- Член од
- 13 јули 2006
- Мислења
- 15.335
- Поени од реакции
- 18.208
Американката со италијанско потекло, изнесувајќи ја албанската приказна за Ксоовската битка, тврди дека српските историски личности Милош Обилиќ и Караѓорѓе Петровиќ всушност биле Албанци. Таа тоа го тврди врз основа на народно предание на Албанците од Косвово, пишува српскиот дневен весник Борба.
И покрај наводите на Владимир Чоровиќ, еден од најпознатите српски историчари, кој напишал дека Караѓорѓе преку племето Васојевиќ бил по потекло Албанец, и изјавата на кралот Петар Први, која своевремено ја пренеле белградските весници, дека семејството Караѓорѓевиќ, потекнува од знаменитото албанско племе Кељменди, српските историчари сметаат дека не може со сигурност да се утврди потеклото на Обилиќ и Караѓорѓе.
Историчарот Радош Љушиќ, кој ја пишувал биографијата на Караѓорѓе, изјавил за Борба дека не може со сигурност да се утврди потеклото на Караѓорѓе.
‘Постојат неколку варијанти. Се претпоставува дека Караѓорѓевиќи потекнуваат од Васојевиќи. Таа варијанта е најверојатна, но не може да се докаже. Втората е дека се од албанско потекло, а третата е дека дошле од Франција. Овие две тврдења се помалку веројатни, така што не може со сигурност да се каже од кого потекнуваат Караѓорѓевиќи.
Писателот и претседател на Дукљанската академија на науки и уметности Јеврем Брковиќ тврди дека е точно дека Милош Обилиќ и Караѓорѓе биле Албанци.
‘Милош Обилиќ по потекло е Албанец во служба на српскиот кнез Лазар, додека таткото на Караѓорѓе бил Албанец од северот на Италија, а мајката од племето Васојевиќ, од едно село во околината на Андријевица.
Тоа без сомнеж е точно, а постои и книга објавена од САНУ која тоа го потврдува. Историчарите можат да зборуваат дека Караѓорѓе и Милош Обилиќ не се Албанци, но тоа не може да се докаже’, рекол Брковиќ.
Тој додал и дека големата мистерија околу Милош Обилиќ ја отворил Његош. ‘Во Србија до половината на 19 век никој не знаел за Милош Кобилиќ, како што тој навистина се викал, а потоа токму Његош го вовел како Обилиќ и создал мит од него’, објаснил Брковиќ.
Караѓорѓе е водач на Првото српско востание од 1804 година, а Милош Обилиќ загинал во текот на битката на Косово на 28 јуни 1389 година , откако претходно успеал да го убие турскиот султан Мурат распорувајќи го со нож од стомакот до грлото.
http://kubura.com.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=2204:2009-07-03-22-50-40&catid=9:2008-09-05-14-13-15&Itemid=8
-----------------------------------------------------------------------
Се поинтересно станува на Балканов...