Гордоста на прво место или...?

  • Креатор на темата Креатор на темата ° Tinna °
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
2 април 2009
Мислења
1.405
Поени од реакции
177
Колку сте горделиви?
Ви се случило ли некогаш да ја ставите гордоста на прво место и заради неа да изгубите некој што навистина ви значел?
Дали мислите дека таа е лоша особина или пак ја карактеризирате како добра?
Повелете.:pipi:
 
Епа многу сум горделив,и се случило неколку пати да изгубам личности шо покасно ќе сватам колку ми значеле
 
C’ est moi :icon_lol:. Гордоста ми е мене смртен грев, па не ја сметам ниту за лоша ниту за добра особина, едноставно моја особина е. Во дадени ситуации била лоша, во дадени била добра :toe:.
 
Сум горделива, но до одреден степен. Не ми е гордоста секогаш најбитна. Знам да бидам многу тврдоглава некогаш во животот, но горделива нешто посебно не сум била никогаш. Секогаш сум си го чувала достоинството, сум избегнувала себеомаловажување, но не сум дозволила да изгубам некој што ми значи заради гордост. Некогаш се случува само за да ги подобрам работите, да се извинам иако не се чувствувам крива, но тоа е потребно за да се смират работите. Не е гордоста алфа и омега во животот. Треба што помалце да ја има. Достоинството нема да се задржи ако гордоста постојано е со црвено светло.
Најверојатно сум имала мои испади на горделивост, но во последно време не може да ми дојде на памет една работа или ситуација што тргнало лошо заради мојата гордост.
 
па гордоста се смета за 7ми смртен грев:toe:
 
Особина која премногу ме нервира кај луѓето дефинитивно...
А најмногу кај мене.:nesum: Бидејќи стварно имам изгубено битни личности во животот поради таа ГоРдОсТ. Ретки се случаите кога е позитивна и без последици...
 
Ретки се случаите кога е позитивна и без последици...

Како бе ретки? Некој да земит и да те газит ко го*но до утре, да те мават од земја (психички кажано), немат да имаш ти гордост и ќе остајш да продолжит така?

Инаку бајаги имам проблеми со таа гордоста :icon_lol:. Не, не ми е на прво место, не е најважна во животот, но се случувало да направам многу грешки поради истата. Фала Богу не сум загубила ниедна личност поради на неа, но кога се работи за омаловажување, тогаш таа ми е на прво место. Едноставно не дозволувам да ме возет ко точак.
 
Гордоста е благородна особина чие "консумирање" сепак треба да познава одредени граници. Гордоста може да послужи како одбрана од низок удар, удар врз интегритетот на личноста и како заштита од омаловажувањето и понижувањето. Но, честопати може да се постигне и контра ефект ако гордоста ја издигнеме на највисок степен и таа да ги контролира нашите односи со најблиските и со луѓето околу нас. Затоа според мене, имањето на доза на гордост не е на одмет, се додека таа не претставува опасност/штета за луѓето околу нас.
 
Gordosta e edna od moite osobini, ne mi e najbitna megjuota ja poseduvam kako osobina. Se slucilo i da izgubam nekoi raboti ili licnosti zaradi gordosta no se slucilo i da ja zgazam gordosta samo da zadrzam nekoj kraj sebe.
 
Мене не ми е гордоста на прво место,сум горделива но многу пати си ја имам погазено за некои луѓе што ми се многу блиски.Незнам дали е добра особина,хммм...
Ваљда треба да си бидеме горделиви но во граници на нормала,да знаеме кога и за кого треба да ја погазиме,но да биде за луѓе што стварно заслужуваат
:salut:
 
Сум горделива, не се погазувам, тоа што сум го кажала и така излегува, некој многу да ме повреди и повторно да бидам блиска со него на начин на кој сум била претходно нема апсолутно никакви шанси, колку и да го сакам, колку и да ми бил драг.

