Еве колку ќе те чини во Охрид (ако ги земеш тие 300 евра за одмор)
Скопје-Охрид (повратна карта) 700 денари = 11 евра
Пристојно сместување 600 денари х 10 дена 6000 денари = 100 евра
Ќе ти останат 11 300 денари односно 180 евра за трошење, односно да трошиш по 1100 денари дневно :smir:
Па со 1100 денари дневно има да се убиеш од јадење и пиење + шетање + дискотеки...
Кога сме веќе кај компарациите што добиваш за таа цена...
Споредуваш автобуски превоз со авонски. Океј, ај ова ќе речеме превоз е превоз : )
Споредуваш "пристојно сместување" (кое сите знаеме какво е во Охрид) кај некој дома, со хотелско. Хотел или убав апартман (апартман во вистинска смисла на зборот, не 2 кревети, шпорет и вц) во Охрид за 600 денари нема.
1.100 денари дневно за трошење може да ти стигнат ако доручкуваш геврек со јогуртче, ако ручаш хамбургер (некој ден и пиво со хамбургерoт ќе можеш да си купиш), а некој ден може да си купиш и сладоледче. Лубеница - нема пари више, иљадарчето отишло, хехе. За вечера парче пица. И во кафич 2 пијачки. Океј, и на плажа 1 пијачка.
___________________________________
Кај се секојдневните трошоци за до плажа, кои не се воопшто мали?
Каде се трошоците за овошјето и зеленчукот?
Каде се трошоците за лежалки?
___________________________________
Проценето на минимум 4.000 денари за 10 дена, а тоа се веќе 16.000 за четиричлено семејство.
А ако сакаш да се опуштиш, да се храниш ко човек, не ко турист од Руанда?
Сума сумарум:
Ова го споредуваш со јадење и пиење додека ти држи стомак (и алкохолни пијалоци се вклучени, пиво и жестоки пијалоци), со десерти, овошје, кафиња кога сакаш, со да не се замараш со превоз до плажа, да не се замараш да готвиш и да му мислиш што ќе готвиш, да не се замараш кај ќе се паркираш и дали воопшто ќе се паркираш и уште еден куп други работи. Значи буквално, идеш ко господин и не се замараш со ништо. Се ти е обезбедено и евро плус не трошиш. Се што ти треба имаш.
И што е најбитно, споредуваш со нешто со кое реално Охрид не може да се мери според услови за туристи. И љубезност и услуга кои не можеш да ги споредиш. Додека од ваму се враќаш полн со импресии, од Охрид се враќаш фрустриран и си викаш кај отидов, кај се заебав да ти'бам, џабе парите си ги фрлив.
Ах да, и од тие 300 евра, само авионот чини 200 и кусур.
Па сега, правете математика како им успева на Турците. Ако ја решите загатката, имплементирајте.
Заклучок: Додека Турците никогаш не се задоволуваат од број на туристи, од квалитетот на нивната услуга и настојуваат да се стремат кон совршенство (а со тоа и кон максимален профит), охриѓани спијат на уво дека господ им дал езеро и дека секогаш ќе има туристи и дека тоа е доволно. На кој му чини му чини, на кој - не мора да доаѓа, си викаат - мрш таму, аздисани едни.