Кучиња скитници

Ваше мислење:


  • Вкупно гласачи
    617
Член од
28 март 2006
Мислења
17.883
Поени од реакции
12.419
Да немав куче немаше да ме збркаат,бидејќи немаше да мавтам со стап и немаше да ги испровоцирам.
Јеах, кучиња трчаат само по стапови. Трчаат и по торби од пазар...ај тргни им ја да видиш како ќе се испонашаат. Среќа на тоа што му ја тргнав беше само, и иако големо, беше ваљда стерилизирано-као зомби. Да беше нетретирано или да беа 2-3, сигурно ќе ми требаше повеќе од нога за да го исплашам...можеби ќе ми беа потребни 2 нозе...да трчам :)
 
L

Lu

Гостин
Јеах, кучиња трчаат само по стапови. Трчаат и по торби од пазар...ај тргни им ја да видиш како ќе се испонашаат. Среќа на тоа што му ја тргнав беше само, и иако големо, беше ваљда стерилизирано-као зомби. Да беше нетретирано, сигурно ќе ми требаше повеќе од нога за да го исплашам.
Јас кажав како беше во мојот случај.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.883
Поени од реакции
12.419
Твојот случај не е универзален...кога не одиш на работа ноќна смена или у 5 саат сабајле...се е подруго, опасност "не постои"
 
L

Lu

Гостин
Твојот случај не е универзален...кога не одиш на работа ноќна смена или у 5 саат сабајле...се е подруго, опасност "не постои"
Епа кој како ќе си ја нареди некој во 5 сабајле ќе го бркаат улични кучиња,а други во нормално време ќе се движат по улиците и нема да бидат во опасност :pos2:

Бев сведок на една случка во парк кога на една клупа седеше еден човек и едно уличарче помина покрај клупата и така кутрето најнормално си поминуваше и овој го шутна и ова нормално му се пушти.И јас бев во близина и успеав да го смирам кучето.
Да не го испровоцираше (шутнеше) кучето,најнормално ќе си поминеше и немаше да има никаков проблем.

А знаете зошто се случува така да нападнат од сабајле,бидејќи многу луѓе ги имаат така шутирано и веќе самите кучиња си мислат дека се во опасност и се обидуваат да се заштитат.
 

bowl

.
Член од
30 јануари 2007
Мислења
8.344
Поени од реакции
1.307
А знаеш зошто луѓето ги шутираат? Бидејќи многу кучиња ги имаат бркано па мислат дека се во опасност и да се заштитат.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.883
Поени од реакции
12.419
Мангуп...да го видам во друга држава тоа да го направи. Штета не функционира заштита на животни и соодветно справување со нив. А што зборам, овде не функционира ни заштита на луѓе.
Интересно е што низ оние места кај сум одел (низ северот на Европа), ниту кај јужниот сосед... немам видено улично куче. Како ли се справуваат тие со овој проблем-да препишеме од нив :)
 
L

Lu

Гостин
А знаеш зошто луѓето ги шутираат? Бидејќи многу кучиња ги имаат бркано па мислат дека се во опасност и да се заштитат.
А знаеш зошто кучињата ги бркаат луѓето? Бидејќи многу луѓе ги имаат шутирано па мислат дека се во опасност и се обидуваат да се заштитат.
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.503
Поени од реакции
8.077
Што е постаро, јајцето или кокошката?!

Тоа што по нормалните земји нема по улиците кучиња, тоа е затоа што долги години работат на проблемот. Кај нас се работи година дена, така да, да оставиме уште малку време па да правиме споредби. Денес видов многу кучиња со жолти менѓуши на ушите се шетаа по улица Македонија. Еден човек шеташе пикинезерче и јадното се криеше позади дрво, иако овие три големи кучиња тотално го игнорираа.

И сега Лу? Ќе ги убиеме сите големи кучиња за да не ги плашат малите кученца?
 

bowl

.
Член од
30 јануари 2007
Мислења
8.344
Поени од реакции
1.307
А знаеш зошто кучињата ги бркаат луѓето? Бидејќи многу луѓе ги имаат шутирано па мислат дека се во опасност и се обидуваат да се заштитат.
Би пишал исто али неам 8 години.


Ја би собрал се што нема ремче, би пратил на фарма во планините.
 
L

Lu

Гостин
Што е постаро, јајцето или кокошката?!

Тоа што по нормалните земји нема по улиците кучиња, тоа е затоа што долги години работат на проблемот. Кај нас се работи година дена, така да, да оставиме уште малку време па да правиме споредби. Денес видов многу кучиња со жолти менѓуши на ушите се шетаа по улица Македонија. Еден човек шеташе пикинезерче и јадното се криеше позади дрво, иако овие три големи кучиња тотално го игнорираа.

И сега Лу? Ќе ги убиеме сите големи кучиња за да не ги плашат малите кученца?
Тоа што се плашел Пекинезерот е вина на газдата што не го социјализирал своето куче на време.Големите улични кучиња не се виновни што постојат такви сопственици.
И јас сега имам куче од помала раса - Пудла,па не се плаши ни од Германска дога (едно од најголемите кучиња што постојат),напротив баш си игра со големите кучиња.
Порано имав Доберман и тој си играше и со мали и со големи кучиња.

