март 2009
Мислења
1.769
Поени од реакции
119
А по која основа ова? Како тоа кремчињата и шемаџиите би ги засегале работи кои се однесуваат на кул ха-це парк? Не бе батиња, сакам да одам во парк, видете што убав го направија, милина. Си шеташ, уживаш, тераш романтики...и...БУААААА се избацува некој начукан металец кој игра румба на Гоце, другар му гренда кај стигне, некој трет си ги пробува новите мартенки на некоја несреќна клупа, а некој осмоодделенец си го истура желудникот на тревникот кој и така веќе е направен депонија за пластика и по некое парче стакло. Па оди после во парк...

За текстот горе: Извор: „Сега“ :icon_lol:
а што правиме со тие што скоро цела своја младина ја "оставиле" на сепариња,школка,љунфер,гоце, итн....и кога бил И несреден,и сега кога е среден???со ова докажа дека КРЕМЧИЊАТА и ШЕМАЏИИТЕ го чекаа ОВОЈ момент,т.е. да го средат паркот(секоја чест на градските власти за разубувањето на паркот) па ДА ВИДАТ КАДЕ СЕ НАОЃА ПАРКОТ
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Поднесени прекршочни пријави за точење алкохол

СВР Скопје во текот на 15-дневната акциска контрола „Распуст“ за спречување конзумирање алкохол кај малолетни и други лица на подрачјето во и околу Градскиот Парк – Скопје, како и во угостителски објекти, трговски центри, за да бидат спречени прекршоци и криминални дејствија, има легитимирано вкупно 280 лица, од кои 16 се малолетници.

Поднесени се 64 прекршочни пријави и тоа девет за малолетни лица и 55 за полнолетни, како и...
Џабе ова, измислици, кога полицајците се виновни. Ова се лаги, инсинуации, манипулации... :smir:
За ваква акција богами требало бааги јака организација-логистикс. И ...то. Хепа браво за полицајците, иако не се легитимирале на сите граѓани од Беко, преку партизанска...до парк и не пријавиле акција на А1 и на радио...
Зошто таква иронија? Па токму тоа кое го зборам го докажува цитатот на Ејсид. Од 300 луѓе 20 се малолетни, значи дека гњавеле полнолетни личности, на места каде легитимно имаат право да бидат кога сакаат. А исповедот на цитатот на Новинарка ќе го прерипаме, сите ќе ги прерипаме, сите кои тврдат дека биле обесправени?!?

Тоа е пријателе како ти да отидеш на утакмица на Вардар со син ти кој го спомна, да пиеш пивце и надвор да те соберат у станица, и место да му купиш кола на истиот тој што си го учел на традиција на градски, парите да ги дадеш за казна бидејќи си пиел пиво на утакмица. :wink:
Или истата ситуација само обратно... и син ти да ги даде парите со кои сакаше да те изненади за роденден, за казна. :toe:

Супер закон! :salut:
 
the Consigliere

не читам дугачки постови
Член од
17 јуни 2007
Мислења
5.595
Поени од реакции
263
Упорно пијат на сепариња у парк . . .
Абе златна Франкофонија имаш , нов парк цакум-пакум среден , со светло колку сакаш, без џандари секако , нови клупи на кои нозете се ставаат на земја , а сепак никој не доаѓа таму . . . Шо народ ќе беше, не можам да сфатам . . .
 
Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.680
Поени од реакции
11.054
..." Полициска држава, сестру ви еем клошарска! "... [Тетовирање]
 
Kajgana Shop

На врв Bottom