Меѓутоа некогаш се прават исклучоци во зависност од ситуацијата, ако сум се налутила за некоја глупост, седам размислувам дека можеби и јас сум згрешила, сум правила инает година време, но сум сфатила дека личноста вреди да се има покрај себе, дека има добра душа и не добивам ништо со тоа што нема да ја погазам гордоста, само си правам тешко на себе и губам убави моменти.

Макар што многу ми е тешко да ја погазам гордоста и некогаш се прекорувам поради тоа, иако ретко се случува да ја погазам, само во исклучителни случаи кога ќе сфатам дека некаква вина сум имала можеби и јас.
 
Колку сте горделиви?
Ви се случило ли некогаш да ја ставите гордоста на прво место и заради неа да изгубите некој што навистина ви значел?
Дали мислите дека таа е лоша особина или пак ја карактеризирате како добра?
Повелете.:pipi:

Горделивоста е најстрашниот грев и коренот на сите зла

Како што дрвото се познава по своите плодови , така и горделивиот човек се распознава по своите дела .
Семето на гордоста е горчливо и се разбира ,од дрвото што ќе се развие од него , се собираат горчливи плодови.
-Горделивецот сака секогаш да се истакне над другите ,да им заповеда ,па дури и да дава совети кога никој не ги бара од него .
Страшно се лути на оние што не се согласуваат со неговото мислење и не ги исполнуваат неговите желби .
Безобѕирно копнеење по слава и пофалби.


Животот ни носи две патишта

1. Едниот е широк и удобен ,што го води човекот нагоре и го мами кон вртоглави височини.Но,ако човекот тргне по него и самиот нема да почувствува како ќе падне во длабоките пеколни бездни.
Тое е патот на гордоста

2.Вториот пат е тесен ,неудобен и трнлив.тој слегува све подолу и подолу , минувајќи низ многу тешкотии и понижувања.Но,ако човекот реши да зачекори на тој пат и истрае до крај ,колку повеќе слегува надолу,толку повеќе ке се издига со божја сила,се додека постепено не се искачи до самите рајски височини .
Тоа е патот на смирението


Луѓето обземени со гордост на смирените гледаат од голема височина и ги потценуваат, а самите не забележуваат дека веќе одамна се одлепиле од површината на земјата и летаат во облаците.
Затоа е поговорката - Кој високо лета , ниско паѓа

Но ајде да се запрашаме ...
Зошто гордоста е најстрашниот грев и е корен на сите зла?
Што има толку лошо во неа?
Зошто е таа погубна за човечката душа?

Прво затоа што овој грев е скриен длабоко во човечкото срце и останува невидлив за оние кои што го имаат .
Првиот плод на гордоста е : безобѕирното копнеење по слава,честа и пофалбите.
Вториот плод е мрморењето против се и секого.
Многу често се случува горделивите да си го одземат животот кога лушето ке ги откриат неговите горделиви способности.
Третиот плод е мешање во туѓите работи .Духовното слепило во кое се искажува и во неговото делење на совети на секого и насекаде иако и самиот незнае што прави.

Другите продукти на горделивоста се : презирот и омаложувањето на другите луѓе ,припишувањето на заслуги за сите успеси само за себеси,нетрпеливоста према презирот ,маките и несреќите.
Кога горделивиот ке западне во невоља се лути на сите ..мрмори и хули на Бога .

Ова се плодовите на гордоста кои што им се одвратни на другите
луѓе
.

Затоа пак смирението е доблест која е спротивна на гордоста.

Имало некои случаеви на горделивост и кај мене ..но фала богу знам какви се последиците со тек на време и се обидувам да ги искоренам.
 
Mislam deka ja nemam izgubeno gordosta do sega,no bi ja izgubila ako vo taa situacija treba i vredi...:pipi:
 
гордоста можам да го изгубам за некоја многу добра личност... до сега само една таква личност знам..
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom