Лажирање сообраќајни казни

  • Креатор на темата Креатор на темата Vnuce
  • Време на започнување Време на започнување

Vnuce

http://abix.mk
Член од
20 март 2006
Мислења
2.602
Поени од реакции
223
Возраст
41
Веб-сајт
abix.mk
Што ги спречува нашите ценети, искусни и професионални полицајци да лажираат казни?

Било што дека добил казна, “казнетиот“ не треба да потпише! Како ќе докаже некој дека уствари не добил казна?
 
Што ги спречува нашите ценети, искусни и професионални полицајци да лажираат казни?

Било што дека добил казна, “казнетиот“ не треба да потпише! Како ќе докаже некој дека уствари не добил казна?
Aj да му се сневиди... Прво неможе таква глупост да направат, недај боже некој да ги сними. А од кај ке ти знај цајканот име, презиме, матичен број, број на Л.К, регистарски број на возилото кое си го управувал и со кое си направил прекршок ако ти не му дадеш информации? Башка си присутен кога се прави записник и се испорачува уплатницата до прекршителот така да се што може да се направи се прави додека не ја примиш уплатницата.
 
Професионалност на нивоу, брааат.
 
Значи, зборам за ситуација:
Те застанува, добар ден - добар ден... ти вика рутинска контрола, нели си зима возачка, сообраќајна, лична карта... сите тие глупости ... фала, пријатно, возете безбедно.
Си продолжуваш да си возиш безбедно, и после Х месеци добиваш покана за суд за неплатена казна.

И цајканот тврди: Возеше брзо, записник одби да потпише (такво нешто смееш), казна му беше врачена, ја нема платено.
Ти твдриш дека не е така, него си ја кажуваш гореопишаната ситуација.
Како ќе докажеш на суд дека не лажеш ти, него џандарот (причини ниту познати ниту битни).
 
Внуче мене ми се случи истото пред некоја година на влезот пред Кичево.
 
Неможе твојот против неговиот збор. Ќе го изгубиш случајот 102.5%
 
Неможе твојот против неговиот збор. Ќе го изгубиш случајот 102.5%
И што, сакаш да ми кажеш дека да си во таква ситуација би се откажал и би си платил (не знам дали идат плус камати глупости ради каснење во случајов)?
 
И што, сакаш да ми кажеш дека да си во таква ситуација би се откажал и би си платил (не знам дали идат плус камати глупости ради каснење во случајов)?

Вистина, не би се откажал, ама реално гледано, секако ќе биде случајот изгубен, лоша ситуација. Се надевам на твој позитивен испад.
 
Не ми е јасно како е можно да не треба да приложи било каков доказ дека ми е врачена казна? Или, дека воопшто треба да бидам казнет.
Работава испаѓа, слободно можат да земат телефонски именик и да пуштаат казни на луѓе според тоа кај ќе им се отвори именикот.
 
Не треба, он е закон. Орган.
Ама ако направил еднаш вака, сигурно прави често. Кога-тогаш, ќе му дојде крајот.

А ти, пробај си ја среќата на суд. Консултирај се со адвокат, сигурно има некои механизми за да ја докажеш невиноста.
 
Браво за темава..... ништо не ги спречува, ни тоа што го рече Dzish дека му требаат податоци за тебе ... па во малите градови сите се знаат. Друга работа е тоа што тој работи во полиција па сите информации му се на дофат. Голем проблем да го научи твојот матичен и твојата регистрација.
Еден човек ми кажуваше за таков случај кој му се десил. Работел како кондуктер во автобус па се замерил со полицаец во цивилка. Полицаецот не сакал да плати карта па човекот му рекол дека тоа само кога е на должност. Било што било, по ден два од случката на човекот му зарибала колата така да со сигурност не ја возел ниту пак можел да направи некаков прекршок со неа. По еден месец му стигнала казна од истиот полицаец. Што можел тука да направи ? Да си плати и да не се замара со тоа оти нема ништо да направи по судови.
 
Не ми е јасно како е можно да не треба да приложи било каков доказ дека ми е врачена казна? Или, дека воопшто треба да бидам казнет.
Работава испаѓа, слободно можат да земат телефонски именик и да пуштаат казни на луѓе според тоа кај ќе им се отвори именикот.

На суд ќе го добиеш случајот, само консултирај се однапред со адвокат. Знам дека во се деси вакво нешто кај комшиите, ама на суд го добија случајот.
 
Вистина, не би се откажал, ама реално гледано, секако ќе биде случајот изгубен, лоша ситуација. Се надевам на твој позитивен испад.

И на татко ми и на брат ми им се има случено нешто слично, ама не како горе наведената ситуација. Баш во моето место на живеење има една улица каде што е забрането полукружно вртење, двајцата и татко ми и брат ми тогаш свртеле полукружно и ги допреле цајкани, ама цајканиве не им дале казна за тој прекршок што го направиле, туку им пишале дека поминале на црвено, глупости. И двајцата одбија да потпишат. Татко ми беше повикан на суд и го доби случајот, а брат ми не ни го викнаа. Што значи дека сепак може да се добие случајот и да не се плати казна за прекршок што не си го направил.
 
Лешинаријата прави такви инциденти, во смисла, еве не те казнувам, ама пичката лешинарска те запишува во тефтерот, па во станица си прави пријава за сторен прекршок, и наводно, истиот не си сакал да го потпишеш...
Тоа, само по себе, претставува злоупотреба на службената должност и овластување, и за тоа стоката одговара дисциплински.
Затоа, на секое запирање од нивна страна, да си забележите во тефтерче неговата легитимација ( и на колегата со него), возилото кое го управуваат (ако има такво), времето и местото каде сте запрени...
Тоа е прв чекор. МОРА да Ви се легитимираат на Ваше барање. Обврзан е на тоа.
Ако приметите дека седат во колата откако Ви ги земат документите и запишуваат Ваши податоци ВЕДНАШ реагирајте и прашајте ЗОШТО тоа го прават!
Имено, доколку има прекршок, лешинарот треба ВЕДНАШ да Ви укаже на истиот, да цитира член и став од Законот кој сте го прекршиле и да пишува записник, и тоа не во колата, туку во Ваше присуство!
Тоа се вика процедура, која МОРА да се запази за да она што го пишува биде ВАЛИДНО!!!!!
Без тоа паѓаат на суд.
Ако веќе пишува казна, и тоа не го сторил, забележете го тоа како забелешка на записникот и НЕМОЈТЕ да паѓате на финта дека не постои такво нешто!
Доколку, најчесто збунети од прашањето „Што тоа пишуваш мои податоци во тефтер? За што ти е тоа?, немаат одговор (а немаат), веднаш инсистирајте да Ви ги вратат документите, и одете во најблиската полициска станица и пријавете ги веќе легитимираните од Ваша страна лешинари за злоупотреба на службената должност и овластување на секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom