Да има и такви кучиња кои се болни и поради медицинскиот третман кој е скап најверојатно се еутоназираат. Но пријател тоа е реалноста, а дали си се прашал кој е виновен за таквата реалност. се разбира човекот.
Пр.: Еден сопственик кој чува кучка несака да даде пари да ја стерилизира, и во меѓувреме кучката е трудна и раѓа мали кутриња. Гадот незнае што да им прави несака да ги чува од Х причини, ги одгледува до одредена возраст и ги пушта - исфрла на улица. Тие се приморани да се снаоѓаат како знаат некои ќе имаат среќа да се вдомат, а некои ќе опстануваат јадејќи остатоци од храна по контејнерите низ градов, кои исто така се расфрлани и несредени од човекот ( кој е најгнасно животно), така од прлјавштините кучињата добиваат шуга и им паѓа влакното.
Прво прашај се за причините од каде е настаната целата оваа ситуација.
Е сега кој да го ништи човекот кој исто така е гнасен, первезеен и незнае да живее во согласност со природата. не дојдоа кучињата и др. животни да ни ја окупираат територијата туку ние им ја земавме нивната животна средина, и ние ги направивме верни пријатели. Колку едно куче ако е болно или гладно кога ќе го слушне гласот на човекот кој му се обраќа со милост сепак ќе мафта со опашката во знак на радост. Што ние направивме за нив?
Колку рсторани во Скопје фрлаат храна во текот на еден ден зошто истата не се селектира и не им се дава на кучињата во стационарот? Ама поубаво е да се фрли одколку да се искористи затоа ние како општество сме таму каде што сме, а другите општества ќе одат напред зашто размислуваат напред. Проблемот со бездомните кучиња не е изолиран туку многу фактори се причинители.