А од кај знаеш дека Пекинезерот се плашел токму од големите кучиња,можеби се плашел некој човек да не го исшутира?:pos2:
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
Колку за твоја информација кучињата не се парат само во февруари и јули туку во текот на целата година.
Инаку да, ме има нападнато глутница кучиња и ме спаси моето куче,нно не се криви уличните кучиња што ме нападнаа,јас ги имав испровоцирано со тоа што мавтав со еден стап со цел да го заиграм моето куче и мавтајќи изгледа на кучињата им се видело дека сакам нив да ги нападнам и на нив само им се активира природниот инстинкт - одбрана.
И во 99% од случаите на напад на куче врз човек,човекот е крив,бидејќи куче никогаш не напаѓа без причина,туку напаѓа од испровоцираност (сведно или несвесно сторена од човекот).

Но не се криви уличните кучиња,криви се луѓето што ги имаат напуштено своите кучиња и тие станале улични и со тек на време се размножиле.
А нели најубаво е да нема воопшто кучиња на улиците па да не се замараш како ќе се одбраниш и да му ја мислиш дали да одиш од другата страна на улицата оти си видел две или три така поголеми кучиња да не речам магариња. Стварно не ми се јасни поборниците за правата на кучињата, зошто да биде успивани т.е убивани, а зошто да не за твојата безбедност да не те фати страв кога ќе видеш поголемо куче, значи работата е за кучињата затоа што се опасни, јас сум за да има мачки по улиците барем ако не за друго ловат поголем дел од штетниците како змии или скачки на пример и кога ќе видиш мачка воопшто не се плашиш. Како би било сега кога волци или мечки би имало така по улиците да тогаш сите ќе викате страшни се убијте ги, ама за кучиња кои се со големина на волци ништо не е страшно тоа било нехумано, која логика е тоа стварно незнам.
 

bowl

.
Член од
30 јануари 2007
Мислења
8.344
Поени од реакции
1.307
@Lu

Значи ти уствари викаш дека кучињата за ништо не се криви и апсолутна ја оправдуваш секоја нивна постапка. Се е тоа по некоја друга кривица, шознам трауми од детството, кучињата уствари сакаат да идат на факултет па да работат фамилија да основаат али неможат од луѓето. Значи кога ќе ми се пушти некое куче ја треба да помислам, аа, кучево го тепале ко мало, еве ти куцо гризни ме.

Очигледно дека ти е поматена секоја логика, затоа што имаш куче, приврзана си со него и тоа е океј, али треба да има граници и неможеш да кажуваш дека треба на човекот(што е супериорно суштество на планетава) да му е страв да иде навечер по улици ради некое бескорисно куче што само сере и лае по улици.

Убаво си ги решиле на друго место проблемите, собрале се што цивка надвор и го однеле на фарма(го утепале). Ако нема улични кучиња, кучката дома нема кој да ја ебе надвор, ќе си ја париш со друго куче, копилињата што ќе се родат или ќе ги чуваш, ќе им бараш друг газда или ќе ги однесеш на фарма во село(закопаш во двор) Просто и едноставно, али планетава стана попедерска и од Рики Мартин па мора да им праиме куќи на кучињата дур има бездомници што спијат под мост на железничка. Трагикомедии.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Тие што се против ова очигледно никогаш не биле бркани од кучиња. Мислат дека сите кучиња надвор се како тие што ги чуваат дома, мали кафеави крзнени топчиња што ти ја враќаат топката ако ја фрлиш во ходникот.

Да се разбереме, овие надвор кучињава се полни со зарази и не само што има опасност да те касне туку не знаеш ни која болест ќе ти се падне на бинго од убодот. А со нивните заби кога веќе гледаме дека групаат коски без поголем напор не е тешко да се претпостави што би се случило со нашата коска од нога или од рака. Четири години поминував откај Рекорд со стравови од тие исполегнатите кучишта таму, навидум мирни ама другарка ја бркале цел чопор, среќа влегла во влез во зграда.

Не знам што сте толку против успивање, ниту го боли ниту ништо а и подобро за него. Ќе му се скратат маките да не седи гладно и да чека во локалниот контејнер некој да го фрли расипаното месо.
 
L

Lu

Гостин
Ако така велите дека ќе им се скрателе маките на уличните кутриња со тоа што ќе се убијат,тогаш зошто не им ги скратат маките и на луѓето бездомници со тоа што ќе ги успијат?Ем нема да ги боли ем ќе си се спасат од маките.
Па знаете и луѓето се греота така да чекаат на локалниот контејнер некој да фрли нешто расипано за јадење.
Како на вас што ви сметаат уличните кучиња така мене ми сметаат и бездомниците луѓе што се мавтаат по улици.Нив кога ќе ги соберат и однесат на планина,тогаш нека ги соберат и уличните кучиња.
 
Член од
6 октомври 2009
Мислења
49
Поени од реакции
6
Ако така велите дека ќе им се скрателе маките на уличните кутриња со тоа што ќе се убијат,тогаш зошто не им ги скратат маките и на луѓето бездомници со тоа што ќе ги успијат?Ем нема да ги боли ем ќе си се спасат од маките.
Па знаете и луѓето се греота така да чекаат на локалниот контејнер некој да фрли нешто расипано за јадење.
Како на вас што ви сметаат уличните кучиња така мене ми сметаат и бездомниците луѓе што се мавтаат по улици.Нив кога ќе ги соберат и однесат на планина,тогаш нека ги соберат и уличните кучиња.
Твојата хуманост на дело! Да се успијат бездомниците :) Немаат среќа како тебе бездомниците, да шетаат намирисана пудла, маникирана со розе панделка... Ехххх...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom